Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Мислења

Мислења

Петнаесет години

Слободан Најдовски

Кога од Владата ќе кажат „не е направено ништо во изминатите 15 години“, веднаш треба да се разбере дека ја згрешила некаде работата

„Во овие петнаесет години не е направено ништо во тоа и тоа ... или ништо не е изградено“ или, пак, „Зошто во изминатите петнаесет години никој не го решил проблемот со името, или проблемот со...“ итн. Секојдневно, речиси и да нема вести на електронските медиуми или во новинарски извештај во печатените медиуми, а да не ги слушнете или да ги прочитате горе напишаните реченици.

Веќе стана вообичаено премиерот, министрите, пратениците и портпаролот на владејачката партија, на секое поставено прашање за кој било проблем во државата, да имаат еден ист одговор и притоа да се повикаат дека изминатите петнаесет години ништо не е направено и затоа состојбата е таква. Така, ако ги прашаат зошто патиштата се ископани, како од топ одговараат дека петнаесет години никој не ги поправал дупките. На прашањето зошто пациенти умираат по клиники поради некоординираност на здравството и лутањето на пациентите во Македонија, тие повторно одговорот го врзуваат за проблемот од последните петнаесет години. Има дури и комични ситуации, како, на пример, со прашањето за бришењето на јазикот во графата на нашата лична карта во Обединетите нации. Немајќи вистински одговор, пратеникот од власта одговори дека тоа се случи затоа што тоа никој не го решил петнаесет години, а притоа занемарувајќи го фактот што во изминатите седумнаесет, а не петнаесет години, се' беше во ред, а на денешнава наша заспана дипломатија пред нос, пред десетина дена, им се случија вакви скандали. И се' така со ред, власта се фиксира на петнаесет години! Секако дека многумина си го поставуваат прашањето, што сака власта да каже со повторувањето на оваа реченица и си ги поставуваат дилемите за кој период, но и за кои политичари се однесува тоа.

Иако припадниците на власта не прецизираат за кој временски интервал се работи, станува се' појасно дека мислат на времето од крајот на 1990 година и првите парламентарни избори, се' до половината на 2006 година и изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Неизбежна е констатацијата дека за денешниве вмровци, во Македонија времето се смета од пред 2006 година и потоа, или посликовито кажано, времето пред владеењето на Никола Груевски и потоа, а сите проблеми денешни се последица на погрешната политика до 2006 година! Но, таквото гледиште има многу фалинки и таквиот споредбен пристап на ВМРО-ДПМНЕ води кон неколку констатации.

Првата се сведува на размислувањето, според кое, за денешнава власт, Македонија постои само од 1990 наваму и затоа своето работење го споредува само со овој период. Ако е така, зошто тогаш фрлаат милиони, кои се на пат да достигнат милијарда евра за да докажат дека ние сме антички Македонци. Зошто го прескокнуваат и периодот од 1945 до демократските промени во деведесеттите или, пак, сакаат да кажат дека во социјализмот најмногу се изградило, ама им е срам да признаат и да се споредуваат со тој период или на тоа се потсетуваат само кога им требаат гласовите на почитувачите на тие идеи.

Втората констатација се сведува на партиската потреба за дистанцирање на актуелната власт, реформирани патриоти, од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ предводено од нивниот прв претседател, Љупчо Георгиевски. Кажуваат дека ништо не се направило во петнаесет години во кои е опфатен и периодот од 1998 до 2002 година. Тоа кажува дека и ВМРО-ДПМНЕ не направило ништо, а министер за финансии бил Никола Груевски. Па што правел тој додека бил министер за финансии - каде оделе државните пари. Каков креатор, но и каков чувар бил на државната каса, ако самиот тој, но и неговите министри секојдневно повторуваат дека до 2006 година ништо не е направено. Зборувајќи за пропуштени 15 години, произлегува дека владините и партиските претставници на ВМРО-ДПМНЕ за изгубени ги сметаат и првите години од самостојноста на државата. Но, и тука ја покажуваат контрадикторноста на својата политика. Имено, оваа влада формира фондација со името на Никола Кљусев, како нивни член, за да го одбележат неговиот придонес во формирањето на државата како прв премиер на независна Македонија, а ваму критикуваат дека во времето додека тој бил премиер во државава не е направено ништо.

