Што прават денеска
Несрин Таир
актерка
Иако вообичаено веќе во 8 ч. сум будна, денеска ќе си дозволам подолго да спијам и да се одморам од вчерашната генерална проба. Потоа денот си го посветувам себеси, се' до 18. ч. кога сум веќе во Турскиот театар и се подготвувам за премиерата. Од 19,30 ч. веќе на сцената ја играме „Арапска ноќ“ во режија на Слободан Унковски.
Горан Тренчовски
режисер
Со сопругата Софија и синот Лука денеска го чествуваме празникот Св. 15 Тивериополски маченици во Струмица. Тоа е посебно доживување и уживаме во свеченостите кон овој древен култ. Наедно, одредувам и некои нови локации за седмиот „Астерфест“.
Александар Белов
пејач
По еден и пол месец, повторно утрото ми започнува во мојот дом во Неготино. Сепак, не можам да останам дома цел ден, па попладне тргнувам за Скопје. Штом ќе стигнам, веднаш се упатувам кон студиото, каде што треба да снимам песна, што ќе биде наскоро претставена во јавноста. |