| Правила за медиумски настап на изборите  Советот за радиодифузија на Република Македонија на вчерашната седница го усвои Предлог-правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања за локалните и претседателските избори и отвори јавна расправа за текстот на правилникот.
 Текстот на Предлог-правилникот ќе биде достапен за јавноста во електронска форма на веб-страницата на Советот за радиодифузија од понеделник, 15 декември.
 
 Советот ги повикува медиумите, политичките партии и другите заинтересирани субјекти да се вклучат во јавната расправа за правилникот и своите забелешки и сугестии да ги достават на неговата адреса, по факс или по електронска пошта, најдоцна до 16 јануари идната година.
 |