Брoj 2743  вторник, 22 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Телефонот на Брза помош два часа глув, пациентите во паника

На телефонот 194 долго време не можеше да се добие никој, бидејќи телефонската централа била во дефект

Јасмина Јовановска

Телефонот на Службата за итна медицинска помош во Скопје вчера остана глув повеќе од два часа, што предизвика стравотна паника кај ургентните болни, но, за среќа, помина без поголем инцидент. Причината за неколкучасовниот прекин во функционирањето на 194 е дефект во телефонската централа, велат од Брза помош. Од околу 7 часот до 9,30 вчераутро телефонскиот број на Брза помош беше тотално блокиран, се жалеа граѓаните. „Или беше зафатено или никој не се јавуваше на 194“, реагираат револтирано граѓаните кои беа во невидена паника, бидејќи не знаеле каде да се обратат за здравствена помош која итно им треба. Тие раскажуваа дека блокираниот телефон 194 во нивните домови предизвикал вистински драми, кои, за среќа, според тврдењата од Службата за итна помош не завршиле кобно.

Според кажувањата на граѓаните, итните повици се однесувале за пациенти со проблеми на срцето, за астматичари кои се задушувале, но и за болни кои крвавеле, па итно морале да се пренесат во болница. „На 194 вртиме веќе повеќе од два часа и никој не се јавува“, вели една револтирана граѓанка, која татко и' требало да го пренесе ургентно во болница. Друг граѓанин, кој се јави во нашата Редакција, вели дека не знаел како да и' помогне на сопругата на која и' се слошило и крвниот притисок и' се качил на 220. Граѓаните беа нервозни и се чудеа како може итната служба да не функционира.Мислеа дека вработените во Брза помош се презаситиле од работа, па намерно не одговараат на повиците. Избезумени како да дојдат до лекар, граѓаните велат дека во Службата за информации барале друг телефон на оваа служба, но и на него не можело да се добие никој, поради што се снаоѓале како знаат и умеат, а некои ги активирале и приватните врски за да дојдат до возило и итната помош.

Во Службата за итна медицинска помош ни потврдија дека граѓаните не можеле да го добијат 194 и за блокираниот телефон не упатија да прашаме во „Телеком“. „Точно е дека Службата за итна помош не можеше да се добие, но тоа траеше само еден час, по што екипите на „Телеком“ брзо реагираа и телефонот беше повторно во функција“, ни изјави директорката на Службата, д-р Маја Поповска, која тврди дека за тој час колку што не можел да се добие 194 никој не настрадал. „Барем за такво нешто не ме известиле лекарите“, вели д-р Поповска, која додаде дека ова е прв ваков испад на централата. Но, од „Телеком“, пак, тврдат дека проблемот со дефектот не е до нив, туку во централата на Брза помош, која е донација и која е монтирана од приватна фирма, а тие ускокнуваат на помош, иако не се обврзани. „Ова не е првпат да има испад во телефонската централа на Брза помош“, велат техничарите во „Телеком“ и објаснуваат дека година интервенирале два пати , а дефектите се последица на некомпатибилноста на централата со нивната телекомуникациска опрема. Последниот дефект е во уредот за примање повици, кој бил сменет од „Телеком“ од каде не исклучуваат дека не може да дојде до повторен испад на централата. „Кога Брза помош алармира, ние веднаш интервенираме иако тоа не е наша обврска, зашто ние не сме сервисери на централата. Но, знаеме дека 194 е телефон кој значи живот и не може да се остави блокиран “, велат во „Телеком“.

Директорката Поповска, пак, останува на ставот дека ако централата не била компатибилна, како можела да работи повеќе од три години.


Статијата е прочитана 204 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Осветена новоизградената црква „Свети Атанасиј“ во село Конопиште
Шпиц на туристичката сезона во Охрид
Нови мистерии околу крвната група на новинарот Владо Танески
Студен бран ќе донесе пониски температури и невреме со дожд