Порибени реката Радика и Мавровско Езеро
МАВРОВИ АНОВИ - Реката Радика и нејзините притоки, како и Мавровско Езеро се порибени со 10.000 парчиња речна пастрмка „поточар“, одгледана во Институтот за сточарство. Ова е дел од годинешната програма за порибување што ја реализира Јавната установа Национален парк „Маврово“ од Маврови Анови. Во рамките на порибувањето јавно беа запалени риболовни мрежи и друг прибор, кој во изминатите месеци беше запленет од рибокрадците што ловеле во водите со кои стопанисува Националниот парк „Маврово“. (К.К.)
|