Број 3279  вторник, 11 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Холанѓанец претепан во Белград, оти пеел „Македонско девојче“

Во главниот град на Србија две момчиња претепале холандски државјанин без никаква причина

Холандски државјанин со словенечко потекло бил претепан во центарот во Белград, по што со тешки повреди бил пренесен во болница. Триесет и четиригодишниот Холанѓанец бил нападнат од две момчиња, пишуваат српските медиуми. Тамошната полиција уапси еден од напаѓачите, против кого е поднесена кривична пријава. Според претепаното момче, тој бил нападнат без никаква причина, односно затоа што одејќи по улица, ја пеел песната „Македонско девојче“.

Порталот Б-92 објави дека инцидентот се случил во неделата околу полноќ во близина на хостел во Нов Белград, кога Денис Брезавшчек бил пресретнат од две момчиња. „Ме прашаа ‘од каде си, не си одовде, од каде си‘. Им реков дека сум од Холандија и станаа агресивни спрема мене. Одев кон хостелот и ја пеев ‘Македонско девојче‘ и веројатно не им се допадна тоа“, вели Брезавшчек.

Според неговото кажување, двете момчиња го турнале на земја и го шутирале се' додека не наишле двајца полицајци, по што почнале да го молат да не ги пријавува. Брезавшчек ги повикал своите пријатели, кои го однеле во Ургентниот центар, каде му биле констатирани скршеница на левата бутна коска, поради што е задржан на лекување. Од Ургентниот центар известија дека неговата здравствена состојба е стабилна.

Еден час по инцидентот, белградската полиција го уапси 21-годишниот Ѓуро Р., кој го предизвикал инцидентот. Против него е поднесена кривична пријава, пишуваат српските медиуми. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 3506 пати.

Испрати коментар

Од: Déjà Vu
Датум: 11.05.2010 11:30:19
Ха! Вакви вести се можни само на Б-92! Колку што ми е познато, Бројот 92 беше долгогодишниот телефонски број на Милицијата во поранешниот систем! Во екот на најголемата Антисрпската пропаганда во Македонија во ’90 години, на државното радио РТС (Белград) ечеше „Македонско девојче“, но и „Калеш Анѓо“, „Бело лице љубам јас“... Дебили има секаде! Како овде, така и таму!
Од: Komentator
Датум: 11.05.2010 17:46:23
E pa mora da go pretepale zosto ubavo ne ja ispeal ...Holandanec.. pa ke pee na Makedonski..ni ja rasipa pesnata.....Gledajte luge...kolku Srbive se grizat za nas ...kako komsija za komsija ...ma da ni zivee kozata a ne da crkne...zosto i toj si ja podmolzuva...!!!.

Најди! во Утрински
Хроника
Вештачењето на хеликоптерот ќе биде сложена работа
Син ја убил мајка си, па пријавил дека починала од природна смрт
Прилепчанец пријавен поради дрога
Сведок го препозна обвинетиот за пет убиства
Маскирани лица ограбиле гостиварец