Број 3320  среда, 30 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија
Нов рок за сметките без плаќање камата

„ЕВН Македонија“ им дава на своите потрошувачи дополнителни седум дена за да ја платат мајската сметка за потрошената електрична енергија, без да пресметува камата. „Корисниците што ги добиле сметките на истиот датум кога истекува рокот за плаќање, или порано или подоцна од тој рок, нема да бидат оштетени, бидејќи ЕВН им дава уште седум дена за плаќање на фактурата, без притоа да наплатува камата“, информираат од компанијата. Во соопштението се вели дека ова се прави со цел да се продолжи коректниот и заемен однос меѓу компанијата и корисниците, како и поради тоа што овој месец е транзициски, се прави премин од стариот во новиот наплатен систем, а сметките за прв пат се дистрибуираат по новиот начин на испорака преку „Македонска пошта“. „ЕВН Македонија“ апелира до корисниците, кои од какви било причини нема да добијат фактура, да се јават во Центарот за односи со корисниците или во приемните канцеларии во Корисничките енергоцентри за да побараат да им биде издадена фактурата. Со тоа треба да се коригираат евентуалните недоразбирања.

#
Статијата е прочитана 1300 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 30.06.2010 08:12:42
Noviot na;in na presmetka kako i pojava na nepostoe;ki dolgovi e nacin da se ograbat graganite.
Од: Robert
Датум: 30.06.2010 08:15:07
Ова е во ред. Сега како голем проблем се јавува тоа што Македонски пошти, односно поштарите вработени кај нив не се многу агилни и не вршат навремено доставување на сместките. Ние (корисниците) неможеме секој месец да стоиме по неколку часа на пунктовите на ЕВН за да бараме издавање на сметки и нивно плаќање. Токму поради тоа , а и поради фактот што се случува да неможе навремено да се плати сметката (годишни одмори -отсуство или болест на корисниците - посебно за самците или за постарите лица), потребно е да не се воведуваат многу строги мерки за задоцнето плаќање. Конечно, доколку некој е редовен плаќач, и сега закаснил за некоја сметка од горенаведените причини, не треба да се казнува (да не се плаќа камата и да не се исклучува ел.енергија). Затоа предлагам да се води сметка за ваквите корисници и да се гледа статистички колку некој е редовен во плаќањето.
Од: viola
Датум: 30.06.2010 10:20:02
Господинот Роберт е сосема во право. За ажурноста на поштите и поштарите што да се каже? Оставаат пошта по туѓи сандачиња во згради или било каде ако воопшто ги остават, а во куќитеги фрлаат по дворовите или кај комшиите или по скалите???? Исто така, за постарите или болните граѓани или самците треба да се воведат посебни начини на наплата. Во врска со последните сметки што ги добивме. некои граѓани сватија погрешно дека тоа е заостанат долг. Втората сметка беше пример на тоа како изгледа новата сметка и што таа содржи и како пример беше ставен виртуелен заостанат долг. Првата сметка (белата без црвени букви), е вистинската.
Од: Џони
Датум: 30.06.2010 10:26:40
EVN има многу коректен однос со потрошувачите, им честитам. Со последната сметка ни дојде заостанат долг од 10 000 денари, а имаме само една неплатена сметка (за последниот месец) од 1400 денари. Од што имаат многу коректен однос татко ми ќе мора денес да се објаснува со нив по шалтерите, ама по мене изгледа заслужуваат тужба да добијат. Така само ЕВН, измислувај си заостанати долгови и наплатувај си ги сега со извршители (план на владата на ВМРО ДПМНЕ без претходно судија да не праша за што се работи) и гради ги добрите односи со клиентите.
Од: jas
Датум: 30.06.2010 11:03:46
Narode dodeka ne se splotite i ste razedineti gi gledate samo licnite interesi ne se solidarizirate so svojot narod taka ke ni pravat site nas nikoj ne ni plaka za zadocnetite plati kamati zamislete nikoj da ne plati smetka za struja mesec dva kolku ke se opametat ovie od EVN i ke svatat deka imaat umen narod kako partner
Од: Komentator
Датум: 30.06.2010 13:13:29
Ako EVN saka da mi zeme kamata za nejzina faktura koja mi docni poradi neazurnosta na X pricini..sekako se laze....ke odime i do Strazbur za taa nepravda...zatoa onaa glupost od nepotrebni toni hartija i koverti ..da ja zameni so expeditivna so potpis vracena fakture ako saka sekoj cesen gradanin da ja plati fakturata na vreme ...!!
Од: tanja
Датум: 30.06.2010 14:29:57
Za dva dena zadocnuvanje (smetkata za maj) mi naplatile 2 denari. Seaga na smetkata za juni, odnosno za nekoj period stoi deka treba da ja platam do 5 juli. Se prasuvam koj vo drzavava zima plata do 5 vo mesecot. P.s. Kolku za ilustracija za mesec i polovina mi naplatija suma EVN mi naplati recisi 6.000 denari, a prosecno za eden mesec smetkite mi iznesuvaat okolu 2.600. Mislam deka jasen e grabezot,. no koj moze da dokaze? NE RABOTAT KAKO SAKAAT!

Најди! во Утрински
Економија
Големите ќе штедат, ние упорно трошиме
Кенгурски скок“ со ЕУ и НАТО
Бугарска „Софика груп“ со инвестиција во Македонија
Саркози ќе крати во администрацијата
Во Атина пак се судрија полицијата и демонстрантите
Продолжуваат отпуштањата
Мизо
„Офис 2010“ и на нашиот пазар