Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Сашка Димитровска

актерка

По ноќниот лет, утрово се будам во Париз, подготвена да уживам во предизвиците на градот на светлината. Причината за моето патување во Париз е Саемот на автомобили, каде што, всушност, обврски има сопругот, а јас ќе одам во шопинг, ќе пијам кафе покрај Сена и... едноставно ќе му се радувам на Париз.

Дарко Тасев

композитор

Целиот денешен ден ми е распореден со термини за часови по гитара. Денес сите ученици ми се слободни од училиштето, па можат повеќе да се посветат на гитарата. Тоа и мене добро ми доаѓа, да одморам од обврските за „Макфест“. Барем малку, до почетокот на фестивалот во текот на идната недела.

Татјана Лазаревска

пејачка и ТВ-водителка

Откако започнав со ТВ-водителството во Канал 5, викендот е посветен на подготовки за емисијата. Денеска, низ ГТЦ го комплетирам стајлингот за утре, со задолжителна кафе-пауза. Вечерта, обично на Интернет, собирам информации за гостите и в недела веќе сум во ТВ-акција во живо.


#
Најди! во Утрински






Macedonian paradox: Pessimism fails to dent PM's support
Izetbegovic causes surprise in Bosnian vote
Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections