Брoj 2806  среда, 08 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Се дружите со постари и искусни лица. Потребни ви се нивната помош и советите, бидејќи чувствувате тензија од која сакате да се ослободите. Нешто ве мачи, дали тоа е здравјето или емоциите - откријте сами.



Бик

Во фаза сте на размислување како да ја подобрите финансиската ситуација. За да го остварите тоа, можеби најдобро би било да почнете со рационално трошење. Побарајте совет, можеби некој и ќе ви помогне. Посветете се на партнерот.



Близнаци

Повеќе зборувате отколку што работите. Чувствувате дека се' е против вас. Размислувате во погрешна насока. Причини за тоа има безброј, една од нив е дезорганизираноста и големата подложност на влијание отстрана. Бидете трпеливи, се' ќе се среди.



Рак

Бидејќи сте ранливи, повлечете се, зашто само така ќе се чувствувате сигурно. Одлично соработувате со Близнаци, бидејќи од нив имате што да научите. Помалку сте себични кон пријателите, но не е в ред да го трошите времето на лица кои не ви се по мерка.



Лав

Ова е одличен ден за вас. Се' ви е едноставно. Акцент ставате на работата и финансиите. Бидејќи сте во фаза на експанзија, само продолжете со тоа темпо. Имате поддршка од Стрелец, тој е во право за многу работи. Послушајте го.



Девица

Доколку сте во ситуација да убедувате некого, знајте дека нема да биде лесно. Ќе ги реализирате сите професионални планови. Трпеливи сте, затоа и ги средивте проблемите со партнерот. Намалете ги цигарите и внимавајте на исхраната.



Терезија

Вестите од странство може непријатно да ве изненадат. Многу работи во последно време ги доживувате стресно, затоа и нервозата е честа појава. Бидејќи здравјето е кревко, мора повеќе да се релаксирате. За почеток реагирајте со главата, а не со срцето.



Скорпија

Благодарение на упорноста ќе остварите се' што сте замислиле. Бидејќи претерувате со критикување на другите, не би било лошо да се свртите кон сопствените грешки. Искористете ја смислата за дипломатија и со малку итрина ќе постигнете многу.



Стрелец

Доколку навлегувате во конфликти со лица кои имаат спротивни ставови од вашите, не само што ништо нема да постигнете туку и ќе се нервирате. Во фаза сте кога немате на што да се пожалите, па почнувате да ги измислувате проблемите. Внимавајте на храната.



Јарец

Немате причина да се жалите, се' се одвива како што сте замислиле. Малку зборувате, друштвото не ви одговара, а осаменоста ве излудува. Мора да бидете пофлексибилни во односите со другите. Дружете се со Лав, единствено тој ќе ви ја врати самодовербата.



Водолија

Овие денови сте чувствителни на влијанијата отстрана. Можни се нагли бранови на нервоза и незадоволство, иако немате конкретни оправдувања за нив. Вооружете се со трпеливост ако сакате да ја пребродите кризата.



Риби

Од сите страни наоѓате зборови на охрабрување и поддршка. Работите не се баш сјајни како што изгледаат на прв поглед, но може да побарате помош од блиските. Не занемарувајте го нивното мислење. Партнерот ќе направи се' за да ве усреќи.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