Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Брана за беззаконието на факултетите

Билјана Јовановска

Голем број од приватните универзитети во Македонија стојат на стаклени нозе. Сериозно им се ниша земјата и во прашање се доведува дури и натамошното опстојување. Државниот просветен инспекторат под лупа го стави нивното работење и, конечно, тоа е потег за поздравување. Всушност, ова е една од ретките работи на власта за која јавноста нема да има забелешки, бидејќи изјавата „Мора да има ред и почитување на законите“ на министерот за образование, Никола Тодоров, е нешто што го посакуваат сите.

Кој не сака децата да им добиваат валидни дипломи, а не некој сега да им ги оспорува? Веројатно има и такви кои се навикнати нивните галеничиња да имаат ВИП-третман од прво одделение, па до универзитетска диплома, ама нивниот број, сепак, е помал.

Јавна тајна е дека во голем дел од приватните универзитети нема ни „з“ од почитување на законитоста, а пред се' на Законот за високо образование. Се однесуваа како овој акт да не постои или е ставен на некое најскришно место за да не го гледаат и да не ги потсетува на фактот дека мора да го почитуваат.

Така и дојдовме во ситуација на новоформираните универзитети да владее тотален хаос и да царува самоволието. Да може да се запише кој сака, да предаваат сомнителни професори, да нема матични книги на запишани и главна книга со дипломирани студенти, едноставно никаква евиденција... И, што е најстрашно, со години сето ова се толерираше со што новите генерации академци во континуитет се доведуваа во заблуда дека овој или оној приватен универзитет е нивниот вистински избор.

Општо е познато дека преку универзитетите се вршат големи финансиски трансакции и во одделни случаи тие служеле и како пералници на пари. Меѓутоа, за ваквите активности и за најфлагрантното непочитување на законите, кое не е од вчера, туку со години наназад, никому не му фалеше влакно од главата.

Од оваа одговорност не може да се изземе ни Владата на Никола Груевски, која низ кампањи го форсира „знаењето“, отвора факултети на секое ќоше, се фали дека над 93 отсто од завршените средношколци се запишале на универзитет, ама и го дозволи процутот на незаконското работење на високообразовните институции.

Иако, како што покажаа инспекциски увиди, тие не го исполнувале ни најосновниот услов - немале банкарски гаранции, што е алфа и омега при отворањето на ваква институција. Да не говориме за тоа дека запишувањето било без никаков критериум, академски статус добивале и ученици со завршено тригодишно стручно училиште и студент станувал секој што ќе посакал. И по четири, пет или шест години, истите тие ќе заземат функции, ќе мудруваат и, не е исклучено, ќе учествуваат во некакви важни преговори и договори, ќе ја водат државата.

Најдобар пример дека и власта не само што го толерирала туку и ги форсирала сомнителните факултети е тендерот на кој „победи“ Бизнис-академијата „Смилевски“, која, замислете, воопшто не го исполнува условот за постоење - нема банкарска гаранција, а била избрана од Владата да ги рангира и да врши евалуација на државните универзитети! Има ли поголема навреда и апсурд.

Тоа е како неписмен човек да го оценува степенот на писменост на некој познат и потврден писател, на пример. И, згора на се', за оваа зделка, со одлука на поранешниот министер за образование, добиле 160.000 евра од буџетот!

Од Џорџе Арсов, директор на Инспекторатот, слушнавме дека до минатата година таму работел само еден инспектор. Значи, не е ни чудно што незаконијата до толку се насобрале што при увидите, се чини, најтешко им било да пронајдат некој валиден документ. Но, од никого не слушнавме дали некој ќе одговара за ова.


