Вечната војна со олигарсите е мелем на рана која никогаш не зараснува
Приватизацијата на државниот и на општествениот имот е омилена политичка тема на транзицијата. Кој ја ограби Македонија е најлепливото прашање за добивање поени кај се' посиромашниот народ. Вечната војна со олигарсите, всушност, е мелем на рана која никогаш не зараснува. Само се ублажува болката на наивните од избори до избори. До освојувањето на власта. И се' така во недоглед како изминатите 20, така и во наредните сто години. Логичните и суштинските прашања за македонската приватизација се здодевни, и политички неатрактивни. Не носат гласови.
На пример: колку е праведна македонската приватизација. Дали е можна изградба на нов економски политички систем без промена на сопственоста. Што се случи со државниот и општествениот имот откако помина во приватни раце. Колку компании од приватизираните кои порано биле општествени, сега се поуспешни. А колку ги снема. Каде исчезнаа. И имотот и работниците. Колку приватизираните компании инвестираа во периодот на транзицијата, а колку поделија дивиденда на сопствениците. Колку банкротираа. Колку и кои компании се продадени на странски инвеститори и колку од тоа доби државата. Каде се потрошени тие пари. Како работат фирмите што ги купија странски државни или приватни компании, а како работеа пред да бидат продадени. Дали имало некаква стратегија, на кого и под какви услови, се продаваат значајни македонски компании. Колкав е сега ќарот на државата од продадените компании на странски, а колку од домашни сопственици. Колку луѓе се осудени за криминал во приватизационите процеси. Каде отиде имотот на големите социјалистички земјоделски комбинати, големите фабрики и рудници. Дали може да се надомести нешто на тие граѓани што останаа надвор од процесите на приватизацијата, а имаат дадено голем придонес за зголемување на општествениот и државниот капитал. Зошто целото внимание на јавноста и на политиката е насочено само кон успешните компании.
Во Македонија за ова нема научна, стручна и непристрасна анализа. Има само селективна политичка пресметка која се засилува или ублажува во зависност од тоа колку се празни или полни партиските каси што се полнат, главно, со парите од истите тие компании, или од злоупотребата на буџетските пари на граѓаните кои по индиректни патишта стасуваат до филијалите на партиите. Политичките партии кога се на власт се најзначајните и најмоќни компании. Кога се во опозиција, се сиромашни. Додека се на власт, трошат огромни пари, а потоа се осипуваат. Партиските махери се селат кај што се парите. Таа е нивната единствена идеологија. Прашајте ги загрижените партиски војници и функционери кога последен пат платиле членарина, или дале некаква парична донација за својата партија, се разбира, ако пред тоа не зеле пари од државата по сомнителни патишта.
Се' додека нема компетентен одговор на овие и на многу други прашања во врска со промената на сопственоста на компаниите и имотот во Македонија најлогичен одговор би бил: приватизацијата е онолку успешна колку што беше успешна национализацијата, аграрната реформа и експропријацијата на приватниот имот по Втората светска војна и тогашната промена на општествено-економскиот систем. Сите револуционерни закони кои не се плод на еволуција и природен раст и созревање носат големи неправди и несреќи за граѓаните на тие земји. Секое брзо богатење на една страна значи десет пати побрзо осиромашување на друга страна. Нормално, ако не е плод на вистински развој.
Пол��тичките лидери од грешките во приватизацијата и од законските недоречености прават свој капитал за освојување на власта и грубо ја пренасочуваат сопственоста кон идеолошките матрици што ги застапуваат. Таквите нагли процеси инсталирани од политиката широко ги отвораат вратите за криминал под заштита на државата. Олигархијата и транзициското профитерство не е специјалност само на Македонија. Но, тоа во никој случај не може и не смее да биде оправдување и повод за забошотување на криминалот направен со приватизацијата. Најлошо е што политиката пред јавноста се' става во ист кош. И успешните и неуспешните.
