Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп

Овен



Доколку и понатаму се брзате кога станува збор за работата, лесно може да го исцрпите организмот, па дури и да му наштетите на вашето здравје. Непријатностите ви се подложни од многу страни. Може да се случат проблеми со законот кои, пред се' финансиски, ќе ве оштетат. Бидете повнимателни во се'.



Бик



Ве очекува успешен ден на сите полиња, па дури и кога станува збор за најпроблематичниот дел во вашиот живот, финансиите. Работата и љубовта се на чекор до свое конечно разрешување, па освен задоволството со соработниците, ви се овозможува и да проживеете убави мигови со партнерот.



Близнаци



Средувањето на односите со околината и решавањето на емотивниот проблем ќе бидат основите работи кои ќе ви го одбележат денот. Конечно, ќе се одлучите да направите еден чекор повеќе од предвиденото и со тоа да го забрзате процесот на решавање на она што ви создава мака во изминатиов период.





Рак



Се нервирате и повеќе отколку што треба. Бидејќи ситуацијата во која се наоѓате бара од вас да намалите со темпото на живеење, би било подобро да се осврнете на друг вид активности кои, пред се', ќе ве направат да се чувствувате посилни. Доколку успеете да се изборите со вашата тврдоглавост, резултатите ќе дојдат побрзо од очекуваното.



Лав



Моментално се' ви поаѓа од рака, и љубовта и парите. Внимавајте како варирате со тежината и обидете се да внесувате повеќе здрава храна. Незаборавните моменти ќе го одбележат денот и ќе влијаат да се чувствувате одлично во друштво на саканото лице.





Девица



Желбата за доминација е нешто од кое ќе се водите во текот на целиот ден. Околината ќе се обиде да ве игнорира кога се буди шефот во вас, но вие умеете да се изборите за она што го сакате. Свесни сте дека располагате со голем квалитет, но тоа не мора секогаш да значи дека треба да се натпреварувате со другите.





Терезија



Доколку продолжите да функционирате со иста динамика, прво на удар ќе биде вашето здравје кое во моментов е многу чувствително. Обидете се на секој начин да го санирате овој проблем. Најлесен начин да работите на себе е да го пронајдете духовниот мир и да постигнете внатрешна рамнотежа.



Скорпија



Вашето здравје е на одреден начин загрозено. Причините за тоа ги има безброј, но ако подобро погледнете ќе сфатите дека не е се' така црно како што ви изгледа на прв поглед. Можеби и претерувате кога пред вас си поставувате цели кои не можете да ги завршите во зададен рок. Не важи секогаш правилото дека Девиците можат се'.





Стрелец



Многу од припадниците на овој знак ќе се соочат со проблеми за кои нема да можат да го изнајдат соодветното решение. Бидејќи природата ве создала како големи оптимисти, а околината ве сака, нема да ви биде проблем да успеете да најдете соодветно решение. Сетете се дека секогаш во животот се случуваат негативни и позитивни осцилации.





Јарец



Се наоѓате во елемент, што значи де��а вредно работите и љубоморно ја чувате тајната на успехот само за себе. Како соработник сте навистина корисни и соработниците уживаат да бидат во ваша близина. Штом ќе се постави прашање за престиж, не сакате да ги откриете вашите адути. Имате право тајната да ја чувате за себе.





Водолија



Сознанието дека некој ве измамил се' уште остава болни траги за вас. Се' уште не можете да ја прифатите ситуацијата, но соочувањето е најголемата доблест која лично ја поседувате. Меѓутоа, планетите ветуваат дека наскоро може да очекувате позитивни промени и на расположението и на хармонијата со е себеси.





Риби



Се' укажува на тоа дека на моменти знаете да бидете вистински мазохисти кон другите. Постојано се стремите да ја надминете баналноста и просечноста кај вас и кај луѓето. Мора да разберете дека не се сите предодредени да бидат број еден каде и да се појават или што и да направат.















Најди! во Утрински