Број 3366  вторник, 24 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Колкав е прагот на толеранција на Груевски кон министрите?

Дали и за министрите важат принципите на „одговорност и отчетност“?

Соња Крамарска

Враќајќи се од плажата во Грција, министерот за образование Никола Тодоров, судејќи според неговата подоцнежна реакција, не претчувствувал дека ќе влета директно во голем скандал. Авторките на учебникот по општество, Кристина Кралева, Весна Павловиќ, Елена Станојковиќ и Соња Кирковска, личности на кои Министерството за образование им довери елитна задача да го напишат учебникот за петто одделение, му приредија непријатно изненадување: напишаа учебник со скандалозни содржини.

Скандалот избувна неочекувано, бидејќи проблемите во образованието вообичаено се карактеристични за почетокот на учебната година. Недоволно учебници, нестасани навреме дневници за водење на училишната евиденција, отпуштање на политички неподобни наставници - се дел од арсеналот на недостатоци и грешки.

Но, се лаже некој ако мисли дека сиве овие афери ќе му ја расипат кариерата на министерот за образование. Удобно навален во министерската фотелја, Тодоров секојдневно ноншалантно им објаснува на новинарите детали за скандалот, небаре се работи за туѓа одговорност, а не за негова. На оставка Тодоров не ни помислува, а за волја на вистината, нема реакција ниту од премиерот, иако во која било друга земја таков скандал ќе повлечеше разрешување на министерот за образование.

ВМРО-ДПМНЕ покажа голема чувствителност кога се во прашање пониските ешалони на власта, но одговорноста по се' изгледа ги заобиколува министрите. Низа локални функционери под притисок на партиската централа од Скопје деновиве се откажуваат од една од двете функции што ги извршуваат, а канцеларијата за односи со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ од тоа прави голем партиски маркетинг.

Но, што станува со одговорноста на министрите што се на врвот на владејачката пирамида и со самото тоа се поинтересни за јавноста отколку што се локалните функционери на владејачката партија? Дали и за нив важат принципите на „одговорност и отчетност“, како што е, на пример, со градоначалниците, кои редовно реферираат за нивните достигнувања.

Гордана Јанкулоска, министерката за внатрешни работи, која се најде во средиштето на аферата со испраќање полиција во парламентот, министерот за здравство, Бујар Османи, во чиј ресор нема ден без скандал, министерот за правда, Михајло Маневски, кој е одговорен за негативните оцени од Брисел за судството, а сега и министерот Никола Тодоров - сите остануваат недопирливи. Иако, да се биде министер и да се раководи со еден од клучните ресори во земјата, е далеку поважна функција од која зависи напредокот на државата отколку што е членувањето во локалните управни одбори на видни општински вмровци.

Се сеќавате ли на скандалот со праќање полиција во парламентот без да се побара дозвола од спикерот Трајко Велјановски? И уште поскандалозното писмо на министерката Гордана Јанкулоска кон пратениците од опозицијата, полно со закани и етикетирања. Или, повикувањето пратеници на информативен разговор во полицијата по јулскиот инцидент во парламентот?

Секој демократски ориентиран премиер ќе гледаше што побрзо да се ослободи од таков министер, но не и во Македонија. Груевски, наместо да ја отстрани министерката, даде серија изјави против опозициските пратеници нарекувајќи ги силеџии и недемократи, а министерката ја поддржа.

Состојбата, пак, во македонското здравство веќе одамна ја помина границата кога премиерот требаше да реагира со разрешување на министерот Бујар Османи. Нехумани лекари, дотраени апарати, смрт на родилки, болници во распаѓање, нехигиена, одбивање да се даде здравствена услуга, снемување лекови среде терапија (последниот случај во Битола), се само мал дел од лошата клиничка слика за здравството. Но, додека состојбата на здравството од ден на ден се влошува, министерот го гледаме како вешто маневрира на политичката сцена успокојувајќи ја јавноста со изјави за нарачаните нови апарати и преродбата на болниците, што патем никој друг не може да ја види.

Илија Димоски, директор на Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека не е точно оти Груевски им гледа низ прсти на министрите и дека тоа го надоместува со построг однос кон третиот ешалон. „Напротив, премиерот врши најголем притисок за работа врз министрите и од тој аспект е најмалку непопустлив спрема нив“, вели Димоски.

Партиската централа завчера на прозивките од партијата на нивниот поранешен член Љубе Бошкоски за одговорност на министерот Никола Тодоров за аферата со учебникот по општество, брзо и отсечно реагираше дека „Тодоров не останал рамнодушен и ги прифатил јавните забелешки упатени кон луѓето што го пишуваа учебникот“.

