Васил Радиноски
градонач. на Вевчани
Претпладнево ја очекувам работната група од Министерството за образование во врска со новата училишна зграда во Вевчани. Паралелно ги правиме и последните организациони подготовки за утрешното свечено отворање на реновираната куќа на Пупиновци. Вечерва го пречекувам кметот на градот Мелник од Бугарија.
Стојан Троицки
дир. на „Макфест“
На денот кога почнува „Макфест“, мојот ден изгледа исто со години. Од рано започнувам со проверка на сите организациони моменти и протоколарни активности. Ги пречекувам гостите од странство, а на пладне е свеченото отворање на фестивалот. Конференција за печатот во 13 ч., во 14 ч. - генерална проба и од 20,30 часот започнува првата фестивалска вечер.
Дејан Сибиновски
музичар во „Баклава“
Не пијам кафе и брзам на промоцијата на нашиот нов албум, наречен „Калемар“, зашто, сепак, ми е од важните животни настани. До 13 ч. треба да се собере целата група „Баклава“ во мезе-барот „Сопотско“ и новиот музички материјал да го споделиме со пријателите што ќе дојдат на промоцијата. |