Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп

Овен

Денес е идеален ден за дружење и за време со партнерот. Успехот ве очекува и доколку се занимавате со трговија, со што би можеле да остварите подобра заработка што ви недостигаше во изминатиов период. Но, без многу ласкање, успехот се должи на макотрпната работа во која се покажавте извонредно добри.





Бик

Искористете ја денешната инспирација за правилни цели. Многу од работите што мора да ги исполните ќе бараат од вас жртва, што на партнерот нема да му се допадне. Наместо да се лутите, седнете и решете ја дилемата со разговор, бидејќи секој заслужува објаснување.





Близнаци

Денес ќе се соочите со проблеми, но вашата смирена природа нема да доведе до нивна ескалација. Сфатете го тоа како добар тест за вашиот нервен систем. Можеби и подобро ќе функционирате доколку разберете дека некои нешта не можат да одат според вашиот замислен план.




Рак

Во пресрет на празниците имате неодолива желба за трошење пари. Убаво е да ги изненадите саканите со подарок, но внимавајте, затоа што првиот месец од новата година секогаш е најдолг. Непланираното трошење би можело да ви ги уништи новогодишните планови.





Лав

Се' уште ја чувствувате емотивната криза, но доколку паметно реагирате, би можеле да и' го ставите крајот. Не е лесно да се остави зад себе една љубовна приказна, но мора да најдете начин и да продолжите понатаму. Задоволството пронајдете го во работата, бидејќи важите за добар соработник.





Девица

Бидејќи е и повеќе од очигледно дека сакате да функционирате сами, можеби е крајно време да научите како функционираат одредени нешта. За вас е важно да го смирите авантуристичкиот дух, но внимавајте да не го повредите партнерот, кој во последно време не е задоволен од вас.





Терезија

За да ја постигнете целта, ќе мора да вложите повеќе напор. Можеби изгледа неверојатно, но мрзливоста со која се соочувате е проблем што може да ви наштети и во професионалниот и во емотивниот живот. Мора да научите да бидете поактивни.





Скорпија

Бидејќи емотивната состојба ви е на завидно ниво, ќе функционирате одлично. Можеби токму партнерот е вашата главна инспирација и тоа е сосема доволен показател дека некои нешта ви одат во прилог, само доколку некој го зароби вашето срце. Вие и љубовта е најважната животна формула.





Стрелец

Доколку деновиве друштвото ви е поврзано со лице родено во знакот на Скорпија, тогаш со заеднички сили ќе успеете да ја реализирате идејата за постигнување поголеми материјални добра. Но, внимавајте да не ја потцените желбата за доминација пред Скорпијата, затоа што тогаш би можел да настане сериозен проблем.





Јарец

Имате потреба да бидете сами, па затоа одлучете се да ја реализирате таа идеја. Ве очекува успех во реализирање на имотноправните прашања и со споровите во кои вие треба да го добиете својот материјален дел. Лавовите одлично се согласуваат со вас и затоа искористете ја поволната комуникација со нив.





Водолија

Бидејќи успеавте да остварите добар финансиски договор, сега е време да се подготвите за претстојната новогодишна атмосфера. Кога ќе погледнете, има многу луѓе кои би сакале да го добијат вашето внимание. Не е пожелно да претерувате, но малите задоволства го прават животот поинтересен.





Риби

Се наоѓате во многу чувствителна фаза, која најмногу се одразува на вашето здравје и слабиот имунитет. Престанете со грижите и нервозите и пронајдете малку време и за себе. Добро ќе ви дојде малку оддишка, бидејќи претстојните празници ќе бидат исполнети со убави семејни активности.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