„Офис 2010“ и на нашиот пазар
Програмскиот пакет „офис 2010“ на информатичката компанија „Мајкрософт“ е достапен и на македонскиот пазар. Новите карактеристики што ги поседува овозможуваат поефикасно и побрзо компјутерско работење, велат од „Мајкрософт Македонија“. Меѓу другото, со новиот „офис 2010“ се овозможува истовремено повеќемина да работат на ист документ, подобрено е и следењето на поврзаните електронски пораки, па така, со еден клик може да се видат сите пораки и коментари на одредена тема. Новата верзија на пакетот „мајкрософт офис“ нуди можност презентациите да им се прикажат и на клиентите што не се присутни во просторијата каде што се одвива презентацијата, а овозможува и работа без вклученост на Интернет, во „SharePoint Workspace“.
Ново во „офис 2010“ е верзијата „стартер“ за програмите „ворд“ и „ексел“ со основни функционалности, кои составувачите на компјутери можат бесплатно да го инсталираат на нов компјутер на кој има оригинален оперативен систем „виндоус 7“. Сите инсталациски датотеки за „офис 2010“ се на новиот компјутер, но отклучен за работа е само „офис стартер“. Корисникот со купување на Product Key Card и внесување на клучот од картичката може да ги отклучи и другите функционалности. (Ек.Р.) |