Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
На прво место

Потврдено разрешувањето на Дума и Џилвиџиев

Гордана Дувњак



Жалбениот совет на Врховен суд ја по��врди одлуката на Судскиот совет, кој ги разреши скопските апелациони судии Виолета Дума и Владимир Џилвиџиев поради нестручно и несовесно постапување, дознава „Утрински весник“ од неофицијални, но сигурни судски извори. Засега не се знае кога ќе биде соопштена одлуката, но, според нашите информации, таа е донесена со мнозинство гласови, поточно во сооднос шест спрема три.

Да биде иронијата поголема, додека деветтемина судии одлучуваа за своите колеги Дума и Џилвиџиев на осмиот кат во зградата на Врховен суд, речиси во исто време, но три ката подолу, министерот за правда Михајло Маневски имаше работна средба со претседателите на судовите. Единствениот министер, кој со име и презиме во извештајот на ЕУ за Македонија беше посочен како закана за независноста на судството, им објаснуваше на претседателите на судовите какви ефекти треба да очекува третата власт од донесените закони.

„Не можам да сфатам мои колеги судии да донесат ваква одлука. Произлезе дека е поважно да им се излезе во пресрет на желбите на министерот Маневски, отколку да се процени дали е почитуван законот“, изјави вчера за нашиот весник разочарано судијката Виолета Дума. Таа уште и додаде дека кога може судии да подлегнуваат на притисоци и да тврдат дека од ист совет двајца судии се одговорни, а тројца не се, излегува дека е подобро да не се биде судија и во исто друштво.

Инаку, двајцата разрешени судии вчера повеќе од еден час одговарале на прашањата на своите колеги, кои требаа да оценат дали погрешно го примениле законот кога во второстепена постапка не се впуштиле во утврдување на идентитетот на турскиот државјанин.

Како што дознаваме, судиите хронолошки се осврнале на целиот случај и ги изнеле потребните факти. Останале на своето тврдење дека не е работа на жалбениот суд да се впушта во утврдување на идентитетот на осудените лица, бидејќи тоа е работа на првостепениот суд. А, како еден од клучните моменти бил посочен фактот дека станува збор за лична одмазда на министерот за правда, Михајло Маневски, кому не му успеа да ја спроведе екстрадицијата на турскиот државјанин.

Постапката за разрешување на Дума беше поднесена во март оваа година, а во јули таа и нејзиниот колега ја обжалија.


#
Статијата е прочитана 1467 пати.

Испрати коментар

Од: pravnik
Датум: 11.12.2010 12:22:43
Dodeka Maneski razresuva iskusni sidii koj odlicno go poznavaat pravoto , partijata na vlast na nivno mesto postavuvav polupismeni pravnici za sudii!!!
Од: kole
Датум: 11.12.2010 14:03:30
Така ќе поминат сите кои не се на ЛИНИЈУ ПАРТИЈЕ И ДРУГА Груја??????????? Ова ме подсеќа на некои минати времиња.............Наздравје Македонијо, сама си го бараше.........................
Од: sime
Датум: 11.12.2010 20:58:47
Kaj e sila pravda nema.
Од: SPIRIDON
Датум: 12.12.2010 10:41:25
Da bea postručni,poučeni,partijskite "vojnici" na tandemominister i gospoža ministerka,ke znaeja zašo da ja "fanat" Dumovata i takvite.Za u pravosudstvoto ne e dovolno samo da si stručen.Makedonskoto pravosudstvo strada od nestručnos,no i od nečesnos.Čekmeđii!Ne site,ama poveketo.Isudskata fela megju sebe znae koj kako i zašo rabote,ta od platite zavrtea go sveto,iznakupija stanove i za sebe i za generaciite,a za koli da ne praeme maabet.Dalo im se.A koj go fanat, tepanio tepan ......Ne ja biva vaa vaka.Ne odeme daleko.

Најди! во Утрински
На прво место
Ни Велија не знае од каде му „упаѓаат“ владини реклами
Тито направи влада, Бранко чека во сенка
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud