За карактерот на Владата на Груевски најмногу говори начинот на справување со штрајкот на образованието
Начинот на кој Владата на Никола Груевски се обидуваше да се справи со штрајкот на вработените во образованието најмногу говори за нејзиниот карактер. Не се потребни политички анализи. Доволно е да се погледне кон кои инструменти на моќ прибегна таа кога се соочи со барањата за кои таа сметаше дека не треба да бидат задоволени. Во овој случај беа следните:
Прво, нејзиното владеење на правото се сведува на непризнавање на уставно гарантираното право на штрајк на вработените. Нејзиниот министер за образование бесрамно излегуваше на телевизиите и објаснуваше дека со Законот за образование, наставниот процес не смее да биде прекинат освен во некакви вонредни услови и тоа по претходно одобрение од негова страна! Човекот или не знаеше што зборува, па јавно кажуваше дека уставното право на штрајк во образованието е укинато со понизок акт од Уставот или манипулираше. Што и да е, тој си го зел правото јавно преку медиуми да говори дека никој нема право да го прекинува образовниот процес, бидејќи им се нанесувала штета на децата и на нивните родители. Според таа логика, треба да се забранат и штрајковите на контролорите на летањето во сообраќајот, на службениците во судската администрација, односно воопшто правото на штрајк и на протест за да нема последици врз страната што не е вклучена во судирот. Ама нему и на Владата толку им сече. Кога тие со неколкумина од квазиневладината „Светлина“ неколку месеци го блокираа сообраќајот во Скопје, тоа за нив беше оправдан демократски протест за кој блокираните граѓани во сообраќајот мораа да имаат разбирање. А сега, кога се власт, се потресени за „штетите и загубите“ што еден ваков штрајк може да им ги нанесе на учениците. Ако малку размислат, ќе се сетат дека штрајкот како едно од основните синдикални права и инструменти е начин за привлекување внимание на јавноста за некој проблем што треба да биде решен и за принудување на надлежните сериозно да се зафатат со неговото решавање. Ако со штрајкот не се попречува или не запира работниот процес, тогаш тоа не е штрајк. Тоа е зафрканција како онаа што ја правеа вработените од јавниот сервис на МТВ кои имаа слајд на кој не' информираа дека штрајкуваат, а потоа со часови имаа програма во која ја фалат Владата. Затоа и во ништо не успеаја. Зборот штрајк е германски и значи удар, а кај нас долго се преведуваше како прекин на работата и навистина е тоа. А, ако некој тврди дека поради интересот на учениците, наставниците немаат право да ја прекинат работата, тоа значи дека им кажува дека немаат право на штрајк, дека власта укинила право кое работниците го изборија уште во 19 век.
Второ, со платени огласи на телевизиите и со агресивна кампања, за која трошеше над 80 илјади евра секој ден, Владата се обидуваше да ги дискредитира штрајкувачите и нивниот синдикат со тврдењето дека се добро платени и дека бараат преку леб погача. Без срам и перде, со трошење пари од вработените, како да се говори пред Европската комисија, а не пред оние кои секој ден гледаат колку плата добиваат, се тврдеше дека просечната плата во образованието изнесува над 18 илјади денари и дека откако таа е на власт ги зголемила платите во образованието за над 30 отсто. Наставниците и професорите покажуваа документи дека не просечната, туку највисоката плата изнесува 15 илјади денари, дека дел од вработените во образованието работат и за 6.000 денари месечно или добиваат само по три евра дневно, а дека над 8.000 од вработените во образованието работат со договор за дело и постојано стравуваат за своето работно место. Но, власта е убедена дека располага со инструменти да покажува кој е кој во државата и дека јавно соопштуваните лаги од нејзина страна се легитимен инструмент за одбрана.
Трето, власта се закануваше. Таа им го цитираше на штрајкувачите законот со кој го укинала нивното право на штрајк и јавно објавуваше дека инспекторите за прекршувањето на тој (неуставен) закон можат да изрекуваат казна до три илјади евра за училиштата, дисциплински мерки за директорите и вработените. На директорите на училиштата јавно им порача дека ако итно не го прекинат штрајкот ќе бидат разрешени од функцијата. На 8.000 вработени со договор за дело има порача дека нема да им бидат продолжени договорите и ќе останат на улица само затоа што решиле да штрајкуваат поради ниските плати и понижувачката положба. Тие, според оваа самобендисана власт, можат да штрајкуваат против која било власт, но не и против сегашната, која мисли дека толку многу направила и прави, што заслужува само почит и пофалби. Се' друго е само знак на неблагодарност.
