Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Огнен Неделковски

текстописец и драматург

Саботите ми се редовно резервирани за семејството. Оваа сабота ќе ја искористам да му ја исполнам желбата на син ми Филип и конечно заедно да се повозиме во новата скопска жичарница до Водно. Се разбира, ќе ја земеме и Соња, иако таа има страв од летање. Остатокот од денот ќе го искористам за работење на едно сценарио за филм што го пишуваме заедно со режисерот Златко Костадинов.

Горан Кан Керкез

музичар

Спасот од скопското изгор лето заедно со мојата Христина ќе го побараме во еднодневна прошетка до Галичник. Верувам ќе поминеме убаво зашто се работи за разработена маршрута. Во недела наутро сигурно ќе поминам време на завршувањето на петтото издание на „Керкез мјузик“ а вечерта ќе имаме гости. Ни доаѓаат Кочо и Маца што гарантира убав помин.

Константин Кајшаров

професор по кинези-терапија

Овој како и претходниот викенд го користам за да се изолирам во природа, под ладните сенки на кедровите дрва во Катланово каде што ја пишувам мојата нова книга „Massage Recovery“. Осамувањето кај мене има инспитирачки моменти- можеби ќе ми дојде и некаков стих, збор, сказна, што долго престојувала во мене, а потоа нашла пат да се распостели со сета своја убавина.


#
Најди! во Утрински

"""