Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Анализа

Македонски Состојби

Паљурци - круна на „Скопје 2014“

Манчо Митевски

Да не излезе некој уставен амандман на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за прогласување на Македонија во монархија и Паљурци главен град

Мислев дека во стилот на предбожикните реклами на „кока-кола“ ќе го почнам овој текст со реченицата „Избори се ближат...“, меѓутоа, избори, барем во догледно време, ќе нема. ВМРО-ДПМНЕ ја одби фрлената ракавица, бидејќи власта било неприфатливо да ја дефокусира енергијата насочена кон спроведување на ветената четиригодишна програма, борбата против криминалот и корупцијата, справувањето со последиците од светската економска криза, напорите за реализација на евроатлантските аспирации и напорите за остварувањето на сите останати државни и национални интереси. Колку и да зборуваат за ветувања и интереси на државата, сепак, во одбивањето лежи стравот од избори со неисполнети ветувања и од стравот анкетите на јавното мислење да не излезат „јалнаш“.

Тезата за страв од избори на власта, односно за сфатената вистина дека на избори не се оди со празни раце, може да се аргументира со многу докази, почнувајќи од отсуство на резултати, иако за повеќе од четири години потроши десет милијарди евра буџетски средства за остварување на преродбеничката програма. Сега не би пишувал за стратегиските потфрлања, за раст на БДП што е далеку од ветениот, за зголемената сиромаштија, за зацементираноста на невработеноста, за шест години во чекалнницата на ЕУ, за две и пол години чекање на покана на НАТО, за безидејното пимплање што власта го нарекува „посветеност“ во решавање на спорот за името со Грција... Во оваа пригода, низ неколку навидум ситни настани и потези, би се навратил на тезата на власта дека, за разлика од сите претходни власти, таа работи и гради!

Власта декларативно се залага за правна држава, но во практика, со евтини мангуплаци ги урива принципите на правната држава. На што личи итроштината околу Законот за државна управа. Имено, власта не успеа да обезбеди мнозинство и не го изгласа Законот. По таков епилог, следува неколкумесечна пауза до следното гласање. Оваа законска процедура се изигра со вадење на потписот на Владата врз Законот и со ставање на потписот на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Со тоа, наместо по три месеци, Законот се стави на гласање во Собранието само по три дена! Така е во многу сфери, па не треба да чуди што странски инвеститори и фирми, поучени од ваквите марифетлаци на власта не доаѓаат во Македонија. Или, министерот за образование во едно ТВ-интервју се отепа од фалење на големата достапност на дисперзираните студии и на вложувањата во оваа сфера. Сепак, мораше да признае и дека паднал квалитетот на високото образование, но не поради дисперзијата! Тука следуваат две прашања. Првото, зошто се фрлаат тие огромни пари во образованието ако паѓа квалитетот. Второто, колкав ќе биде падот кога по две-три години, ќе се стигнат резултатите од дисперзираните факултети, за кои самите професори и факултети тврдат дека се далеку под нивото!

Меѓу добрата волја на власта и ефектите од нејзината работа има голем јаз. Тоа го покажуваат примерите со здравственото и пензиското осигурување. За да се покаже голем реформатор, актуелната власт почна процес на намалување на придонесите во овие две сфери, со цел да им создаде попримамливи услови за вложување на странските инвеститори и за работа на домашните фирми. Помалите стапки, гарнирани со наводни реформски проекти од типот растурање на Клинички центар во Скопје, двајца директори и стотици членови на управни одбори (партиски војници) во здравствените установи, игри со лекови, брзо го доведоа здравството до питачки стап, а пациентите за се' помалку услуги плаќаат се' повеќе од својот џеб. Кај пе��зиите, пак, поради намалените стапки, учеството на парите од државниот буџет во исплатата на пензиите, со актуелната влада, според експертите, се зголеми од 17 на 30 отсто. Пензиите се' повеќе стануваат обврска на Владата, а згора на тоа, нивната исплата секој месец зависи од продажбата на државните обврзници.

Посебна приказна се евроатлантските интеграции. Со гласањето во полза на Сирија, нашата влада си создаде свој Тајван. За разлика од владата на Георгиевски-Тупурковски, кога Македонија беше таа што го призна во светот непризнатиот Тајван - за милијарда, сега Сирија нас не' призна под уставното име во замена за нашиот глас за сириската резолуција во ОН. Гласањето за Сирија, која има проблем со САД, значи и со НАТО, како и средбата на Груевски со дикататорот Мугабе, кој е на црните листи на САД и на ЕУ, е дел од „евроатланскиот“ процес и показ дека Македонија има алтернатива на ЕУ и на НАТО! Тука би го споменал придонесот за ЕУ-асоцирањето на Македонија со „пофалните“ зборови од пратеникот Ѓорчев на сметка на евроамбасадорот Фуере. Капак на ЕУ-асоцијацијата е ставот на европтареникот Јелко Кацин, дека Македонија има парламентарна демократија, но одлучува еден човек - премиерот!

Набројувањето ќе го завршам со „Скопје 2014“, за што ќе цитирам мисла на првиот антикорупционер Илми Селами, според кого, со овој проект се' е како што предвидуваат законите, но... Тој образложува: „Кога ги носиме законите, треба да ги синхронизираме, меѓусебно и да ги контролираме, особено да ги доставиме до Антикорупциската комисија на мислење, за таа од аспект на антикорупција и антиконфликт на интереси да даде свое мислење. Таквата убава практика, веќе полека спласнува и се' повеќе се носат закони по брза постапка и не се доставуваат на мислење до Државната комисија за спречување на корупцијата, а тоа придонесува самите закони да произведуваат корупција, самиот систем да произведува корупција и та��а доаѓаме до ситуација кога имаме се - тендерски процедури што се предвидени со закон, имаме реализација на договорите како што предвидува законот и на крај - имаме пак корупција“.

Во расправата за „Скопје 2014“ во Собранието, министерката за култура гордо поентираше дека сите влади пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година со неградењето споменици, музеи, скулптури..., изразиле непочитување кон својот народ. Ова веднаш наметнува контра прашање: дали е почитување за својот народ во услови на екстремна сиромаштија и невработеност, на крах на здравството, на стагнација на економијата, на зависност од увоз на енергија, на руинирани школи и патишта... да се вложуваат 80 милиони евра според власта, односно 350 милиони евра според опозицијата за лавови, споменици, административни згради и непродуктивни градби. Оттука се изведува контратеза од онаа на власта - дека е подобро тие да не работат и да не градат, зашто со кич-градби и крадби гордо ги жртвуваат сегашните и ги презадолжуваат идните генерации.

Нашиот колумнист, комуникологот Петар Арсовски напиша дека во владеењето на секоја власт доаѓа момент на прекршување, кога граѓаните почнуваат критички да ја перцепираат, момент кога ќе научат да погледнат зад параванот, покрај рекламите. Тоа е период на хумор, кога власта себе се сфаќа сериозно, ама нејзината публика не ја зема сериозно. Власта ги шири своите проекти низ Македонија. Во Паљурци, кралската фамилија на Хунзите ќе гради палата. Министерот Маневски подготвува амандмани на Уставот. Да не излезе во неки доцни часови во некој петок, некој амандман на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за прогласување на Македонија во монархија со главен град Паљурци, како круна на „Скопје 2014“.


#
Статијата е прочитана 2172 пати.

Испрати коментар

Од: bingo
Датум: 11.12.2010 12:37:12
Bi go zamolil avtorot da ni objasni kakva e etnickata vrska pomegu Hunzite i Makedoncite na denesna teritorija i na tie vo sosedstvoto. Isto taka da ne informira po moznost dali denesnite Hunzi imaat i slovensko poteklo i dali pisuvaat so kirilicni bukvi..
Од: реканец.
Датум: 11.12.2010 12:39:08
МАНЧО-Во едно не бисе сложил со тебе.Но сее можно.ДУИ би можел да поднесе таков Амандман пошто ХУНЗИТЕ се муслимани,А Вмр-овците да го подржат.Толку им дале кога се делело.Пратениците сигурно ќе го гласат,Сироти залутале нити читат нити знат да читат.Ги научиле само на кое копче да притиснат.
Од: Ohrid
Датум: 11.12.2010 14:27:18
Tvrdoglavi i inaetdzii kako sekogas. Zasto ednas ne ja svatite situacijata deka kako vas ne se potrebni poveke tvrdoglavi inatdzii. Sum bil vo Francija,Anglija i Monako, nemat car,Kral ili Carska familija sto nemat svoja vila,hotel ,market ili bilo sto, zasto tie ne se bunat kako vas.Zaostanati do kraj ,ne ste mrdnati ni milimetar vvo svakanjata, edino partiski mozok imate samo da prodavate.Site diktatori imaat biznis vo Francija ,duri site kriminalci vo Monako pravat biznis, cela Afrika investirat vo Anglija, vie ste sepak najpametnite.
Од: deli
Датум: 11.12.2010 17:59:06
Vo svet postoi eden vid životinče, nešto vo golemina i na lik malku potsetuva na staorec - no bez golema opaška (neznam, kako se vika, no verovatno nekogaš veke bilo toa spomnuvano vo prirodonaučnite dokumentarni filmovi), mislam, živeat na američki kontinent, a toa životinče od vreme na vreme pravi rabota, koja što do sega naučnjacite neotkrile, zošto: iljadnici ovie životinki, bez da se znae zošto, se sobiraat i se frlalat vo moreto - kade što - normalno - site ke se udavat. Nema spas za niv, isčeznuvaat.
Од: Сергеј
Датум: 11.12.2010 18:10:48
А како до сега македонската јавност го перцепираше владеењето на Груевски? Во почетокот, тоа беше надеж. Под влијане на владините реклами, надежта се преточи со ентузијазам. Под влијание на суровата реалност, ентузијазмот се претвори во безнадежност. Нелекуваната безнадежност се претвори во апатија. Апатијата може да стане неповратен билет за Скопје-Белград-Букурешт. Овде не може да се види хумор во перцепирањето на власта. Претпоставка за политички хумор се постиењето на политички слободи. Овде ги нема. Како и во Хитлерова Германија. Таму за политички виц се одело во логор. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: ФЕЛИКС
Датум: 11.12.2010 19:40:17
Морам и тука да го поставам веќе секаде неодговореното прашање за ланското ескивирање на преседателските избори на бихаќкиот лидер а сегашен барател на избори,неверувам дека тој чин го сместувате во јунаштво,а можеби и верувате во тоа ,,јуначко,,дело кој ќе му ја знае.Скечот со Хунзите веќе го опсервирав пред некој ден со голема доза на иронија,додека за Фуере нема доволно простор да го опишам неговото лицемерие.
Од: Rapa Nui
Датум: 12.12.2010 09:55:33
Nie izgleda odime po stapkite na isceznatiot narod na Velgdenskite ostrovi, Rapa Nui( za toa pisuvase eden kolumnist) Istite zaneseni po gradbi i spomenici"moai" vo cest na svote bogovi, potpolno gi unistile ostrovata pa i samite isceznale. Ostanale samo golemite zagadocni kameni kipovi. E nie sega vo cest na nasiot nekrunisan" faraon" gradime spomenici i neproduktivni gradbi, zatoa sto "faraono" taka si zamislil vo svoite sonista i se povece toneme i propadjame , so golemi izgledi da ja zagubime i drzavata , a i so vreme da iscezneme kako narod. No da se nadevame deka narodot popoleka se osvestuva i otreznuva od onaj zanos na " gebelsovata propaganda" koja sekojdnevno mu se dozirase kako vo Orvelobvata 1984, preku vladinite telali za propaganda: Bicikliski, Latas, Milenko, Milka, Janko, Tomic , Ilija i drugi dobro plateni " telali".Sega se povece nivnite lagi i izleguvaat na videlo , a narodot popoleka se " trezni"Ete od toa se plasi pastirot i negovata bezdarnicka banda.
Од: Komentator
Датум: 12.12.2010 16:11:39
Jas ..prv ke glasam Paljurci da bide glaven grad na Makedonija ..Zamislete kolkava orda od narod od Skopje ke trca tamu ...nema veke Skopje da bide interesen da bides gradanin ...a nas starite skopjani ke ne cuvaat kako Kaola mecki...ako ostanal uste NEKOJ....???
Од: Citatel
Датум: 12.12.2010 16:23:46
I sto e poentata na tekstot? Celta? Namenata? Povodot? Samo da se kritikuva i nisto drugo. Lesno e taka.

Најди! во Утрински
Анализа
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency