Хороскоп
ОВЕН
Совршени моменти ќе ги следат вљубените и оние што ќе се вљубат. Денот е погоден за финансиски трансакции, соработка со пријателите и работа со децата. Ќе бидете исполнети со позитивна енергија. Олабавете се и забавувајте се во друштво.
БИК
Околностите се погодни за зближување со лице што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конкуренција. Внимавајте на притисокот, срцето и на расположението. При донесувањето заклучоци држете се до фактите.
БЛИЗНАЦИ
Привлекувате лице за кое не сте сигурни дали му одговара на вашиот идеален тип. До израз ќе дојдат вашите грижливост, практичност и подготвеност за напорна работа. Ќе ви помогнат медитацијата и вежбите за истегнување. Не потценувајте ги непријателите.
РАК
Влегувате во период на преиспитување на своите чувства. Ќе посакате промена. Внимателно обработете ги и подгответе ги важните деловни информации. Во меѓувреме, внимавајте на својот изглед. Бидете уредни. Проверете ги примените вести.
ЛАВ
Не дозволувајте деловните проблеми да ја нарушат хармонијата во вашиот интимен живот. Поправете ги расипаните апарати и направете ги неопходните поправки во својот дом. Можни се минливи пречки во дишењето. Бранете ги своите животни уверувања.
ДЕВИЦА
Нема да бидете доволно смирени за улогата што сами себе си ја наметнавте. Одложете се'! На работно место се можни сплетки, но немојте да учествувате во нив. Пред да се напиете лек, прочитајте го упатството. Не покажувајте го немирот што тлее во вас!
ТЕРЕЗИЈА
Ќе ги согледате добрите страни на својата врска и ќе уживате во сите нејзини благодати. Неделата е исклучително поволна за купување, договарање соработка и преговори околу парите. Омилени сте, привлечни и задоволни со себе. Забавувајте се со пријателите, но уживајте и на работното место.
СКОРПИЈА
Ништо не му оставајте на случајот. Партнерот гледа и слуша повеќе отколку што мислите. Ќе напредуваат само оние што се занимаваат со интелектуална работа. Чувајте се од настинки и внимавајте на здравата исхрана. Наметнете се со своите идеи и планови.
СТРЕЛЕЦ
Прашањата врзани за домаќинството и за однесувањето на блиските ќе бара поголема концентрација. Време е да се зафатите со неплатените сметки и трошоци. Убаво разгледајте ги бројките на листовите, но и парите. Искористете ги моментите на осаменост. Избегнувајте стресни ситуации.
ЈАРЕЦ
Немојте премногу да им се давате на оние што не знаат да го ценат тоа и да го препознаат како љубов. Со решително „не“ обидете се да ги избегнете метежот, здодевните посети и исцрпувачките полемики. Потребна ви е промена на климата. Бидете доследни сами на себе.
ВОДОЛИЈА
Љубовниот живот ви минува низ хармоничен период, но ви сте премногу уморни за нежности. Многу нешто ќе ви биде нејасно и неизвесно. Не наметнувајте се премногу. Занимавајте се со надворешниот изглед. Во ништо не претерувајте. На работното место ве очекуваат многу успеси и убави настани.
РИБИ
Среќата ви тропа на врата. Одговорете на нејзиниот повик и бидете сигурни дека нема ��а зажалите! На работа немате конкуренција. Имате можност да покажете се' што знаете. Од храната исфрлете ги маснотиите и слатките. Со студена глава анализирајте ја ситуацијата.
|