Четврто, во согласност со ваквата своја вообразеност, Владата на Никола Груевски ги стави во погон сите инструменти на својата партизирана држава за прекинување на штрајкот. Режимските новинари, кои се во првите борбени линии за поддршка на Владата, ја презедоа улогата за дискредитација на синдикалните лидери. Полицијата прибираше податоци за улогата на опозицијата во штрајкот. Градоначалниците од владејачките партии, кои ги именуваат директорите на училиштата, имаа за задача да не дозволат во нивните општини да има штрајк. Во погон беа ставени и партизираните одбори на родители, кои имаат улога во именувањето директори. На крајот, беше вклучена и партизираната Унија на средношколци, која им одржа лекции на професорите за несовесност и алчност во услови кога тие, како ученици, непотребно губеле часови кои ќе морале да ги надоместуваат.
Петто, Владата на најмизерен начин бараше разбирање од штрајкувачите поради светската економска криза. Им објаснуваше дека тоа е најголема криза во последните 80 години и не пропушти да им каже дека во многу земји имало отпуштања од работа, што значи дека и во Македонија тоа би можело да се случи. Тоа е истата влада која до вчера ни објаснуваше дека Македонија нема да биде погодена од светската криза, дека нашиот финансиски систем е стабилен, дека таа држи се' под контрола и дека буџетот е најголем во историјата поради порастот на економијата.
Ни останува да се надеваме дека граѓаните гледаат и учат. Ова денес им се случува на вработените во образованието. Утре на бранителите. Задутре на стечајците. Па на текстилците. На вработените во судската администрација и на многу други. Партијата - држава по паѓањето на комунизмот требаше да биде заменета со демократија. Ова, дефинитивно, не е тоа. Ова е враќање на почетните позиции само со нови лица во главните улоги. Разликата е во тоа што денес тоа се нарекува ПРЕРОДБА.
Spasov e ekspert za se. Za obrazovanie, za evrointegracii, za pravo i pravda. Neznam samo kako suka i tegne kori i pravi taratur ama sigurno i za toa go biva. Mora da go biva, ako ne - ke go bide.
Од: aco
Датум: 06.12.2008 00:23:33
vladata da si odi..................i dajte na nepartiski luge da ja vodat ovaa drzava......ovaa vlada ja dokusuri makedonija.............sramota
Од: Сергеј - http://www.otpor.net.tf
Датум: 06.12.2008 00:37:18
Власта во своето ЕПП по телевизиите заборави да каже дека платата на техничкиот персонал во училиштата (кои патем имаат полно работно време од осум часа) е околу 7 000 денари (со хранарина). Освен тоа, од каде дојде таа мудрост да се тврди дека наставниците престојуваат во училиштата три - четири часа?! Или дека имаат четири месеци ПЛАТЕН одмор??? Работното време на наставниот кадар е минимум шест часа дневно, а максималниот годишен одмор - 27 дена. Прашајте кој сакате даскал. Не прашајте го само Министерот за образование, само тој не знае.
Од: do regacioni
Датум: 06.12.2008 01:16:40
tipicno vmrovski - spasov sto napisal ti e kriv. toj samo konstatirase toa sto sekoj intelektualec go vide so svoi oci . najkatastrofalna bese pres konferencjata na bicikliski kaj sto izleze so snimki od branko od dedo noe zaboravajki valjda deka vmro e veke 3g na vlast i sto sakaa da kazat so snimkata osven deka se tokmaci ne mi e jasno. ete branko nemase tolkav budzet ko sto se falite ne go resil prasanjeto i izgubil na izbori , kakva e vrskata negova so VASETO NERESAVANJE na problemite osven sto stalno barate krivci ili kaj sdsm ili kaj fuere ili eu ili grcija a pero ministerot sto lapal honorari po komisii so da praime? aj da vi pustat sdsm snimka kako zborevte za uck a sega ahmeti ve vika dardanci i kutite ko zaliveni a branko ne e patriot vie ste
Од: Petar
Датум: 06.12.2008 07:29:29
Живееме во време на тиквари, наместо квалитетни и непартиски кадри...
Од: Ника
Датум: 06.12.2008 08:26:02
Просветните работници ги прочитаа мотивите на сонк и власта, штрајкот им избега од контрола, па излезе на виделина се она што е погоре наведено.
Од: krste
Датум: 06.12.2008 08:33:27
Nesto strasno ni se slucuva vo drzavata .koga ke sfatime sto e ke bide kasno za site ,za zal.Toa sto si zasluzuvame toa si imame
Од: saso ristov
Датум: 06.12.2008 08:50:57
sramota e edna makedonija da ima eden profesor sto ke gi obrazuva studentite kako sto e gospodinot spasov.Bev na tribinata vo Berlin kade sto gospodinot spasov bese gostin.Celokupniot auditorium vo salata mu se smeese na negoviot govor za sostojbite vo makedonija.Takov govor na omraza kon sopstvenata drzava ne sum slasnal ni koga e predizborie vo makedonija.So eden zbor zasrami se gospodine spasov
Од: kemba
Датум: 06.12.2008 09:49:23
Како прво голем грев на владата е што премногу троши за реклами при што јавна тајна е со тоа ги држи медиумите под контрола.Меѓуто зошто кога некој сака да критикува тоа не го прави реално па да му држи место коментарот. Прво кога штрјковат професорите не ги мешајте хигиеничарите сакајки преку нив да ги жалиме првите.
Второ професорите земат 15000 +2300 хранарина =17 300 ден.
Трето во просек работат 5-6 школски часа по 45 мин.=3.75-4.5 работни часа,па кажетеми дали некаде во приватен сектор даваат хранарина за пола работно време,спрема тоа можиме слободно да речеме дека платата не и м е пониска од 17300 ден плус стаж и титули.
Од: Toshe
Датум: 06.12.2008 13:08:22
Ova sto go citam mi dava edna realna slika na ona sto se slucuvalo za vreme na strajkot, sega svakam kolku mediumite ne se objektivni, sega svakam deka ne treba bezrezervo da se veruva nikomu posebno na prerodbata koja vetuvase mnogu: na povrsina se slucuvase mnogu vnatre nisto!!!Lele samo kolku se custvuvam izmamen, manipuliran i naiven!!Sram da im e na vladava!!Ama ovaa politika sto ja vodi e isplatliva samo na kus rok na dolg rok mislam deka ke ne porazi nas graganjite i nasite so ustav zagarantirani so ustav prava, kako sto sega se slucuva vo Hrvatska!!! Pritisokot odozgora raga frustracija odozdola, ako prodolzi vladata da ne stega ke se sooci so bezredie!!!So boga za Makedonija!!!!
Од: Neda
Датум: 06.12.2008 13:57:52
Spasov e genie, zalam samo, nema komu da mu zbori , kutrive ne razbiraat. Analizata za strajkot e vo red - edinstveno gresite vo procenkata za slednite strajkovi .Tie ce se od ZDRAVSTVENIOT SEKTOR.
Dali znaete kolkavi se platite vo zdravstvoto
Од: KKK
Датум: 06.12.2008 14:45:38
do Regaconi....pa dobro de covece da kazeme deka Spasov ne e ekspert za se...stvarno li ti treba ekspertsko mislenje za da svatis i uvidis deka na site politicki polinja vo ovaa drzava nesto ne e kako sto treba...daj te molam i ti i tie takvite kako tebe simnete gi crveno-crnite prevezi od oci i videte malce deka stvarno ne odi a ne da slusas i gledas samo ona sto sakas da go cues i vidis...Ribata smrdi od glavata
Од: Трпе
Датум: 06.12.2008 17:43:17
ЕПП ,владата на господинот Рејтинг ја уништи жалната ни државичка.Штрајкот на просветните работници беше чисто сценарио на владата со СОНК..Филмот кој беше изрежиран имале план да го испратат за некоја висока филмска награда.Македонија нема потреба од синдикални организации.Нема потреба и од влада.Доволен е само господинот рејтинг,кој добро си го познава диктаторското владеење и точка.Кога толкав голем број интелектуаслци неможеа да се изборат за своите права нека му ја мислат обичната работничка класа.Само да завршат изборите секој од граганите на РМ ке има грпка.
