Број 3441  четврток, 25 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Кој е Божидар Спасиќ

Ексјугословенскиот оперативец е централен сведок во повеќе македонски афери од 2003 досега

Соња Крамарска


Кражба на топ-сикрет документи од безбедносен карактер, вмешаност на звучни политички имиња од Балканот во шверц со цигари, планирање и изведување терористички акции, листи на поранешни и сегашни доушници на тајните служби - се' се тоа теми што со задоволство ги разјаснува Божидар Спасиќ во изминатите десетина години.

Речиси нема весник или телевизија од државите што беа некогашни членки на поранешната југословенска федерација, а да не ги користеле неговите изјави. Тој стана централна личност, своевиден сведок и во аферата „досиеја“ што ја тресе Македонија веќе еден месец.

Кој е Божидар Спасиќ? Бивш оперативец на службата за државна безбедност на поранешна Југославија, приватен детектив или провокатор од највисока класа, кој е ставен во служба на политички интереси? Возможно ли е некогашен оперативец од А-листа и од највисок ранг толку слободно да комуницира со медиуми и да им го стави на располагање сето знаење, сите податоци до кои доаѓал како висок службеник во поранешната југословенска полиција и сега како сопственик на детективска агенција?

Во 1999 тој и самиот стана вест во српските медиуми откако беше уапсен затоа што, според тамошната полиција, давал јавни изјави за сопствената вмешаност во организирање убиства во некои западни држави. Го нарекуваа и „Хрват во српската полиција“. На сопствената веб-страница самиот ќе запише во својата биографија дека во Југославија „цело време работел во управата за борба против терористичките усташки и шиптарски банди“. Се пофалил и дека за својата успешна работа повеќе пати бил наградуван „со револвери и други пригодни нешта“. „Акцијата против Јанез Јанша даде одличен резултат и овој злосторник мораше да поднесе оставка“, вели тој на својата интернет-страница.

Спротивно на неговиот ексклузивитет како личност што се наоѓала на чувствителни позиции во безбедносните служби, излезе дека до Спасиќ многу лесно може да се дојде. Македонските новинари што го интервјуираа во врска со досиејата, велат дека е доволен само еден клик на неговата интернет-страница за да дојдете до бројот на неговиот телефон. „Се јавува веднаш и одговара на сите прашање“, зачудено констатираат колегите новинари.

Во 2003, веднаш по паѓањето на владата на Љупчо Георгиевски, Спасиќ се огласи во А1 телевизија со тврдење дека „целиот државен врв на Македонија“, мислејќи на владата на Георгиевски, бил вмешан во шверцот со цигари кон Европа. Во таа пригода, тој ќе се повика на податоци, како што самиот вели, од германската разузнавачка служба за која вели дека „во целост владее со оваа територија“.

На прашањето на новинарот тогаш зошто токму во тој момент ги соопштува своите сознанија за вмешаноста на бившото државно раководство на Македонија во шверц со цигари, тој дава апсурден одговор дека почетокот на годината (интервјуто е направена на 8 јануари 2003) е „вистински момент граѓаните да знаат што ги чека во 2003 година“.

Спасиќ може да се нарече и успешен пишувач на сценарија за холивудски трилери. Македонската полиција тврди дека при претресот на домот на Хисен Муслиу, што го осомничува за наводна изработка и растурање на досиејата против челниците на ДУИ, нашла и сметкопотврди за исплатени над 4 илјади и четиристотини евра на Спасиќ. На тоа Спасиќ експресно реагира велејќи дека тие пари ги доби�� за превод на неговата книга „Ласицата што зборува“, од српски на македонски и на албански јазик.

Со оглед на присутноста на Спасиќ во телевизиите и во весниците од Балканот, нема сомнение дека книгата би можела да има и автобиографски карактер. (С.К.)


#
Статијата е прочитана 4098 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 25.11.2010 13:00:00
Najgolemiot 'reketar" vo Belgrad, koj ima svoja "detektivska" agencija i koj za dobri pari ke ti "proizvede" kakva sakas afera, skandal i dosie. Prasajte kogo sakate vo Belgrad. Prasanje e samo Vasko Eftov kolku mu ima plateno za emisijana "vo centar"(ili koj preku Vasko platil).
Од: Teто
Датум: 25.11.2010 13:36:13
Па со вакви луѓе само Васко Ефтов може да има контакт и комуникација и да ја убедува јавноста. Сака преку удбаши да ги открие удбашите. Вие драги гледачи имате право да ја знаете вистината. Вистина кој ви ја продуцира крати, сече кадри извлекува зборови итн.
Од: OMD
Датум: 25.11.2010 14:08:14
Sega treba RM da im reche na stranite faktori deka nie ke go reshime problemot so IMETO na poinakov nachin! Ke pregovarame, ama ke pobarame vo septemvri i Sovetodavnoto mislenje (preku Generalnoto sobranie na OON) od Megunarodniot sud za legalitet na denominacijata BJRM i obvrska za razgovorite za imeto (praven identitet)! Znachi treba na stranite dipomati da se kazhe da pristapuvame kon pravno reshavanje na problemot i nema da primarno barame reshenie preku razgovori/pregovori za imeto!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Епидемија на мали сипаници, вакцини и за возрасни
Најдете торби, пластичните кеси поскапуваат
Повеќе пари, поголеми даноци
Закон за мајтапење
Инспекциски служби влегоа кај Рамковски
Гранатите паѓаат
Славната двојка доби син Бенџамин
„Ебрите“ место да вежбаат, се залежаа
Месиќ добива 39 евра пензија од Србија
Сиромаштијата завладеа со светот
Година на дрвата
Заминала со 35 долари, а се вратила како најбогата жена
Свештеник осуден за злоставување на 155 деца
Америка испраќа воени сили во корејските води
Тајванците без визи ќе се шетаат низ Европа
Карикатура
Пинк Пантер доби осум години затвор во Црна Гора
Стил
Добила на лото, па ја прегазил автомобил
Русија бара ЕУ да и ги укине визите
Бугарка лапнала пакетчиња со кокаин
 


Police raid on Macedonian TV station causes outcry
Montenegro accession talks should not be postponed, says EP
MEPs voice concern over eurosceptic Croatia