Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Импулсивни сте и превртливи. Бидејќи тоа не се ваши особини, се чудите сами на себе. Се обидувате нешто да промените, но тотално сте збунети. Занимавањето со спорт и со децата ви помага на извесен начин да се консолидирате. И партнерот бара внимание од вас. Ако е Рак, дополнително ќе морате да ги задоволите неговите барања.



БИК

Чувствувате силна потреба да се обезбедите за црните денови. Тоа не е лоша особина, доколку никого не загрозувате. Периодот пред вас е добар и за занимавање со недвижности, селидба, па тргнете во акција. Една Скорпија ве поддржува во многу работи. Ни Јарецот не е рамнодушен.



БЛИЗНАЦИ

Успешен деловен период проследен со контакти и со потпишување договори. Имате добра астролошка поддршка. Пожелно е да соработувате со личност родена во знакот на Стрелец или во Лав, но и Терезијата не е лошо решение. Доколку поведете сметка за зборовите, шансите да успеете во еден зафат се големи.



РАК

Вредно работите, додека планетарните аспекти ви укажуваат да го намалите темпото. Сепак, се поднесувате во границите на нормалата, бидејќи сте мотивирани. Тоа се однесува и на заработката. Кога сте тргнале во акција, добро проценете. Бидејќи имате повеќе мотиви, проблемите ќе ги решите како на шега.



ЛАВ

Со самодоверба и брзи акции ќе го решите она што до вчера изгледало невозможно. Бидејќи постои опасност од повреди, чувајте се. Зрачите со енергија, но сте прилично нестрпливи што може да има и лоши последици. Доколку не успеете да ги совладате препреките, здравјето ќе ви биде на удар.



ДЕВИЦА

Се чувствувате како да не можете од себе да ја исфрлите негативната енергија. Како по обичај, ја преувеличувате ситуацијата и додавате од сопствениот зачин. Мора да функционирате јако и одлучно од она што можете. Веќе крајно време е да се навикнувате на ваквите ситуации.



ТЕРЕЗИЈА

Вредно работите за да ги оствар��те целите, било материјално или духовно. Бидејќи сте друштвени и толерантни, ве очекува пријатен и комуникативен ден. Енормна количина енергија вложувате во креативни задачи, што многу ќе ви се исплати. Една Скорпија ќе ви предложи нешто. Прифатете.



СКОРПИЈА

Конфликтната ситуација е евидентна, а и фактот дека не ви е лесно. Благодарение на движечката сила, ќе остварите исклучителни резултати, па не обрнувате внимание на ситните препреки. Тие се нормален тек на околностите, а Овен, кој од сите страни сака да ги минира вашите активности, наскоро ќе остане само бледа сенка.



СТРЕЛЕЦ

Се чувствувате слободно како птица на гранка, па покажувате заби на секој што се обидува да ви го расипе расположението. Бидејќи постои опасност од сообраќаен удар, мора да бидете дополнително внимателни. Се очекува остварување плодна соработка во сите сегменти.



ЈАРЕЦ

Успешен период за Јарците што се занимаваат со политика или за оние што сопствените интереси ги потиснуваат поради општествените интереси. Доколку ви се укаже можност некој да ви довери пари на чување, немојте да се плашите, бидејќи сте исклучително надарени за такви работи.



ВОДОЛИЈА

Бидејќи сте страшно тврдоглави, трпат вашите брачно-партнерски односи. Некој мора да попушти, а вам ви здосадило тоа да бидете вие. Планирате како да го изненадите постојаниот партнер. Нема да ви успее, бидејќи тој станал отпорен на вашите шокови и манипулации.



РИБИ

Влезени сте во одличен период за работа. Ако претерате, можете да се разболите. Наредните дена од вас се очекува смиреност во сите сегменти, посебно во исполнување на работните задачи. Виталноста ве предупредува дека мора да се занимавате со спорт за да ја зачувате формата.








#
Најди! во Утрински