Што прават денеска
Еди Хашимбеговиќ
тениски тренер и менаџер на ТК „Еди Вега“
Денот му почнува со утрински џогинг на кејот на Вардар, а потоа се подготвувам за часовите во тениската школа „Еди Вега“ на терените на „Александар Палас“. Школата е штотуку отворена и на почетокот на седмицата ги правам плановите и програмата која ќе се реализира во текот на неделата. Попладнето ми е резервирано за пријателите со кои пиеме кафе и играме тенис.
Ненад Милосавлевиќ
бармен
Покрај стандардните работни обврски во казиното „Фламинго“ во Гевгелија, особено сум ангажиран околу подготовката на трката на бармени и келнери што ќе се случува в четврток. Тоа треба да биде доживување за целиот град, а ќе се случува на плоштадот на Гевгелија на 13 мај, од 12 часот.
Синиша Павлевски
филателист
По успехот на меѓународната филателистичка изложба во Антверпен, каде што за моите колекции на марки „Папагали“ и „Петли“ освоив сребрен и бронзен медал, се подготвувам за учество на Европската изложба во Париз. Оваа изложба ќе се одржи на 10 јуни, а ќе се појават најпознатите колекционери од Европа. |