Осветена новоизградената црква „Свети Атанасиј“ во село Конопиште
Неколку стотици верници од Тиквешијата и од други градови во Македонија викендот присуствуваа на осветувањето на новоизградената црква „Свети Атанасиј“ во село Конопиште, Кавадаречко. Чинот на осветување го извршија митрополитот на Повардарската епархија г. Агатангел и митрополитот европски Пимен со свештенослужители од Повардарската епархија. Изградбата на црквата во целост ја финансираше Вангел Миразов, кој со години живее и работи во Копенхаген, Данска. Фрескоживописот е изработен од м-р Ратко Темков и Ефремчо Плачков од село Ваташа. (А.Д.)
Убава е кога ќе се чуе како се отвара уште еден храм, уште едно светилиште. Само мене ме загрижува дали утре или задутре ќе им даде оној од Горе, по некој денар на верниците да купат и да му запалат свеќа...