Едностран прекин на преговорите за името најмногу и' одговара на Грција
Пред вратите на Македонија Елините, нашите комшии, го поставија и вториот тројански коњ. Тоа е идејата за прекин на разговорите (преговорите) со Грција за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за името на државата. Веднаш се најдоа дежурни македонствујучи загрижени личности и организации што го внесоа коњот внатре и сега водат жално смешни дебати главно на истомисленици за безусловен прекин на преговорите со Грција. Мудрите оратори, кои енергично бараат да се затвори прашањето за името, нели, никој нема право да преговара за најсветата македонска работа, се луѓе блиски на власта. Тие, ѓомити, вршат притисок врз Владата да ги запре безусловно преговорите веднаш. Експресно им одговара премиерот Никола Груевски дека сега не е добро да се прекинат преговорите, но разговорите со Грција ќе се водат многу, многу внимателно.
Прекинати преговори со Грција се вториот тројански коњ на грчките разузнавачки служби и на домашните патриоти и нови првоборци. Првиот тројански коњ беше Александар Македонски и антикоманијата по што Македонија се даде во силна потрага, политички стимулирана од власта, да се обезбеди славно минато и побогата историја. Почна ново толкување на античката историја со преименување на скопскиот аеродром, Градскиот стадион во Скопје, автопатот Е-75, кој така се вика со илјадници километри, освен неполни 200 км што поминуваат низ Македонија, почна да се нарачуваат во Италија грандиозни и скапи споменици на антички јунаци, никнаа низ центарот на Скопје антички колонади, чудни зданија што никогаш не припаѓале на ова поднебје што покрај засилување на големите комплекси на малите народи, предизвика и сериозно нарушување на член 7 од Привремената спогодба со Грција, која санкционира вакви ситуации што можат да се толкуваат како провокација. Копачите на Паско Кузман низ Македонија во потрага по антички артефакти и докази за потеклото на древните Македонци и нивниот континуитет со денешните Македонци се претвори во најголема македонска државна компанија со 3.000 вработени, кои Владата ги плаќаше со наши пари без да праша некој. Копачите на историјата не ископаа посветло минато, туку не' закопаа сите во неизвесна иднина. Тоа ги отвори вратите на Грција да не го почитува член 11 од Привремената спогодба, кој и' гарантираше на Македонија пристап до ЕУ и до НАТО без можност за спречување од страна на Грција во нашите евроатлански аспирации, со привремената референца, Поранешна југословенска Република Македонија. Во Букурешт ја почувствуваме оваа горчлива неправда на која светот остана глув. Најголемиот жив историчар во светот, Ерик Хобсбаум, кој од поодамна го цитирам, ни беше исклучително наклонет поради потврдената историска вистина. Неговото предавање во 2004 година пред студентите на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта е многу значајно за народите на цела Источна Европа, а еден дел особено за Македонија. Хобсбаум на тоа предавање децидно кажува: „Најголемата идеолошка злоупотреба на историјата се потпира повеќе на анахронизмот отколку на лаги. Грчкиот национализам и' одбива на Македонија дури и право на име... Како и се' во случајот со Македонија, и тоа е далеку од академско прашање. Им треба голема храброст на грчките интелектуалци да го кажат тоа. Од аспект на историјата, тоа е вистинска глупост. Но, Хобсбаум не' предупредува и нас: „Поради непристрасност и екстремниот македонски емигрантски национализам, исто така, треба да се отфрли“. Денес шест години по неговото предупредување, целосно се обистини стравувањето на Хобсбаум. Таа опасност дојде во Македонија најмногу од нашата уважена дијаспора. Власта бланко со двете раце прифати дека сме внуци на Александар Македонски што предизвика конфузија во свеста на дел од македонските граѓани. Ваквото самоубиствено трагање по антички корени, политички стимулирано, предизвика речиси целиот светски научен врв да се сврти против Македонија.