Толку ли? Тоа ли е непопустливоста на премиерот кон министрите, кои со своите гафови во изминатиот период континуирано ги полнат страниците на печатот и ударните минути на телевизиските вести?

И министерот за правда, Михајло Маневски, практично, од неговото доаѓање на функцијата е дежурна тема во медиумите. Најпрвин, неговото јавно мешање во одлуките на судиите, потоа неговата двојна плата и како министер и како пензионер, за што во која било друга земја каде што важат демократските правила ќе мораше да замине од функцијата, а потоа и за континуираните забелешки од Брисел за мешањето на Владата во судството. Но, министерот Маневски и натаму ја ужива довербата на премиерот и важи за топ рангирана личност во опкружувањето на Груевски.

Изгледа не се важни резултатите, туку во какви односи е министерот со премиерот. Така се случи по ланското потонување на бродот „Илинден“ кога министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, продолжи да плива, иако даде оставка, која потоа ни тој ни премиерот „не ја признаа“.

За стопираните процеси на зачленување во ЕУ и во НАТО и фактот што министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, повеќе ќе го видите во улогата на партиски првенец отколку како шеф на дипломатија, веќе и не се говори. Дипломатијата и без тоа е повеќе надлежност на премиерот Груевски отколку на неговиот министер за надворешни работи.

Четиригодишното владеење на Груевски покажа дека една од неговите главни политички карактеристики е да не бранува многу во Владата, односно смената на министри не е дел од неговиот стил на раководење. Освен минатогодишната сеча на министрите Перо Стојановски, Ивица Боцевски, Трајко Славески и Ацо Спасеноски, која ја изведе принудувајќи ги на оставки, а потоа некои од нив добија други високи функции, владиниот брод продолжува мирно да плови, и покрај силните бранувања во неговото опкружување. (С.К)


#
Статијата е прочитана 5187 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 20.08.2010 00:29:09
Сепак, во однесувањето на министрите нема ништо чудно, што тие не чуствуваат одговорност за непрекинатите скандали во своите ресори, од причина што - немаат одговорност! Тие се само извршители на наредбите на премиерот, негови портпароли и негови бранители; основна одлика им е мислењето со туѓа глава. Како можат такви лица да имаат одговорност?! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Krivogastani
Датум: 20.08.2010 00:54:07
Vakvata politika na nemenuvanje na gresni lugje Gruevski skapo ke ja plati. Ne e tocno deka gi tolerira samo ministrite. Primer e i gradonacalnikot na Krivogastani, cij brat e sponzor na VMRO i blizok drugar na Premierot, pa ovoj ima sila otvoreno pred sekoj da veli deka Janakieski i Stavreski se nesposobni deca na komunisti. Dzabe pobedi partijata koga toj si vrabotuva drugari, bratucedi i sopartijci od VMRO-VMRO bez nikoj da prasa. Site rakovoditeli vo ucilistata, opstinata i JKP na sektori ostanaa od SDS, zosto da se zameruva koga se e menlivo. Vo 2 godini napravi samo selski klozet, vrabotenite vo opstinata vo rab.vreme berat tutun i teraat privatni proekti, a toj se pijanci i ceka penzija. Partijata e osakatena, clenstvoto vrie. Narodot ke ne kazni na prvite izbori. Posle nemojte da recete deka ne znaevte.
Од: Ljubotan trade name
Датум: 20.08.2010 04:53:21
Ljubotan trade name Датум: 20.08.2010 05:02:08 Sekogas sakam ,da citam Makedonski Kozerii! Eve Edna od Niv :,,Министерот за образование, Никола Тодоров беше на одмор во Грција[ i Nikomu Nisto} а откако се врати, не може глава да крене од работа. Му се случија триста чуда во секторот и тој стана центар на случувањата" ,I Nikomu Nisto..Pa zarem Ova ne e Makedonska Tragi Komedija [ Najgolema od site Mak Tragedii ,Zasmislete ,da Brnislav Nusic denaska, e Ziv,, Kakva Tragi Komedija bi napravil so Ministerov za Obrazovanie! ; Minnister on vacantion vo Elada; Makedonska : Bruka nad Brukite, Isto bi bilo ,kako Obama da otidna na Vicantion vo Venecuela. ne samo Obama tuku bilo kj zvanicnik odma bi bil otpusten od rabota,a vo Makedonskiov slucaj se raboti za minister na Obrazovanie. Makedonskitde planini i ezera, ne se soodvetni ,ili pak ne se tolku godspdstveni za eden Minister .
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 20.08.2010 07:50:02
Politikata na Gruevski e takva, gresna...zatoa i se volkav broj na aferi .Ministrite mu se za partiski raboti a ne za resori, koj na koj resor ke dojde e cista slucajnost...zatoa se odi vo PM. DRZAVATA JA URNISAA...
Од: предавник
Датум: 20.08.2010 07:51:02
Ајде Вие не му се мешајте на Грујо во работата на која можат да му позавидат и Гебелс па и денешните политичари. Замислете за сите тие големи скандали ако ги менеше министрите, со самиот таков чин автоматски ја признава вината па од таму ќе следат разни оправдувања со што повеќе заглавува. А вака тој што прави ,од секој скандал со помош на својата проп-машинерија(Латас,Велиновска,Јанко,Миленковски,5-ТВ,АБ-Канал,Вечер,МТВ и еден куп on-line портали) го претвара во успех и победа за партијата.И сето тоа со користење на една излитена тема ПАТРИОТИЗАМ. До кога вака??????
Од: ...
Датум: 20.08.2010 07:56:23
Кој кого толерира во случајов? Само добро се платени и баш им е гајле што изигруваат телиња. Народот е тој со огромен праг на толеранција, само не знам до кога.
Од: Makedonec-Makedonija
Датум: 20.08.2010 07:59:35
Pa toleranciata na Gruevski kon odredeni ministri se pokaza nikakva,izgleda nemoze da im kaze nisto.Pokonkretno min Todorov taa detska faca ve molam nemojte so ke vodi on?Kuda ide ovaj svet?Jas minister tate vladin poverenik pretsedatel na komisijata za denacionalizacija.Ova se klan vo klan vnatrepartiski no ke se rasklinkaat umoren e narodot od izjavite odgovoren ama ne vinoven ili vinoven ama ne odgovoren.Denes ako nemas konkreten proekt ili zbor badijala ti e ,ne mi vekavaj deka ke me vrabotis ne ti veruvam,vraboti me za da ti veruvam.II se e taka vo denesnicava so ubavi zborovi nisto.
Од: lule
Датум: 20.08.2010 09:14:29
Naj slabi ministri se Janakievski i Stavrevski prviot nema pojma kolku e shirok eden avtopat ,a vtoriot mudruva nesto ,a vsushnost pojma nema od ekonomija...
Од: Ivica
Датум: 20.08.2010 09:21:43
Se slozuvam napolno so komentarot na Sergej zatoa za Ministri ( i se drugo sto e na rakovodna funkcija) se luge malku zamaeni koi ne se razbiraat vo rabotata za da mozat podobro da se "vozat".
Од: За Предавникот
Датум: 20.08.2010 09:56:54
Не бе подобри се Геровсаки, Сашо Ордановски Милчин Жарко Трајановски или оној скоклето име не му знам или онаа Димовска па Ѓунер Ерол Секуловска Велија е најдобар да и биде најлошо на Македонија, незнам како тоа сите новинари од А1 истомисленици. А што мислиш како тоа во Турција има грчки шпионски пари. На други места нема ли. По тебе несмееме да се браниме од фашизам. А може ли консензус. Единствен став да биде како вели Слободан Чашуле. Е ако и тој ви смета дајте и се на Грција.
Од: viki
Датум: 20.08.2010 10:42:25
ste ja zaboravile zaslugata na jankulovska za ekspresnoto soopstenie za latas.pa sigurno ministrite rabotat dobro spored programata na pdmne,pa zatoa i nemaat odgovornost,odnosno vina kako sto cinicno se smee ministerceto za predskolsko obrazovanie(se izvinuvam na decata od taa vozrast i na nivnite vospituvacki)
Од: јас
Датум: 20.08.2010 11:23:40
Има две причини за ваквата толеранција , и не само на спомнатите министри:.Тука се и Јанакиевски и Ставре-кумот..Едната причина е затоа што го „држат “ со нешто , па НЕ СМЕЕ да ги смени министрите ..А втората е : па кое недоквакано дечиште ќе стави на такво место..Сите кутри портокали се кој од кој позелен и нема поим од работата што треба да ја сработи ....
Од: Професорка
Датум: 20.08.2010 11:44:59
Ама какво менување на Министерот. Таман малку му се задебели детската шија да може да носи вратоврска, Вие сакате да го менувате. Следниот ќе има 19 години. НЕ! Никакво менување, ќе научи детето.
Од: agim
Датум: 20.08.2010 12:49:50
Go zaboravivte i ministerot za Zivotna sredina Nexhati Jakupi so skandalot za zimanje mito.

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Невена Поповска
ЕВРОПА - БАЛКАН
Иван Торов
Мислења
Слободан Најдовски