Број 2861  сабота, 13 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Вонредните парламентарни избори не' чинеа 3 млн. евра

„Платите“ на изборната администрација изедоа 1,6 млн. евра

Вонредните парламентарни избори што се одржаа на 1 јуни годинава ја чинеа државата 186 милиони денари или малку повеќе од три милиони евра.

Вака пресметала Државната изборна комисија, која шест месеци по предвремениот натпревар за пратеници конечно поднесе писмен отчет до Собранието со финансиски преглед за сите трошоци. Извештајот, според Изборниот законик, треба да биде објавен и на веб-страницата на ДИК www.dik.mk.

Во отчетот на ДИК, меѓу другото, стои дека „платите“ на изборната администрација изеле половина од вкупните трошоци. На оваа ставка ДИК префрлила најмногу пари, 99 милиони денари или 1,6 милиони евра. Станува збор за надоместоци и за превоз на денот на изборите што се исплатени на претседатели, членови и на заменици во 84 општински комисии и во 2.976 одбори.

На изборниот материјал, печатење гласачки ливчиња, повеќејазични обрасци, листи на кандидати, упатства и записници, примена на двојазичност, прегласување... се потрошени 67 милиони денари или 1,1 милион евра.

Во вкупниот изборен трошок влегуваат и 6,5 милиони денари за компјутерскиот центар, прес-центарот и помошното тело на ДИК, како и 14 милиони денари за организаторите на изборната кампања.

Во документот што треба да го разгледаат пратениците, Државната изборна комисија нагласува дека била штедлива и дека „рационално и економично ги реализирала буџетските средства“.

Од одобрените 250 милиони денари, за изборите 2008 се потрошени 186 милиони денари, односно 74,4 проценти. Тоа значи дека се заштедени еден милион евра кои вообичаено се враќаат во Буџетот.

Колку за споредба, за редовните парламентарни избори во 2006 беа предвидени 3,7 милиони евра, а потрошени 1,9 милиони евра. Најскапите избори ќе се случат наредната година, затоа што ќе имаме двоен циклус, претседателски и локалн�� избори во еден ден и можност за втор круг. Затоа ќе бидат потребни повеќе пари. За ова гласање во најновиот и досега најтежок народен паричник се предвидени дури 400 милиони денари или 6,5 милиони евра. (К.Ч.)


Статијата е прочитана 289 пати.

Испрати коментар

Од: МК
Датум: 13.12.2008 02:05:47
Значи эа државата на чист демократски начин да иэбери свое раководство кое во процесот би ја чинело 3 мил евра, эа да эаштеди пари како што потенцира и Утрински во колумната. јас би предложил да го наэначиме Бранко Црвенковски эа крал... тогаш државата секои 4 години би штедела по 3 мил евра а ние ќе си имаме крал и воедно ќе живееме во кралство.. со тоа би покажале и компромис во проблемот со името кое го има Грција и наместо Република Македонија ќе бидеме Кралство на Македонија... Но попрво ќе пресуши Вардар него кога Б.Ц ќе се врати повторно во политиката по эавршувањето на неговата функција како предавник т.е. преседник на РМ.
Од: Bitola
Датум: 13.12.2008 09:08:32
E zatoa JP Strezevo od zlatna firma vo Bitola ja napravija PUSTOS,pred izbori zaposluvaja za glasovi vmrovcite i sega nemozime da zemime plata ednas na tri meseci.
Од: Trajko
Датум: 13.12.2008 23:46:52
Mnogu e zalno shto posle 30 meseci na vlast dpmne-ovcite se zamisluvat deka se ushte se opozicija.Namesto da se fatat za ozbilna rabota tie samo kritikuvat.Pa neli pogolem procent od mediumite se nivni poslushnici

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Повторно уреднички смени во Канал 5
Правила за медиумски настап на изборите