Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Мите Димовски

музичар

Денеска ги пречекувам синот и сопругата, кои се враќаат од одмор. Така најголем дел од денот им го посветувам ним, да си го надоместиме времето на разделеност. Инаку во студиото започнувам да работам на новиот албум на „Митан проект“ и да се подготвуваме за летните настапи.

Маја Вукиќевиќ

пејачка

За денешниов ден имам многу желби и планови, но дали ќе ги остварам, зависи од расположението со кое ќе се разбудам. Знам дека морам да одам да ја снимам новата песна во студио кај Александар Масевски. Во меѓувреме размислувам и за некоја дестинација за одмор.

Диме Илиев

актер

Уживам во заслужениот одмор по интензивната сезона со претстави и со синхронизации. Всушност, треба да завршам уште неколку синхронизации за ТВ-серии, но веќе сметам дека сум на одмор. Веројатно, денеска ќе поминам на кафе во Драмски да се видам со колегите.


#
Најди! во Утрински