Граѓаните на Република Македонија знаат колку и што се направило во минатото. Знаат и зошто не се направило нешто во изминатите години. За тие што не ги исполниле нивните очекувања во минатото, граѓаните своето ми��лење го искажале на избори со тоа што ги казниле со недавањето на нивната доверба. Граѓаните ги интересира денешницата и сакаат да знаат зошто сега нема лекови, зошто сега се посиромашни, зошто сега не се градат патишта и се' така по ред.

Нема друг одговор на прашањето освен дека власта со повторувањето на одговорот за пропуштени, пропаднати и неинвестициони „петнаесет години“, се амнестира за сопствените денешни неуспеси. Актуелната владејачка номенклатура бара оправдување за изгубеното време, за нереализираните ветувања за економски напредок, за ненаменски и нерационални буџетски трошоци.

Сигурно е дека за своите неуспеси власта целокупната одговорност сака да ја префрли на денешната опозиција, која, според нив, била најдолго на власт. Но, многу им се погрешни математиките. Ова година ВМРО-ДПМНЕ со над десет години на власт станува водечка партија по стаж на владеење во демократска Македонија, а премиерот личност, кој најдолго е член на македонска влада. Всушност, Социјалистичката партија е со најдолг владејачки стаж, ама тие секогаш се придружен член.

Отсега натаму од Владата кога и да ја изговорат реченицата „не е направено ништо во изминатите петнаесет години“, веднаш треба да се подразбере дека власта ја згрешила негде работата. Наместо да бара алиби за своите неуспеси, време е во власта да започне да работи и да ги решава проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Но, и да донесува одлуки од долгорочен карактер.

Фразата „петнаесет години“, нема никакво друго значење освен успешна маркетиншка употреба од дневнополитички карактер на која, барем засега, се' уште слепо се лепат одреден број граѓани приврзаници на власта.

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 1159 пати.

Испрати коментар

Од: OMD
Датум: 23.11.2010 13:25:56
Потребна е акција во Генералното собрание на ООН за добивање советодавно мислење од меѓународниот суд за правда за легалитет на дополнителните услови надвор од Повелбата на ООН
Од: Жарко,Ресен
Датум: 23.11.2010 15:55:28
Многу добро и самите знаат колку години биле на власт од осамостојувањето на Македонија.Ако неможат на памет да избројат,нека земат ливче и нека запишат кои години биле на власт.Ќе заклучат дека приближно исто или можеби малку повеќе владееле од СДСМ.И уште нешто.Говорат дека не можеле да ги постигнат ветените резултати поради економската криза која била најголема во последниве 80 години.Сакаат да ни кажат дека СДСМ владеел во нормални,мирнодопски услови?!!Кога не се знаеше дали отцепувањето на Македонија од СФРЈ ќе се случи по мирен пат?Дали беше нормално ембаргото од страна на Грција,атентатот врз Глигоров,воениот конфликт 2001 година?Имаше една изјава која кажува дека после војната во Македонија,во некои делови не можеше да влезе инкасатор на ЕСМ,а камоли странски инвеститор.Го знаат тие сето ова,само така им чини изгледа.
Од: јас
Датум: 23.11.2010 17:49:33
Добро напишано , ама на кого ќе му кажеш?! Дали на министрите, пратениците вмровски или остатокот од портокалите ..Тука се и коментаторите од типот на Сречко , Гимчо и компанија..За сите овие , не е сработено ништо овие „15 години „ , ама тие пак се преработија !! камен на камен не оставија од Македонија !!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.11.2010 19:15:41
Текстописецот е во право кога реагира да се правело нешто за овие 15 год од кој 7 год.биле на власт.Па така ТАТ и приватизацијата ептен го усреќи народот па им се заблагодари 98 год.Во периодот 2002-06 усреќеноста беше уште поголема па народецов дури 4 пати им се заблагодари по ред.Сега велат дека се нова постава со стари играчи и усреќувањето ќе било 100%.Можеби некој ќе им поверува.
Од: Феличита
Датум: 24.11.2010 10:40:49
Окта,Телеком,НПК,Суедмиук,осум милијарди инвестиции,четири стана за мама, Шишеџам, Искра,Тривју,споменици....дополни ,Феликсе!

Најди! во Утрински
Мислења
Застрашувачки мир за Судан
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language