Белгиската пресметка на Вимблдон за Клајстерс
Дуелот во три сета меѓу двете повратнички во врвниот женски тенис, Ким Клајстерс и Жистин Енан, и двете поранешни лидери на ВТА-листата, и' припадна на првата. Осмата носителка Клајстерс во осминафиналето на Вимблдон ја совлада 17. носителка Енан со 2-6, 6-2, 6-3.
Клајстерс, за која ова е прв настап на Отвореното првенство на Англија по 2006 година, кога беше елиминирана токму од Енан во полуфиналето, одиг��а на високо ниво, но на рака и' одеше и падот на противничката во првиот сет, во кој го повреди зглобот на раката.
Откако првите два сета завршија за еден час, победничката го направи клучниот пробив во осмиот гем од решавачкиот сет. За место во полуфиналето ланската победничка на Ју-Ес опен ќе се бори со 21. носителка Вера Звонарева од Русија.
Првиот носител и бранител на трофејот на машкиот турнир Роже Федерер, пак, немаше проблеми со Австриецот Јирген Мелцер, совладувајќи го 16. носител од Австрија со 6-3, 6-2, 6-3.
Резултати од осминафиналето, жени: В. Вилијамс (2., САД) - Грот (Австралија) 6-4, 7-6 (5); Ли (9., Кина) - Радванска (7., Полска) 6-3, 6-2; Звонарева (21., Русија) - Јанковиќ (4., Србија) 6-1, 3-0 предадено; Пиронкова (Бугарија) - Бартоли (11., Франција) 6-4, 6-4. |