Брoj 2742  понеделник, 21 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Андов се повлече, Борче Стојановски нов претседател на ЛП

Ќе инсистираме опозицијата да направи договор со власта и поскоро да се врати во парламентот, вели Андов

Либералната партија со која досега раководеше Стојан Андов на саботниот Конгрес избра нов лидер и Претседателство. Поранешниот лидер Стојан Андов и неговиот наследник Борче Стојановски велат дека ќе соработуваат и со власта и со опозицијата заради иднината на државата. „Ние ќе соработуваме и со власта и ќе инсистираме опозицијата да направи договор со власта и поскоро да се врати во парламентот“, рече Андов, додавајќи дека треба да се има разбирање и за некои потези на опозицијата.

Либералната партија ја поддржува иницијативата за враќање на имотите на Македонците од Егејска Македонија. Тоа, велат, бил проект зацртан уште во 2004 година, кој мора да се реализира, бидејќи станува збор за нечии човекови права.

Стојановски изјави дека овој конгрес е сосема легален и оти, конечно, ќе има внатрепартиско помирување.

„Со овој конгрес ги расчистивме односите и сега одиме во правец на рехабилитирање на членството и базата. Како партија од центарот сме отворени за соработка со сите политички партии и на власт и на опозицијата и ќе отвориме разговори со сите што се подготвени да разговараат со нас“, вели Стојановски.

Тој беше едногласно избран за претседател на либералите на 9. Конгрес на партијата. На него не присуствуваше блокот предводен од Зоран Крстевски и Љупчо Мешков. Тие најавуваат паралелен конгрес на Либералната партија, кој ќе се одржи идната недела во Свети Николе.


Статијата е прочитана 917 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Peyo
Датум: 21.07.2008 00:19:51
Sto stana so lustracijata ???
Од: Петар
Датум: 21.07.2008 06:12:26
Тој и неговата “Балкан“ шпедиција беа организатори на шверц со лекови - станува предсеател на ЛП? Боже сачувај!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Изборите завршија, ама казните се заборавија
ДПА ја обвини ДУИ за предавство на Албанците
Александар Велики да биде поставен во „Мадам Тисо“
ЛДП- Парламентот доживува срамни моменти