Актерот Денис Квејд и неговата сопруга Кимберли успеале да се нагодат со болницата „Сидарс - Синај“, каде што минатата година им се родија близнаците, кои поради негрижа на лекарите, за малку ќе умреа од предозираност со „хепарин“.
По неколкумесечни интензивни преговори, семејството на актерот прифатило да прими отштета од 750 илјади долари и со тоа да го затвори спорот што се води со болницата од Лос Анџелес.
Колку за потсетување, само две недели по раѓањето, на близнаците Томас Бун и Зои Грејс им била дадена голема доза „хепарин“.
По извесен период децата сосема оздравеле и сега се чувствуваат одлично, но поради ваквата негрижа, болницата уште веднаш морала да плати глоба од 25 илјади долари.
Квејд го тужел и производителот на „хепарин“, обвинувајќи ја фармацевтската куќа дека имала идентично пакување и за деца и за возрасни.