Лира Грабул
- костимограф
Покрај редовните часови во Средното училиште за применета уметност, денеска треба да се информирам и за распоредот на моите предавања во ЕСРА, каде што сум предавач. Секако, во текот на денот работам и на подготовката на мојата изложба во почетокот на ноември во Музејот на современата уметност.
Марјан Коцев
- пејач
В среда, со колегите Анета, Зоран, Аце и брат ми Коки патуваме за Германија каде што имаме настап по повод празникот 11 Октомври пред нашите иселеници. Денешниот ден е, главно, во подготовки за патувањето и настапот.
Зорица Панчиќ
- актерка
Утринава играм претстава во Охрид, всушност на охридските деца им ја прикажуваме "Убавицата и ѕверот". Вечер, пак, на сцената на Велешкиот театар играм во "Птици" од Аристофан. Во меѓувреме, патувам на релација Охрид - Велес, а по "Птици", уште една делница до Скопје.
|