Затоа сега ќе се наметнуваат јалови дилеми дали ревизијата на приватизацијата е уставно-правно, или кривично-правно прашање кое во суштина граѓаните го читаат како: дали повеќе крадеа вашите или нашите. Дали Бранко Црвенковски блефира кога бара уставни промени за проверка на приватизацијата, или Никола Груевски блефира кога ги прифаќа. Општ впечаток е што и да се направи, со или без уставни промени, македонската приватизација постојано ќе се влече како една од задолжителните предизборни кампањи. Уште долги години тоа ќе биде дежурна тема без оглед што трансформацијата на општествениот и државниот капитал во приватен е речиси завршена работа. Постојаната закана со преиспитување на приватизацијата е типичен пример на правна несигурност идеална за корупција и рекет. Многу подобро би било државата да ги активира механизмите и да исправи одредени неправди, да санкционира злоупотреби и криминал, да поправи грешки кои се направени за време на големите историски промени како што е приватизацијата. Македонија се' уште има голем капитал во државна сопственост со кој може да се надоместат неправдите кон одредени категории граѓани. Не треба да се заборави дека Македонија имаше и општествената сопственост која веднаш по прогласувањето на независноста, државата незаконски ја приграби како државна сопственост. Притоа, нанесена е голема неправда на многу луѓе кои дале огромен придонес во создавањето на тој капитал. Сопствениците на општествениот имот се најонеправданата категорија во македонската приватизација. Макар и симболичен надомест на онеправданите граѓани со приватизацијата може да постигне многу повеќе ефекти отколку со долгите судски процеси и меѓупартиски пресметки преку грбот на новите сопственици на општествениот и државниот капитал, кој одамна попримил нови димензии. Политичката пресметка најжестоко се одвива, всушност, на планот на прераспределбата на капиталот. Тоа е сериозна закана за успешните компании кои поради политички мотиви и нов вид национализација и експропријација можат да банкротираат или да влезат во сериозна криза. Таквото исправање на неправдите од грешките при приватизацијата би била Пирова победа. Таму треба да се бара мотивот на еден од најуспешните македонски бизнисмени, Штерјо Наков, дека размислува да им ги подели своите акции на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ под услов со нив да управува Црквата.
Можете ли да ги замислите Никола Груевски и Бранко Црвенковски како главни менаџери, а дедо Стефан претседател на Управен одбор. Што мислите, по ваквата евентуална поделба, за колку време ќе пропадне компанијата? Од друга страна, големите приватизирани компании, конечно, мора сериозно да работат и на една нова димензија што се вика општествена одговорност. Тие никогаш не треба да ги заборават олеснителните можности што им ги дала државата законски да го стекнат имотот. Треба да му се оддолжат на првиот сопственик. На основачот. А, тоа е македонската држава.
Koj ja ograbi Makedonija, znaeme site. Pred nekoj den i Branko gi spomna so ime i prezime firmite koj se "sporni".Gazdite(gangsterite) na tie firmi ne se bilo koj.(mu cestitam na Branko za hrabrosta, no mislam ke si go dobie za toa).Tie gangsteri se i gazdi na ovaa propadnata drzava. Zarem sega samite sebe da se sudat i osuduvaat?Ne, sega ke ne zamajavaat deka ne treba da gledame vo minatoto, samo vo idninata da gledame, i da ne se sekirame, bidejki drzavata(a i parite) e vo "sigurni race". Nie nemo ke posmatrame, i ke strakame po tastaturive.Tie ke si teraat i ponataka, promeni nema da ima,osven ako pukni filmot pa se sluci REVOLUCIJA. Toa tesko- ama se e mozno.
Од: nacional-patriot
Датум: 16.04.2010 00:39:26
Ljubco izrodot pred da dojde na vlast vo 1998 godina,vetuvase revizija na privatizacijata kako jadica za dobivanje glasovi.Dojde na vlast,no nisto nemase od revizijata i samiot toj vleze vo korupciskite vodi.Vo 2002 godina pred Branko da se vrati na vlast,SDSM-ovcite vetuvaa golemi apsenja,vo prv red Ljubco so Sneska i golemi istragi,no i toa bese samo jadica za glasovi.Najgolema vina za kriminalnata privatizacija ima rezimot na Branko,no i negoviot politicki brat Ljubco.Treba da se pocne od glavata na Lamjata,a potoa ke odi polesno so rascistuvanjata.Erole,vo ovoj tekst ne gi spomna meguetnickite odnosi.Onie od Bihacka da ne te karaat posle.
