Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Кристијан Стефановски

менаџер

Деновиве сум целосно посветен на подготовките околу најновото издание на летниот фестивал „Скрим“, што ќе се одржи на 31 јули на плажата „Парк“ во Охрид. Засега се потврдени настапите на „Прљаво казалиште“, „Дивље јагоде“, ЕКВ и „Морал“, а во преговори сме со уште неколку групи. Во секој случај, ќе има уште изненадувања...

Билјана Јанкуловска

портпаролка во ЈСП

Понеделнички ме очекува утринскиот колегиум во претпријатието, а по него и гостување во емисијата „Раноден“ на телевизија А1. По враќањето следуваат вообичаените работни обврски, меѓу кои за денеска е планирана и регистрацијата на новите автобуси на ЈСП. Во попладневните часови одам на прошетка и кафе со пријателите.

Влатко Лозаноски-Лозано

пејач

Во последниов период цело внимание ми е насочено кон подготовките и снимањето на песните што ќе се најдат на мојот нов албум, кој ќе излезе кон крајот на годинава. Во план се и неколку соработки со големи музички имиња од македонската сцена, но и од соседството. Остатокот од времето е резервиран за интервјуа по повод излегувањето на новата песна „Кога мене ќе ме немаш“.


#
Најди! во Утрински

"""