Емил Крстески
советник во Собранието на РМ
Во градската библиотека ,,Браќа Миладиновци“ вечерва во 19 ч. ја промовирам мојата втора книга со надворешнополитички текстови ,,Ново поврзување на Европа“. Тематски таа е поделена на три дела - Македонија и Европа, големите сили и Балканот и Франција пред и по Митеран. Промотори на книгата, чиј издавач е „Скенпоинт“, се Зоран Иванов - новинар и Филип Петровски - директор на библиотеката.
Весна Станоевска
харфистка
Дури подоцна попладне имам проба за операта „Трубадур“, која ја подготвуваме за в сабота, кога ќе ја изведеме во Македонската опера и балет. Претходно, крајно време е да одам на предновогодишен шопинг и да им испратам честитки на пријателите во странство. Вечер, можеби ќе имам мало дружење со пријателите.
Раде Врчаковски - Врчак
музичар
По освежувачката концертна турнеја низ Австралија и Нов Зеланд, се' уште се привикнувам на нашата клима и темпото на живеење. По утринското кафе и супервизијата на мајсторите, кои го привршуваат моето ново студио, денот продолжува во „Република де ла мода“ со другарите. Потоа имам мали подготовки за концертот на Елена Ристевска, а доцна вечер работам на мојот трет албум, но и на албумот на ДНК. |