Од: gjon
Датум: 16.04.2010 00:40:13
Komentarite na E. Rizaov sekogas bile izdrzani i sodrzajni, no se prasuvam zosto, na primer toj, ne se zafati so analiza samo na eden realen i opipliv i konkreten problem terajki gi analizite ,a na toj nacin i moznoto resavanje na toj problem do kraj. Da se setime za ova na primer na aferata votergejt so koja dvajca novinari doguraa do obaranje na predsedatelot Nikson? Ako g. Rizaov ne moze da najde takov problem eve jas ke mu postavam eden. Toa e neplateniot raboten staz na rabotnicite koi svojot raboten vek go pominaa vo doo Rade Koncar -zavaruvanje i dali noviot gazda tamu makar i malku misli da go plati stazot na jadniot narod. Napomenuvam deka odejki po "patekite " na ovoj problem g.Rizaov ke naide na site mozni raboti koi se slucija vo tranzicijata. So cesno analiziranje na seto toa,mozebi ima sansa da izleze nesto dobro i realno za makedonskiot napaten covek, nesto sto se vika "vrabac u ruci".
Од: mimi
Датум: 16.04.2010 00:45:03
ZNETE koj Crvenkovski i negova kompanija od kade mu pari da seta od selo vo selo baba mu da ne mu gi dade a Gruevski i kompanija ke ne dokarat na prosjacki stap lapaci edni ima nekoj gore gleda se koga togas ke mu plati pozzzz
Од: Tepaniot tepan..........
Датум: 16.04.2010 00:50:28
Ova Vase izlaganje go svacam kako mislenje deka procesot na revizija na privatizacijata bi bil nepotreben i bi nanel povece steta ,a nikakva korist.Pri toa sami naveduvate deka istata bila krajno nepravdena, necesna pa i kriminalna, i so nea odredeni ludje na necesen nacin vrz plecite na ostanatiot narod "drpnaa"ogromni bogatstva. E sega na seto toa da turime pepel , ili kako sto rekol narodot "tepaniot tepan...." i da se posvetime na razvojot , podrska na uspesnite firmi i razvoj na dermokratijata. A toa sto vo srsta na seto toa lezi kriminal i zlocin prema narodot ne e mnogu bitno. Pa nie sme naviknati da amnestirame zlocini. Povece od jasno ni e deka se nema ni volja ni cesnost ovaj proekt da se sprovedi i deka seto ova e frlanje prasina. Ne se bara da Sterjo, Zingo,Mukaetovski, Davitkovci i sl. se upropastat i osiromasat, no samo da si go platat ona sto go zele za djabe od narodot i drzavata., a i ponatamu neka si rabotat uspesno so firmite. Za pari ne gi zalete mnogu.
Од: ivo
Датум: 16.04.2010 01:08:58
Prasanjata i dilemite se zadocneti , aktuelni, onaka za vo eter ili e prasanje na neverba vo instituciite na sistemot ( sudovi, upravi, vladi, obviniteli....) Koga site sudii , i nivnite obucuvaci vo izminatite dve dekadi, bi ostanale samo po edna godina bez rabota, a kamo li dve,tri,... voopsto ne bi trebalo da ima Akademija za sudii! Gladot bi gi naucil kako da sudat! Vaka, samo prasanja a politicarite , nekako mu doagaat kako "zamena" za odgovorite. Vazno bese i ednite i drugite, zaedno so mediumite da se siti! Kako ke e ponatamu, ke vidime!Ne zavisi od odgovorite, tuku od odgovornite!!!
Од: Vangel
Датум: 16.04.2010 01:16:14
I vrapcinjata znaat deka e Branko kriv za se, a voedno i koj e, sto e i sto napravil i ce napravi. Ne treba vo 2010 ili ponatamu da se lazeme ili ubeduvame so gluposti i neadekvatni poedinci.
