Што прават денеска
Лилјана Корубин
модна дизајнерка
Ова ми е период кога сум преокупирана со уметничката форма на мозаикот. Подготвувам изложба на мозаици наесен, па речиси постојано работам на нив откако се вратив од одморот во Тоскана. Вечерва имаме средба со унгарскиот конзул и неговата сопруга, Карол и Ева Вадаш, а во меѓувреме денот ќе го искористам и за разгледување некои материјали.
Лидија Перчинкова
стилистка
Во ситните утрински часови се вратив од Охрид, каде што работев на еден избор за мис. Викендов морам да го искористам за пакување за одмор и в понеделник веќе конечно да заминеме семејно за Грција, да фатиме барем малку од летото.
Калина Наумовска
актерка
Неодамна се вратив од Охрид, каде што поминав едно суперлето. Гледав убави претстави на „Охридско лето“, се дружев со колегите-актери и сега сум во Скопје и чекам да започне театарската сезона. И ќе се потрудам да уживам во она што останува од „Скопско лето“.
|