И сега повторно пред вратата ни е вториот тројански коњ. Македонците најмногу се палат на антика. Дали сте се прашале кому во моментот најмногу му одговара безусловниот прекин на преговорите со соседна Грција. Предлагачите на генијалната идеја не нудат ни една друга алтернатива што и каде натаму. Главните иницијатори на оваа идеја веќе од поодамна избрале своја алтернатива, а тоа се Америка, Канада, Австралија, Нов Зеланд или некоја од земјите на Западна Европа. Во таа пригода некои од нив си ги смениле и своите лични имиња. Ете такви луѓе што не успеале да си го зачуваат своето име бараат безусловен прекин на преговорите бранејќи го на тој начин името на државата. И на почетник во политиката му е сосема јасно дека во моментот најмногу на Грција и' одговара прекин на преговорите. Со таков самоубиствен чин Грција целосно се амнестира од одговорноста за притисокот што го врши врз Македонија и што го повредува меѓународното право. Европа и Брисел, исто така, нема многу да се потресат од прекинот на преговорите дури тоа ќе го примат со олеснување, бидејќи не мора повеќе да го вадат жешкиот костен од огнот што го разгорува Грција. Не е баш пријатно кога со една членка на НАТО и на ЕУ мора да бида�� солидарни и кога таа на очиглед на светот не е во право. Со едностраниот прекин на преговорите на Македонија ќе и' се нанесе огромна и непроценлива штета, се разбира, доколку ваквите увезени идеи бидат прифатени од Владата и од парламентот на Република Македонија.
Денес се појавуваат и разни други емисари, но и директни учесници во историските настани околу признавањето на Македонија и нејзиното членство во ОН, кои пласираат дезинформации во јавноста дека Македонија можела многу лесно да биде примена во ОН со своето уставно име доколку поднесела барање како една од републиките што биле составен дел на Југославија, која била основач на Обединетите нации. Некои од учесниците во овие настани сега поради партиски и лични интереси манипулираат со јавноста, иако добро ги знаат ставовите на некои од земјите постојани членки на Советот за безбедност, кои веднаш најавија вето за ваквиот предлог. Замислете, проблемот бил во тоа што политичките противници на сегашната власт не знаеле или не сакале намерно правилно да го напишат барањето до Обединетите нации за прием со уставното име. Да го направ��ле тоа, работата ќе била одамна завршена. Боже, боже, да се крсти човек со две раце. Ова не го кажуваат наивни луѓе. Туку тие нас не' прават будали. И гледам прилично успеваат во тоа. Алал вера.
Tokmu taka.Prekin na PREGOVORITE. Da razgovarame mozeme i ponataka da vidime sto im e "makata i problemot"na Grcite, no da se pregovara?Za sto?Za da najdeme nekoe ime sto im odgovara na Grcite?Malo morgen,sto bi rekol pokojni Milosevic,nie imame ime i toa e imeto koe mislime da go nosime i ponataka.A muabetenje i razgovaranje so nasite "dobri" sosedi Grcite okolu nivnata "bolka"za imeto na drzavata i na narodot sme spremni stalno da im izlezeme vo presret i da im pruzime "uteha"kolku sto mozeme i e vo nasa mok.Se drugo e veter i magla i gubenje vreme,osven ako nameravame da se otkazeme od imeto Makedonija pa mislime da se prekrstime.No i vo toj slucaj nema sto da pregovarame so Grcite,ke si odbereme nie samite drugo ime.Sega za sega,kolku sto znam,ovoj narod nema namera da si go menuva imeto bidejki si go saka.Tolku od mene.
Од: Сергеј
Датум: 13.08.2010 00:49:24
Не се нашите „дијаспорци“ тие кои вршат притисок врз владата за прекин на преговорите. Груевски е човекот кој нив ги користи како свои гласноговорници (отселените!) за да на светот му соопшти свој став за тоа каква намера има да направи со нас (овдешните!). Ако некој во Македонија предано ја тера грчката пропаганда против македонскиот народ - тоа е премиерот Груевски, и никој друг. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: сирма војвода
Датум: 13.08.2010 00:57:55
како се викаше оној преставникот нивни на дијаспората-коловски?види богати човекот вели јас иако не сум роден во Македонија придонесувам многу повеке од тие што биле родени тука а со што придонесуваш ти лажен патриоту а???????????????преку глава ни е веќе од такви како тебе а ве има многу за каква тоа ти македонија зборуваш ако сте толку големи патриоти зошто ��ште живеете таму а не во Македонија?????или со вакви излагања најубави пари се млатат од грците па не пијат нафта бре сите овде во Македонија не не потценувајте дојдов и видов таму како се живее,затоа не ни солете памет терајте понатака и не заборавајте децата да си ги крстите со туѓи имиња,бидејки ако таму носат наши имиња тоа за вас е трагично мето-патриоту наш најголем хехехехеххехехее
Од: sebastian
Датум: 13.08.2010 02:20:38
се појави и еден ѓорѓија џорџ атанасовски - тој веројатно е поддржувач на „двојната“ формула за името ...
