Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Писма

Веќе видено и непотребно (Повод: кон иницијативата за основање меѓународен културен ТВ-магазин)

Сталин Лозановски, пензиониран новинар на МРТ

Среќен миг е кога ќе се појави некоја нова иницијатива, особено во културата, но вистинска несреќа е кога со неа се уништува нешто што веќе постои. Деновиве со голема политичка помпа, со учество на министри и официјални државници од десетина земји на Југоисточна Европа, и со еден спектакуларен демарш на дипломатскиот претставник на Грција кај нас, се промовираше идејата за основање меѓународен културен ТВ-магазин. Вистинските иницијатори не беа обелоденетиi, но беше јасно дека зад идејата стои Министерството за култура, значи државата РМ и беше срамежливо најавено дека тој би се емитувал преку „некоја телевизија со национална концесија“.

Јавноста знае дека 15 години во балканскиот ТВ-простор се емитува „Балкански ТВ-магазин“, како единствен (за жал, се' уште) заеднички проект на јавните телевизии од земјите на Балканот. Идејата и концептот од страна на долупотпишаниот и со логистичка поддршка на МРТ, беа официјализирани на 25 октомври 1994 година со формирањето конзорциум - заедничка редакција за реализација на проектот. Според доста едноставен, но буџетски скромен и уникатен рецепт (секоја ТВ подготвува петминутен прилог на однапред договорена тема и потоа комплетната емисија секоја национална телевизија ја емитува обработена на свој јазик), се дојде до квалитетен и значаен меѓународен копродукциски проект. Досега се реализирани над стотина емисии, голем дел и на теми од културата, а таа соработка резултираше и со уште стотина музички и неколку спортски балкански магазини. Голем број од емисиите, на англиски јазик, беа емитувани и преку сателитскиот канал на Европската комисија, со што содржините станаа блиски и до европската јавност. Во одредени периоди во реализацијата на емисијата учеству��аа дури 10 јавни телевизии од балканските земји, меѓу кои постојано, многу активно и без никакви проблеми и грчката ЕРТ-3! Целата балканска, па и поширока јавност, за проектот се изрази најпозитивно, го поддржа и нагласи дека со него телевизиските работници успешно и ефикасно ги надминаа политичките бариери меѓу традиционално недоверливите балкански земји. И сега наеднаш, тоа не постои, да смислиме нешто ново.

Некоректно, непрофесионално и апсурдно. Се занемарува успешното 15-годишно постоење, наместо да се вложат напори за негово осовременување и зачестено емитување (месечно, наместо на два месеца, каква што е сегашната практика). Се заборава и прескокнува досегашниот носител на проектот (МТВ), зашто ако зад новата иницијатива стојат институциите на државата (министерствата), би било логично таа и понатаму да се реализира и емитува преку јавниот сервис на државата, кој и така има дадено огромен придонес во афирмацијата на националната култура, а не во име на плурализмот во овие сфери, да се отвора ново буџетско изворче за традиционалните цицачи на буџетски средства.

Значи, освен што оваа „нова иницијатива“ е веќе видена и позната, таа е и непотребна од едноставна причина што на македонските творци (како и на другите од земјите на ЈИЕ) им е далеку попотребно и покорисно своите остварувања, проблеми и искуства да ги прикажат и разменат со оние од поширока Европа, а не и понатаму да се затвораат во балканската културна крчма, сега затскриена под географско-политичкиот поим Југоисточна Европа. Па нели, постојано слушаме дека нашето интегрирање во Европа е веќе готова работа и зошто ни се нови регионални себеограничувања?! И во тој дел Македонската ТВ има големи и добри искуства, бидејќи повеќе години активно и успешно партиципираше во неколку европски културни ТВ-проекти (Арте, Беладона и други), за кои прилози подготвуваа автор(к)и кои и денес се во активниот работен состав на МРТ. Конечно, во одбрана на „Балканскиот ТВ- магазин“ и во изнаоѓање извори за негово натамошно осовременување и продолжување (како оваа државно-министерска акција) треба поактивно да застане самата МРТ зашто, пред се', таа полага одредено авторско право на името и концептот на ова нејзино ТВ-дело. Освен ако и тоа не е дел од „стратегијата“ да се уништи и забатали се' што е вредно и е дело на претходниците, па макар со тоа и да се потврдува самоуништувачкиот тренд против сопствената традиција.

 


Статијата е прочитана 374 пати.

Испрати коментар

Од: MRT
Датум: 14.03.2009 21:28:11
Lozanovski,do zbor si vo pravo.Megjutoa,nasata drzava ja vodat antimakedonci i nivnite trabanti vo Makedonskata radio televizija.Na prsti mozat da se nabrojat malubrojnite ostanati,omrazeni i sikanirani od ovaa nepismena bratija ,poradi toa sto i sega pred kraj na svojata uspesna kariera,nemaat namera da si go valkaat obrazot so ovaa vmroovska gnasotija.

Најди! во Утрински
Писма