Што прават денеска
Сузана Спасовска
фолк-пејачка
По Велигден и неколкуте гостувања на телевизиите, пред се', поради моите наменски, празнични песни, кои секој сака да ги има во своите емисии, продолжувам со тековните обврски. Моментно сум концентрирана на доработката на мојот нов албум, кој најверојатно ќе биде дупли, а паралелно работам и на цедето за хрватскиот пазар. Арбен Шакири - Бени
пејач
И покрај напорното темпо со живи свирки, секој слободен момент го користам во студио. Во тек е подготовка на мојот нов албум, па заедно со гитаристот Бобан речиси целиот ден сме во „илегала“ каде што го подготвуваме албумот- македонска рокенрол антологија. Вечерва сум во клубот „Мамас“ со акустична свирка, која почнува по полноќ. Марјан Стојаноски
пејач
Ги користам последните часови во Крушево, па така ќе се изнаспијам до 12 ч., а потоа почнувам да се подготвувам за враќање во Скопје. По семејниот ручек, тргнувам за Скопје и одам директно на работа, вечерва имам претстава. Потоа се гледам со пријателите и со мало задоцнување им го честитам празникот Велигден, се разбира, со оние со кои не сум се слушнал деновиве. |