Од: Filip Sumski USA.
Датум: 13.08.2010 04:54:23
jas zivejam 8 godini vo SAD i dobro gi poznavam patriotite koi se cukaat vgradi za RM samo kako bi dosle do pratenicko mesto vo narednite izbori so zakonot msto go donese ovaja vlada . Kade beja ovie patrioti dosega RM veke 2 decenii e samosyojna a tie sega gledam se mnogu aktivni i solat pamet iako go zaboravile svojot majcin jazik a da nezboruvame za pismoto . No sakam samo da gi potsetam na edno kade beja ovie patrioti od diasporata vo konfliktot stose msluci vo 2001 godina duri ida beja vo plan da idat na odmor go odlozija i bas imbese gajle sto tamu se slucuvase. pa isto bim gi zaprasal za nivniot patriotizam kolku od niv od diasporata dojdoa da odat dobrovolno vo ARM koga za prvpat se formira vo RM. sigurno ni e3den pa sega koga mozat da fatat nekoe pratenicko mesto obekano od DPMNE se pojavijai kazuvaat pamet. No seto toa e vo soglasnost so vladejackata partija koja tloto go gubi vo RM pa sega se nadeva na glasovite od diasporata.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 13.08.2010 06:38:50
Ваквите и таквите божем патриоти - кои лагодно живеат од продавање на патриотизам се вувузели и мегафони на власта и тоа е очигледно па не може да мине сега и денес...бидејќи одамна е употребен истиот тој арсенал на патриотштина...Толку голем да во 2001 ги немаше никаде.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 13.08.2010 07:19:50
Na krajov,eve procitav eden soliden napis,od tebe Erol! Se ubavo iznapisa,ama za kogo? Ednas napisav :Referendum,ama sloboden i so mnogu nacionalni identiteti-Rubrika ,ne za imeto ,tukuRubrikka referendum,sto sme Nie,vo Makedonija i nasite Custva`! Naroden Referendum:: Albanci,Turci,Srbi,Bugari,Vlasi,Torbesi Grci.Slavjanski- Makedonci-slavjani vo makedonija, Anticki Makedonci-Vnuci na Aceta Golemiot,Srbo -Makedonci,Bugaro Makedonci,Grkomani,Bugaro Fili,Srbo Mani,Titici,Jugovici,il nekoj si novi Makedonski; Rod il Izrod! Referendum e edinstven Spas i Indikator!Ce me interesira sto e toj % Anticki makedonci sto gi Terorisat slavjanskite Makdedonci!
Од: Тројанските коњи одамна се тука
Датум: 13.08.2010 07:39:27
Ероле, сосема си ги збркал работите. Тројанските коњи се на другата страна - онаа која ти ја безуспешно ја подржуваш. И нивната цел е да го продадат нашето име.
Од: Обичен коњ
Датум: 13.08.2010 07:46:22
Секој оди спрема сличните на себе! Тројанските коњи од надвор се прифаќаат од обичните коњи од внатре.Јака диаспора имаме,кога Коловски самиот призна дека турската влада ја финансирала неговата организација со 150.000 долари.Од големите патриоти со сменети имиња,нема ни пет долари!
Од: Eddy
Датум: 13.08.2010 07:54:41
Rizaov vekje podolgo vreme si "neguva" vnatreshen neprijatel; eve sega gledame si najde i nadvoreshen. Odrabotuva 24/7.
