Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Писма
ИВЗ се' уште не го поминала прагот

Седат Шабани, Скопје



И овој месец на Рамазан ги затекна муслиманите на Македонија и нивната единствена институција во немарност. Поминаа и овие избори. Дел од Владата стана онаа партија којашто имаше директен судир со оваа институција, т.е. со нејзини челници. Се разменуваа разни обвиненија и изјави во кои ДУИ, од една страна, ја обвинуваше ИВЗ за наклонетост кон една партија, додека ИВЗ возвраќаше со „факти“ дека ДПА била единствената што се грижела за нејзината добросостојба и успешно битивствување. Во Рамазан, како резултат на погрешната политика, почна и разнебитувањето на политичкиот фактор посочуван од страна на ДУИ, како партија која ја филијализираше ИВЗ.

Како што одминуваат деновите на Рамазан, само расте песимизмот и се губи надежта дека нешто може да се смени во ИВЗ. Тоа што во Рамазан им се случи на некогашните патрони на ИВЗ не може да и' случи и на самата ИВЗ, бидејќи во ИВЗ згаснала и последната жива клетка што ја имала. Во ИВЗ бездушно се задушија сите иницијативи однатре. Последна епизода беше дуелот „скопскиот муфтијата против реисот“.

Песимизмот расте дотолку повеќе кога се има предвид дека албанската партија што е на власт не е во можност да направи ниту добро ниту лошо за оваа институција. Тие, по се' изгледа, во моментов се во ситуација, пластично опишана во албанската поговорка „ниту доброто на Турчинот ниту злото на каурот“. Не дека не сакаат или пак дека немаат волја, туку едноставно немаат идеи и не се способни да влијаат врз нејзиното подобрување. Фала му на бога што не се како нивните претходници кои намерно не ја подобруваа оваа институција, бидејќи зад нив стоеше еден куп банди, туку отидоа дотаму што го вратија процесот со декади наназад. Тоа што тие го направија е како на Косово повторно на политичката сцена да ги вратиш Рахман Морина или Фадил Хоџа или, пак, во ИЗ на Босна да го вратиш реисот Хаџиабдиќ или на Косово, Јетиш?!

Ова за несреќа се случи само во Македонија и е еден феномен кој налага посебни анализи.

Секоја Исламска заедница, слична на нашава, во бившите републики на некогашна Југославија, како во Босна, Црна Гора, Косово, па дури и во Србија, ја поминаа фазата на транзиција по природен тек и без бурни турбуленции или тешкотии. Тие денес функционираат за доброто на своите верници, имамите и другите вработени се плаќаат редовно и многу подобро од нашите, иако имаат многу послаби финансиски ресурси од нашите...

Тие дури и' помагаат на својата др��ава за постигање напредок во областа на предвидените интеграции, каде што со голем успех ги градат своите институции, го збогатуваат верскиот живот и го институционализираат, а со тоа додаваат вредности и генерираат хармонија во своите општества. Кај нас тоа не се случи. За жалење е констатацијата за неуспехот на цела една генерација. Овде мислам на генерација на моите почитувани професори Бахри еф. Алиу, хафиз Исмаил Барди, Мухамед еф. Аручи, па зошто не и Сабахудин еф. Махмути... Тркалото се врати наназад и тоа без трошка срам, слично на футуристички филм.

За да се премине овој праг и за да се надмине оваа фаза на транзиција, на оваа институција, за жал, не и' преостанало ништо друго освен овие две опции, каде што разликата меѓу обете опции се токму како ден и ноќ или пак како небото и земјата.

Првата, по сите овие перипетии, несогласувања и проблеми што доаѓаат со промените на владите или по парламентарните избори, оваа институција има потреба од консензус во неа, но исто така уште по важно е да се постигне договор кој ќе ја изразува добрата волја помеѓу политичкиот фактор и невладините организации коишто придонесуваат за афирмација на верските вредности. Доколку постои можност во овој процес да се вклучат партиите на Турците, Бошњаците, Торбешите и Ромите и сите заедно да ја почувствуваат оваа институција како своја, би било многу подобро. Доста веќе се девалвираше ИВЗ, дури дојде до тој степен што стана обична крпа во рацете на лесноумните и неодговорните луѓе. На овој начин сметам дека безболно и без турбуленции еднаш засекогаш ќе се стабилизира единствениот брод на овдешните муслимани. На овој начин ќе заврши спиралата на злото, која само се повторува со промените на владите и на партиите во неа. Оваа опција е најдобрата и најздравата.

Втората опција е во ситуација на присила. Идејата е да се регистрира еден нов субјект кој ќе ги артикулира потребите и интересите на муслиманите во Македонија, каде што би учествувале теолози кои не се согласуваат со тоталитарната политика на челниците на ИВЗ и кои во моментот не можат да придонесат за унапредување на работата на ИВЗ, бидејќи вратите им се затворени и кои мислат да работат чесно, за што и се школувани по разни универзитети и сакаат да го дадат својот придонес на општеството. Во исто време би ја имале и улогата на опозиција и со нивната конструктивност би ја натерале ИВЗ да ги отвори вратите и еден ден да се соединат под едно име и за доброто на сите. Ова иницијатива треба да ја поддржи и политичкиот фактор заедно се меѓународната заедница.

На овој начин би се избегнале непотребните тензии и превирања и за самата држава во овие чувствителни моменти.

Верувам дека до втората опција нема да дојде и го молам алах во овие денови на Рамазан да ги омекне срцата на верниците, да го тргне злото и зависта, да ги благослови со лубов и добрина меѓу себе, а посебно за најповиканите меѓу нив - оџите.

Статијата е прочитана 193 пати.

Испрати коментар

Од: od musliman
Датум: 29.09.2008 10:40:48
Dodeka bese ziv Hadji Bedrija site bea zaedno pa i popovite!Ama sega IVZ-znaçi:"islamska volçja zaednica"Selam do site muslimani i pravoslavni

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма