Што прават денеска
Трајанка Илиева
актерка
Во Драмски театар започнавме со пробите за претставата „Баал“, во режија на Мартин Кочовски, па во 10 ч. веќе сум таму. Од 16 ч., пак, имам синхронизација на сериите „Кога лисјата паѓаат“ и „Имотот на дамата“. Вечерта посакувам да ја минам во домашна атмосфера, со оглед на тоа дека вчера имав претстава и ми е потребен одмор.
Срѓан Микиќ
сликар
Будењето и денеска, како што е најчесто, ми е во режија на ќерка ми, со која се занимавам додека сопругата не се врати од работа. Потоа можам да започнам со подготовките за отворањето на мојата изложба, која е поставена во СКЦ „Спона“ во цен��арот на Скопје. Посетителите ги очекувам од 20,30 ч.
Росана Сариќ-Тодоровска
пејачка
Денеска сум максимално ангажирана со обврските во фирмата „Еуротрејд“, каде што сум вработена. Ни доаѓаат гости- деловни партнери од Србија, од претставништвото на „Помпеја“, па денеска треба да ги прошетам по нашите продажни места. Веројатно ангажманите ќе бидат денеска поголеми, па нема да имам време ни да размислувам за музиката. |