Од: Миле - Охрид
Датум: 13.08.2010 09:03:20
„Држете го крадецот , вика крадецот“. Ѓомити, ги разобличува „тројанците“ и вршат притисок врз Владата, промовира прифаќање на грчките шовинистички барања. Сепак еден „евроскептик“, „политички маргиналец“ кој шири „анти НАТО и ЕУ расположение“, Роберт О`Нил, јасно ја разобличува намерата на Грција и нејзините поддржувачи во Македонија, за рушенје на одбрамбените механизми на државава, нејзино обезличување за постигнување на крајната цел рушење на Македонија.
Од: Реган
Датум: 13.08.2010 09:19:10
Тројанските коњи се инсталирани во нашите партии ,медиуми и разни експерт(утк)и.Срамна е ваквата хајка против нашата дијаспора:Ако тие размислуваат поинаку од уредникот на Утрински,од разни емисари и отворени подржувачи на грчките предлози не значи дека немаат право да се изјаснат за судбината на својата татковина и својот народ.
Од: Vuvuzeli
Датум: 13.08.2010 11:21:38
Dobro gi narece Mitre onie vuvuzeli i megafoni na vlasta od dijasporata. Tie li se najdoja da ni solat pamet i da ni kazat kako ce ziveem , kako ce se organizirame, pa duri sakaat da imaat i pratenici vo nasiot Parlament ?! za so svoite glasovi gi podrzuvaat ovie " patriotive" da ne derat i ponatamu.Koj im se mesa niv kako tie si ziveat vo kanada SAd ili Avstralija? Ma ajde neka fatat vid videlina i narodot treba ostro da se sprotivstvavi na manipulacijava na vlasta da i dijasporata ima pravo na glas. Pa tie so godini ne ja posetuvaat svojata poranesna tatkovina, nekoi go zaboravile i jazikot, iminjata na niv se od anglosaksonsko poteklo, a sega oved ce ni ja krojat sudbinata.Neka si glasaat tamu kade si ziveat i kade si placaat danoci
Од: Mapkoc
Датум: 13.08.2010 11:23:40
Лошо и` се пишува на Македонија доколку нејзината влада се потпира на иницијативи за каква зборува г. Ризаов. Треба да е јасно дека дијаспорите (македонската, српската, хрватската, албанската...) во правило ги претставуваат реакционерни и екстремно националистички луѓе. Користејки ја околноста да живеат во демократски општества, тие - користејки најчесто митови од „усно предание„, значи фалсификати и полувистини - незапирливо и неказнето ја шират омразата кон другите етнички групи и националности. Трагично е што таа омраза успешно ја пренесуват во своите татковини, и воопшто не им е гајле што таков вид на нивен „патриотизам„ води и до крвопролевање. Ваква гнасна работа - во македонски случај - олесната е со „толерантното„ однесување на владеачката странка, која очигледно есапи со гласовите на дијаспората, давајки и` така можност да ја турка земјата во беља, а да „за возврат„ не трпи никакви последици. Но, ни медиумите овде не се недолжни.
Од: cetiri godini jasno
Датум: 13.08.2010 12:04:25
Otkako e vlasta vo racete na ovaa garnitura, na site im e jasno kako leten soncev den deka Makedonija nema sansi da vleze vo NATO i EU. Familijata uste od prviot den go razgori nacionalizmot, vrakjajki ne vo vremeto na Ace golemiot., plasirajki ni na site deka se pregovara za identitetot i jazikot, iako vo vremenata spogodba jasno i glasno e kazano deka se pregovara samo za imeto. Vprocem toa decidno ni go kaza i Riker i Fuere, i direktno Brisel oficijalno ni go soopsti.PREKRSTUVAME AVTOPAT. STADION, POSTAVUVAME ANTICKI SPOMENICI I STO USTE NE OD GLUPAVO DO POGLUPAVO, SE SAMO SO EDNA CEL,STO PODALEKU DA BIDEME OD EU I NATO.Sega uste martin trenevski( ne zasluzuva golemo M i T), ni trebase.MK e unistena totalno
Од: ТРОЈАНЦИ
Датум: 13.08.2010 12:15:10
Тројански грчки коњи се Геровски Милчин Фрчко Ризаов Сашо Ордановски Ѓунер Жарко Трајановски голем број Албанци и другинациналности не Македонци А1 ТВ Плоштад Слобода и неколку други невладини и поединци и новинари итн. За да нема разделби има многу експерти околу кои треба да се створи единствен македонски став а тоа се Слободан Чашуле Ванковска Ристо Никовски Силјановска Донев Цуцуловски Мирчев Јанкуловски. Пред некој ден изјавата на Чашуле треба да биде единствен мак. став.