Од: Mapkoc
Датум: 16.04.2010 01:42:08
Авторот смета дека големите компании морале да ја јакнат општествената одговорност за стекнатиот имот преку законски олеснувања, па затоа требало да му се оддолжат на „добродетелот„, односно на претходниот сопственик - државата. Значи, „оддолжувањето„ би било доброволно! Ваква наивност не би очекувал од г. Ризаов, инаку ценет автор. Општествена одговорност за стекнат имот - какви се тоа трици? Уредена држава мора да има такви инструменти, кои на стопнаството (не само на „големите компании„), ќе му овозможат да се развива, напоредо со примерени давачки за државата. Друго е прашање што неа, државата, наместо немилосрдни проводители на законот, често ја персонифицираат високопозиционирани луѓе потонати во корупција, односно во спрега со стопански субјекти. Оттаму и впечаток дека е државата во мафијашки раце.
Од: veteran
Датум: 16.04.2010 03:20:54
Sto fajda od analizi,menuvanje ustavi isl,koga rabotata e zavrsena uste na pocetokot so donesuvanje na zakonot za transformacija na opstestveniot kapital.Sega mozete da go besite Branko i Ljubco kako negov sledbenik,.Sega i da se odzema imotot od nvite neregluarni sopstvenici ne se znae komu da se vrati bidejki nemase titular na sopstvenosta(ne e ni drzavata sopstvenik).Znaci i da se utvrdat site neregularnosti,komu ke se vrati ograbeniot imot?
Од: trajko
Датум: 16.04.2010 07:21:38
Браво Ероле.Прашалникот е напишан точно како што треба.Сите прашања се погодени.Дали има некој да одговори и еднаш да добиеме релевантен одговор кој и со што придонесе за оваа денешна состојба во земјава.Доста ни е од Вангеловци.Бранко е крив и без дискусија.Аман бре освестете се.
Од: До Vangel
Датум: 16.04.2010 07:36:59
Малите деца викаат„сакам кажам незнам речам„
Од: Прашање: - Кој ја ограби Македонија?
Датум: 16.04.2010 07:37:10
Одговор: -Али Баба Бранко и неговите разбојници!
Од: забеган
Датум: 16.04.2010 08:19:50
Супер наслов Кој ја ограби МАКЕДОНИЈА?,Нека излезат Бранко и Грујо и јавно нека кажат.Или истите онија кои беа вчера во Шуто-оризари.Или она НАРОДНАТА ако не може по атот удри по самарот.
Од: valerija
Датум: 16.04.2010 08:40:40
zarem novinarite nemozat da dojdat do nekoja prikazna za tie famozni privatizacii koj sto kako?
Од: Prijatel
Датум: 16.04.2010 09:06:21
Bravo G. Erol za kriminalot od prv stepen vo Makedonija Makedonskiot Narod mozes da go lazes kako sakas i sve prifaka i veruva vo kumunizmot se predava za edno pivo a kamoli za nekolku evra nikoj ne se organizira da se oslobodi od oligarcite i zatova neka plaka so siromastia mnogu mie zal za rabotnicite i Mlekarite od Svidmilk tie glasa za kriminalcite da imat kako sto pravat koj raboti i ima....
Од: toni
Датум: 16.04.2010 09:07:41
Aj sega da ja vidam Sirmica vojvodica (alijas Shema na BC) da komentira za Shterjo nivniot pulen i proizvod sto im svrte grb. I ti li sine Brute? Sirmiiiicaaaaa...
Од: dara bubamara
Датум: 16.04.2010 09:14:09
Ne se osuduvam da gi komentiram Vasite tezi za promenata na ekonomsko-politickiot sistem zosto i Vie samite velite deka vo Makedonija nema naucna i strucna analiza za toa, no znam koj ja ograbi Makedonija. Tie sto privatizacijata i prodazbata na drzavnite firmi ja vrsea so neposredni spogodbi vo cetiri oci za razlika od vremeto naq Crvenkovski koga privatizacijata se vrsese posle napraveni procenki za vrednosta na opstestveniot kapital i koga sopstvenici na toj kapityal bea i vrabotenite i tie imaa moznost da odlucuvaat na kogo ke ja prodadat svojata firma.