Од: Iskra
Датум: 06.12.2008 17:56:42
E, gospodine Spasov, SDSM koga bese na vlast zaspa, namesto ocite cetiri da vi bea otvoreni, toa sto na narodot trebase da mu go dadete kako bi glasel pak za vas, vie sami si go unistivte, a toa vi go kopiraa ovie od segasnata vlast i nema na koj da se lutite oti vie ne dadovte nikavi nadezi i povolnosti na lugeto da mozat da preziveat, premnogu sebicnost pokazavte samo za sebe so tatkovi sinovi i majkini kerki koj samo prekrstuvaa noze pred kamerite (Asterud) i da pokazat sto imat,a nie znaevme sto imat samo pamet nemaa ili ne sakaa da go imat oti ne gi bese mnogu gajle za narodecov. Taka da G. Spasov sekoja cest no vreme e da se trgnete na strana i ne sakame veke lekcii od tebe bez razlika kolku se poucni, zarem ste vie samo pameten, dajte sansa na mladite pa da videte kako ke vi trgne partijata, a takvi kakov vas i Jordanovski i Tito samo steta pravite na site.
Од: Apostol
Датум: 06.12.2008 19:07:29
Od daleku se gleda deka obrazovanieto vo RM, kako eden od osnovnite segmenti na edno opstestvo, e vo nezavidna polozba. Medjutoa, toa e proizvod na sevkupnite sostojbi vo toa ekonomski nedovolno razvieno opstestvo. Sekako deka vrabotenite vo obrazovanieto imaat Ustavno pravo na strajk so koj bi iznudile od nadleznite organi povisoko vrednuvanje na trudot koj go vlozuvaat.
So pravo veli profesorot Spasov deka Vladata na RM, vo nastojuvanjeto da go "resi" ova baranje na strajkuvacite, deluvala sprotivno na Ustavot. P.S. Na Saso Ristov bi mu preporacal prvo da nauci deka iminjata na drzavite i na ludjeto se pisuvaat so pocetni golemi bukvi, pa posle da pisuva "komentari". A mozebi se toa novi pravila na prerodbata koja prodolzuva.
Од: Do Apostol
Датум: 07.12.2008 00:01:39
Bidejki pocnavte za gramaticka korektnost-neznam od koga ustav se pishuva so golema bukva!!!
Од: zoran
Датум: 07.12.2008 00:23:49
gospodine spasov, i ucitelite ne se angeli padnati od nebo, ne si ja vrsat rabotaa kako sto treba, i ne si ja poznavaat svojata rabota. dovolno e da otvorite eden skolski dnevnik i napravete analiza, cii deca dobivaat podobri ocenki i zosto.
Од: apolo
Датум: 07.12.2008 04:25:14
tolko gluposti kolko sto ne tezi planetata so par zborovi samo sistem kako vo japonija prema zaslugi i rabotaso kvalitet e postavete si prasanje koj treba da go sprovede pozdrav.
Од: bato
Датум: 07.12.2008 10:28:04
kolumnata e odlicna i do kraj vistinski e analizirana samo sto Grujo zaboravil kako toj pravese dodeka bese vo opozicija so sto se nesezanimavase zadno so negovite drugarcinja..zatoa neka se oprai zosto lazniot procent od 30% brzo ke mu se izdisi itoa za nekoj mesec dzabe mu se reklami i ukradeni pari kako od penzioneri,koj seuste ne gi vrati,taka i od sevkupnoto naselenie pravejki nenormalen budzet za reklami i setanja ...neka ni e gospod napomos ..
Од: sss
Датум: 07.12.2008 14:30:36
zalosno zalosno sto se se slucuva vo nasava zemja ,ne zivem tamu ,no sepak me boli ,se e partiski ,eve eden primer : vo MK ima tolku luge so pedagoski fakultet cekaat so godini,bez rabota a na pr. vo Volkovo SK primaat pedagog so ekonomski fakultet i sto e rabotata? sramota ,i da vi kazam srekna sum sto ne gi custvuvam nekoi raboti samo gi doznavam vaka preku vesti ,bog neka mu pomogne na toj narod tamu