На парцела вцртале објекти што не постоеле
Полицијата поднесе кривични пријави против Ѓ.К. (56), вработен во Министерството за финансии и претседател на Комисија за утврдување на функционалноста на градежно неизградено земјиште, Ј.В. (46), вработен во истото Министерство, и Љ.Т. (44) и Д.Р. (38), вработени во Државниот завод за геодетски работи. МВР ги осомничи дека во текот на 2004 година како Комисија за утврдување на функционалноста на градежно неизградено земјиште кое се бара да се врати во сопственост на катастарска парцела на која постои објект, изготвиле записник, во кој вцртале два објекта на катастарската парцела во која, според скицата од Секторот за премер и катастар Скопје, воопшто не постоеле. На тој начин, на предметното земјиште му дале карактер на градежно изградено земјиште и врз основа на изготвениот записник Првостепената комисија за денационализација за Карпош и Чаир го одбила барањето на барателите на земјиштето со што ги оштетиле за износ од 12,8 милиони денари. (Г.А.) |