Од: ivona
Датум: 16.04.2010 09:26:39
golemite trgovski firmi so sopstveni objekti so ogromen kapital propadnaa samo formalno i pod izgovor virmi vo stecaj Smilenski koj go ukrade doslovno Centro od zatvor sobira kirii od Tineks.kam-market ,Tediko,Zito veles,i mnogu drugi firmi koj se uste uspesno rabotat i so plakahje kirija a,Centro i Slavija bez kirii so opremeni objekti i obuceni kadri ne mozea da rabotat .Kako toa se dozvoluva i ne mu se konfiskuva imotot na Smilenski koj ja privatizirase cela istocana Makedonija ,gi ostavi site rabotnici na ulica i uste se sobira kirii od Centro.od bratstvo edinstvo.od inkop.od zelop.od sniteks od berovcanka od bogdanci oranzerii,od mnogu stipski i delcevski firmi sto gi privatizirase vo vremeto na Lubco Georgievski.Toa treba da se resi i da gi vrati parite a ne sinovite da gi nosat vo kuferi za Viena.
Од: Mitko
Датум: 16.04.2010 10:10:06
Кој е крив ? Кој е крив ? Кој е крив ? - Буре барут (којзнае кој дел) . Наместо да се свртиме и да сработиме нешто, ние Македонците вечно исправаме „криви Дрини“. Фирмата во која работеше татко ми (бог да го прости) ја украдоа (не приватизираа) два тројца директори - сега„газди“ , ама неќе да им е на арно. Се согласувам дека “тепаниот си е тепан, а е..ниот е..н“. Заради тоа мислам дека треба повеќе да гледаме напред одошто наназад. А ако некој имадоблест (м...ња) да чепка во приватизацијата, мислам дека ќе има подршка од повеќето граѓани, но не и од наведените блефери и нивните сателити.
Од: nekoj
Датум: 16.04.2010 10:24:43
Dobra analiza Erol, no ne se soglasuvam deka ako ne se resilo do sega nema da se resi ni narednite 100 godini. Vie kako da go posakuvate toa? :) Ne, ne, ne ke se resi i toa kako, samo poleka, da se razbudi nardov. Sepak narodot ni e neobrazuvan i ne svesen sto znaci ovoj nov sistem..no poleka se razbuduva. Toj sto kradel ke si go jade stapot, sega ili pokasno. Toa e priroden zakon-nisto ne e vecno.
Од: Миле - Охрид
Датум: 16.04.2010 10:33:58
Одлично. Му честитам на г-ин Ризаов за храброста што ја собра за да се врати на вистинската новинарска работа. Ова е текст кој повикува на обединување на македонската јавност околу принципите , стандардите и вредностите кои ги промовира ЕУ. Нивната имплементација преку примена на демократските механизми на парламентарната демократија и владеењето на правото се единствен лек за придвижување на Македонија кон напред.
Се надевам дека авторот го отфрли принципот на барање причини за проблемите во наводните провокации кои власта ги прави кон Грција баранејќи го правото на македонскиот народ да си го сочува името. Сереќен сум што овој пат не ни понуди прифаќање на шовинистичките барања на Грција како сеопфатно решение на сите проблеми во Македонија.
Од: Natasa
Датум: 16.04.2010 10:45:50
Da se podsetime na praviloto na toa kako evreinot kupuva kuka. Toj najprvo go prasuva prodavacot na imotot: koj ja gadese kukava, ti ili tatkoti?
Taka se sluci i so privatizacijata na firmite. Rabotnickata klasa vo eden sistem gi gradese firmite, industriskite kapaciteti, patistata. Gi gradea so svojot trud koj ne bese realno vrednuvan no so entuzijazam za opsto dobro, za po dobra licna idnina, no i za idninata na idnite generacii. So preminuvanje od eden sistem vo drug se ostvarija zelbite na “kupuvacite”. Se sluci imotot da go prodavaat onie koj ne vlozile ni trunka trud vo negovoto stvaranje. Tie sto go stvorija toj kapital ostanaa na ulica a nekoi “sreknici” so penzii so koi edvaj se prezivuva.
Denes, “kupuvacite” ili novite gazdi, postojano im visat nad glavite na vrabotenite so nekakov tehnoloski visok. Za slikata vo ruralnite sredini vo koi nemalo ulicno osvetluvanje pa isceznuvale deca, zalno e da se komentira.
