Денешниов ден целосно ми е ангажиран со последните подготовки за вечерашната промоција на албумот на Калиопи - „Желим ти реќи“. Попладне имам генерална проба на перформансот, а во 17 часот веќе сум во Музејот на современата уметност и го подготвувам брифингот за новинарите. Од 21 часот веќе ги очекуваме гостите на промоцијата.
Гордана Спасовска презентерка во Алсат М
Редовен работен ден, во кој обврските во Алсат М ми се, сепак, попладне, па претходно можам да завршам некои домашни работи. Бидејќи сопругот е на пат со Драмски театар во Канада, вечер може да организирам средба со пријателките во мојот дом.
Амернис Нокшиќи - Јовановска актерка
Во Детскиот театарски центар веќе започнавме со подготовката на претставата „Детето со куфер“, но денеска - понеделнички немаме проби. Затоа главен ангажман во денот ми е конференцијата на организацијата „Борка“, чиј член сум, што ќе се одржи од 11,30 часот во Мулти бизнис- центарот на Скопски саем.