Американскиот Сенат ги одобри финансиските реформи
Вашингтон - Сенатот на САД го одобри законот за реформи на финансискиот систем, еден од приоритетите на политиката на американскиот претседател Барак Обама. Горниот дом на Конгресот го поддржа законот со 60 гласови „за“, додека 39 сенатори се изјаснија „против“. Законот е веќе одобрен од претставничкиот дом и за да стапи во сила потребно е да биде потпишан од Обама, што се смета за формалност. Законот e најголема реформа на финансискиот систем на САД од големата депресија во 30-тите години од минатиот век.
Законот содржи 2.500 страници и тој има цел да ги стави под контрола големите банки и да ги заштити потрошувачите, со надеж да не се дозволи повторување на финансиската криза од 2008 година. Успехот на реформите, сепак, во крајна линија зависи од регулаторните органи, кои ја имаат задачата да ги применат новите правила.
Законот на властите им дава нови надлежности да прогласуваат банкрот на компании, кои претставуваат ризик за економијата. (МИА) |