Politicari, prestanete so izlitenite kavgi. Pocnete da rabotit
Од: В��имателен читател
Датум: 16.04.2010 10:53:39
До Маркос. Одолжувањето на компаниите со општествена одговорност кон државата е морална категорија бидејки станува збор за законски стекната имот. Значи се работи за дополнителни износи или донации над редовнитре давачки и придонеси што ги плакаат сите компании.
Што се однесува до криминалната приватизација, тие компании мораат да бидат под удар на законите за што експлицитно се залага авторот на текстот. Проблемот е што политиката се става во исти кош како што пишува Ризаов. И законски и незаконски.Претпоставувам дека тоа го разлкувате. Или и вие викате Смрт на богаташите..... Изгледа г. Маркос и Вие сте ја лапнале јадицата на политиката.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.04.2010 11:03:59
Написот е солиден од аспект на ретроспективата на приватизацијата.Но бегло преминувате преку денационализацијата како феномен.Во повеќето посткомунистички земји прво се изврши денационализација па потоа приватизација.На предходните сопственици им беше признат удел во сегашниве компании во зависност од некогашната вредност.Така на пример е во Хрватска е Бадел,Гавриловиќ и др. компании.Тука лежи гревот на виножитниот спасител што направи прво криминална приватизација а не прво денационализација.
Од: Трпе
Датум: 16.04.2010 11:08:16
Македонија ја ограбија сончогледите,кои секогаш се блиски до власта и самата власт.Закони има за откривање на апашите на државниот имот и сеуште кои ги плачкат македонските граѓани.Но никој не сака да ѓи применува.Затоа грабежите продолжуват без никаков страв.Ако Љубчо стана најбогатиот бизнисмен од овој регион,ајде погодете кој ке биде побогат и од него?Само што овој потенцијален богаташ наместо парите да ги инвестира во источните и јужните соседи ,овој инвестира и ќе инвестира малку понасевер.
Од: Перо Коцин-Сиднеј
Датум: 16.04.2010 11:20:54
ЕРОЛЕ. сигурно јас не!!! И малите деца знаат кој ја опљачка земјата наша, но за жал не се најде јунак да се пресмета со нив!!
Од: Стојанче
Датум: 16.04.2010 11:34:19
Сегашните и бившите политичари нека ја објават својата финансиска состојба. Па потоа да се изврши ревизија на имотите и приходите на најбогатите 1000 во Македонија.
Од: mene
Датум: 16.04.2010 12:01:04
vo vremeto koga premier bese Ljubco izrodot minister za finansii bese Grujco,nacinal-patriotce.A ti vinoziten opsednat felikse potrudi se da ja naucis vistinata i posle komentiraj.i normalno e portokalovite da se branat i da napagjaat.pa nivnite fotelji imaat skrseni noze edvaj sedat na niv a na jadnite uste im trebaat pari...i bas me interesira utrinski dali ovoj pat ke mi go objavite komentarov,posto ne dozvoluvate nekoj da im ja plesne na feliksi vangelovci i ostali portokalovi u faca...
Од: stavre
Датум: 16.04.2010 12:27:45
Koj e kriv sto dve nedeli vrne i ne mozam da vozam motor? Samo Bicikliski zanae: Branko!
Од: Rage
Датум: 16.04.2010 14:06:15
Osmanliite pocnaa da ja grabaat, Srbite prodolzija, komunistite tajno ja grabaa, trancijava epten, taka da sega i ne e vazno koga ostanavme so prst vo usta, a vie sive ovie godini molk, molk molk.......
Од: sirma vojvoda
Датум: 16.04.2010 16:47:47
Tonce bonbonce FERSPED e privatiziran vo vreme na vmro ako ne si znael da ti kazam ne sam laj tuka kolku da napises nesto napisi nesto sto e izdrzano kako i da e mislam deka sega ima vecerni ucilista trkni za nepolna godina davaat diplomi i posle maftaj kolku sakas...okolu privatizacijata ke kazam deka Branko izleze so konkreten stav revizija Nikolce bega toa e fakt ima arfiva poglednete,za nda mozat da poglednat portokalite ke im treba uste nekoja poseta vo vecernite tamu gi ucat(perat)dodeka drzavata odi vo ambis......OTPOR!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!