Од: goran
Датум: 13.08.2010 12:55:28
Odlicen tekst Rizaov,so edna zabeleska.Partnerite na Grcija vo EU i NATO smetaat deka Makedonija i pred antikvizacijata,a uste poveke potoa,ima teritorijalni pretenzii kon Grcija i zatoa ja poddrzuvaat vo se,no toa go kazuvaat so diplomatski jazik mislejki deka ednas ka ja sogledame realnosta i ke se potudime da ja barame vistinata,a ne da se samozalazuvame.
Од: Goran
Датум: 13.08.2010 14:59:00
Odlicen provokativen tekst. I sega ajde site da se raskarame. Da gi izvregajme site od dijasporata (inaku grcki zbor) i site sto mislat sprotivno. Bi bilo ubavo ako site sto imate komentar, napisete stomislite tocno vo vrska so problemot. Se soglasuvate ili ne i zosto. Konstruktivno i na normalno nivo, bez navredi. Makedonija ima intelegantni lugje, ama so navredi i gadosti nema da se stasa nikade. Licno, mislam deka problemot ne e vo dijasporata, na koja i sam i pripagjam. Mene nikoj ne me pretstavuva i ne me prasal za mislenje, kako i mnogu drugi sto ziveat nadvor od Makedonija.
Од: ја
Датум: 13.08.2010 15:23:00
Ероле,Тројанскиот коњ е тука во Владата внатре. Кога влезе сите му аплаудираа а сега по силната пропаганда наместо ВО Тројанскиот коњ јавачот е НА ТРОЈАНСКИОТ КОЊ.Сите го гледаме и го идентификувавме како ПАСТИРОТ,ФИРЕРЧЕТО, БОКСЕРЧЕТО.
Од: ДО 4 год незнаеш
Датум: 13.08.2010 15:29:04
Обратно е . Соседите се китат со Македонци. Се што е изградено и ке се гради е македонско во Македонија. Да не ви кажеа самите Грци и Бугари дека кај нив е 62% од Македонија немаше да верувате. Не ја читате вистината за Македонија. Се служите со грчкосрпскобугарска пропаганда. Во Пела на Александар немало Грци до 1913. Солун со 135000 луге само 15000 биле Грци. Кавала ја зеле без ниеден Грк. А Воден Костур Лерин и денес староседелците се Македонци. 1/3 од Бугарите се Македонци. Александар Кирил и Методи Самоил Крали Марко Прохор Пчински Гоце Даме Вапцаров се е Македонци и Македонија. На Балкан има 6 милиони луге со мак. потекло.
Од: mila
Датум: 13.08.2010 15:48:22
Ne sum pregolem znalec vo ovie neshta, no gledam deka nashite sosed ijuzno sosem elegantno vnatre vo sopstvenite redovi kje pronajdat fin nachin i sebe i drugite da gi ubedat deka tie so prisvojuvanjeto na antichkata makedonska istorija se vo pravo i deka antickite makedonci se vsushnost grci/heleni. (???)
Nie dodeka se ubedime deka i nie kolku i niv imame pravo na makedonskata anticka istorija i na seta ponatamoshna istoirja na Slovenite, koja nimalku ne e mala i nevredna (no zaedno ja davaat vistinskata slika za narodite koi ziveele na ovie prostori i od koi e i etnogenezata na nashiot narod)!!!!
Erol, ti kako za niv da rabotish, kako mene mi se chini.
Ako emotivno ne se povrzesh vistinski baram za eden del od istorijata na napatenva zemja se plasham deka nema da mozhesh ni za deneshnicata da se borish???!!!!
Koj nema vera vo Boga, nema tlo pod nozete!
FM. Dostoevski
Анализа
Редакција: Мајаковски бр. 2 Скопје 1000 Скопје тел 3236 900; факс 3236901 e-mail: [email protected]