#
Статијата е прочитана 1018 пати.

Испрати коментар

Од: spire
Датум: 02.07.2010 03:01:07
Едно да ни е јасно на сите, власта што го воведе беззаконието во Образованието и во сите пори на општественото живеење.... не може да го поправи... ЛУДА КУЌА........
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.07.2010 07:02:46
На приватните универзитети студент може да падне единствено на скали ако се спрепне?
Од: mirjana
Датум: 02.07.2010 09:22:31
Za zal - se e tocno! Vo eden del upotrebuvate minato vreme - a nisto ne e minato - seuste e taka i dolgo ke bide taka. Se prasuvam samo: koj e toj roditel koj znaejki gi kvalitetite na svoeto dete, bi go zapisal na nekoj privaten univerzitet?! Odgovorot go znae sekoj roditel?? I pokraj toa sto vlasta se trudi na sekoj mozen nacin da go namali kredibilitetot i ugledot na UKIM, podobar dolgo vreme nema da imame.
Од: Mirjana Najcevska
Датум: 02.07.2010 10:01:30
Mnogu se soglasuvam so prevzemanje na merki nasoceni kon pocituvanje na zakonite i postignuvanje kvalitetna nastava na privatnite i na drzavnite univerziteti. Ona od sto se plasam e deka i ovie merki pretstavuvaat samo sarada koja sto treba da gi zamacka ocite ili da dade mnogu selektivna reakcija na siroko rasprottranet problem. Bi go dala primerot na Akademija italjana za koja imam neposredni podatoci. Vo potpolnost se soglasuvam deka ima propusti vo organizacijata i vodenjeto na fakultetot, megjutoa ne smee da se zaboravi komparativniot moment. imeno, takva kakva sto e vo momentot sepak e podobra od site ostanati fakulteti koi nudat studii za graficki dizajn. uste poveke, studentite koi ne uspevaat da pominat godina na ovoj fakultet (zaradi neredovnost ili neznaenje se prefrlaat na drugi fakulteti (najcesto na Evropskiot univerzitet vo Skopje) i tamu im se priznavaat ispiti koi ne gi polozile i zavrsuvaat vo rekorden rok. Toa znaci deka treba malku da se navleze i podlaboko vo ana
Од: sirma vojvoda
Датум: 02.07.2010 10:49:34
privatnite ne gi biduva ama drzavnite na celo so velimirce ccccccccccccccccc BRUKAAAAAAAAA
Од: ne e bitno
Датум: 02.07.2010 10:58:35
do "Mirjana". Jas bi go zapisala moeto dete-koga ke go imam :) na univerzitet (se razbira ako saka) nadvor od RM. Tolku mozam da kazam za univerzitetite vo banana drzavata Makedonija, drzavni ili privatni. I mislam deka e mnogu nizko i neintelektualno da se zboruva za "ako deteto ima kvaliteti". Sekoj ima kvaliteti. Fakultetot najposle ne e nisto tesko i slozeno, izmislen e za luge od luge, iskustva preneseni vo knigi. No interesite na site ne se isti, zatoa i nekoj saka da studira, nekoj ne saka. Kolku nekoj ke bide uspesen vo zivotot ne zavisi od toa dali imal ili ne ffakultet (iako e dobro d ima, se razbira ne makedonski).
Од: КОЈ И ЗОШТО СЕ ПЛАШИ ОД БАС
Датум: 02.07.2010 11:24:35
Уште еднаш се прашувам: Кој и зошто се плаши од БАС?За некои и ми е јасно,конкуренцијата. Но, Ве прашувам Вас, Билјана, како новинар, кој е Вашот интетес на страниците на овој медиум да пласирате лаги и невистини.Ве прашувам јавно да одговорите ,дали воопшто сте го виделе извештајот од просветната инспекција или можеби банкарската гаранција? Каква е Вашата пред се морална одговорност пред самата себе , пред милионската публика која ги чита Вашите редови и пред претпоставениот кој Ви доверил простор во медиумот? Ве цитирам: Има ли поголема навреда и апсурд.
Од: nina
Датум: 02.07.2010 12:41:34
Кога се отвора високо образовна институција, надлезните органи,како, Државниот просветен испекторат, самото Министерство за образованиеи и др. надлежни институции,треба, пред да започне со работа конкретниот фак.да извршат ревизија, врз целокупната законска регулатива за отварање на фак. а не, ревизијата се врши после 3,4 год од нивното работење....и кој е виовен..се разбира, државата т.е. власта која ги гони ситните тезгари по пазарите а крупниот криминал цвета на велико ...не сме пораснати ние за во Европа...уште многу фурни леб треба да изеди овој криминален народ за да се научи на ред и дисциплина..
Од: Крт
Датум: 02.07.2010 13:40:10
А што мислите каков факлултет заврши ,,омилениот ,, ни премиер и на каков начин.Затоа сега никнаа факултети на секоја ливада и лединка низ Македонија.(на тој начин ќе си го лечи комплексот).Во некое бившо време преку ноќ луѓе стануваа дипломирани економисти,доктори...ама во ПРИШТИНА.Се ни се врати назад!

Најди! во Утрински
Едиторијал