Број 3033  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

МПЦ и ИВЗ пливаат во сива економија

Духовните институции не плаќаат даноци, а државата молчи и им прогледува низ прсти

Катица Чангова
Билјана Јовановска


Верските заедници не ја полнат државната каса онака како што тоа го прават сите даночни обврзници. Македонската православна црква и Исламската верска заедница, како најголеми религиозни институции, се' уште не издаваат фискални сметки за продадени свеќи, кандила, бројаници, календари и други религиозни предмети кои може да се купат во секој нивен објект.

Неоданочени остануваат и поскапите црковни услуги, како што се венчавките, крштавките, погребите, помените, осветувањата на домовите за верски празници, чиј тарифник воопшто не е симболичен. Овие црковни услуги кои за верниците се неизбежни, претставуваат вистинско мало богатство за одредена категорија граѓани, како што се, на пример, за пензионерите, работниците, стечајците... Па така, венчавка која ја прави еден поп се наплатува 3.500 денари, а за крштавките и погребите се издвојуваат по 2.500 денари.

Интересно е што сиот остварен приход црквите еднаш месечно го препраќаат на повисоко ниво. За оваа работа, по правило, се задолжени луѓе од доверба на надредениот духовник. Во касата на Архиепископијата и епархијата во која спаѓа црквата задолжително се слеваат по 15 проценти од остварениот приход (или вкупно 30 отсто), односно парите се вртат во круг и остануваат неоданочени.

Државата е нем набљудувач на ваквата ситуација, а толеранцијата на верските заедници за неплаќање даноци е повеќе од очигледна. И додека на овие институции им се прогледува низ прсти, ригорозно се казнуваат неплаќачите на ваквите обврски. Доволно е да се споменат примери на даночни обврзници (фризери, кројачи, чевлари...), кои ни оддалеку немаат голем промет и не вртат толкави износи пари како духовните институции. Тука математиката е многу проста - потстригувањето, шиењето панталони или ставањето пенчиња на чевлите без малку е бадијала во споредба со црковните ценовници.

Според Законот за ДДВ, верските заедници не се на списокот институции кои се ослободени од плаќање данок, како што се хуманитарните организации. Но, очигледно е дека некој ги остава да работат мирно, незаконски и без никакви последици поради даночната недисциплина.

Најповиканата институција за ставање ред во финансиското работење - Управата за јавни приходи, која функционира во рамките на Министерството за финансии, со години не реагира. Во ресорот Финансии нагласуваат дека сите верски институции мора да бидат дел од финансискиот систем на државата и тука не смее да има различни аршини за никого.

Во штурото објаснување што го добивме, надлежните само го цитираат постојниот закон, ама ниту со еден збор не кажуваат од кои причини се заобиколуваат духовниците.

„Во член 9 од Законот за регистрирање готовински плаќања што ги регулира ослободувањата од обврската за фискализација не е пропишано ослободување од оваа обврска за црквите, верските заедници и за религиозните групи. Управата за јавни приходи, во рамките на своите надлежности за контрола над спроведувањето и примената на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, презема мерки и активности за кои е овластена. Целта на ова е да се обезбеди примена на прописите од областа на регистрирањето на готовинските плаќања и исполнувањето на законската обврска за фискализација од субјектите на кои таа се однесува“. Ова е официјалното објаснување кое нашиот весник го доби од кабинетот на Министерството за финансии за верските заедници и плаќањето даноци.

Во овој владин ресор категорично нагласуваат дека не се подготвува посебен закон за воведување црковен данок.

Но, извори во Министерството за финансии кои сакаа да останат анонимни информираат дека пред две-три години премиерот Никола Груевски иницирал донесување посебен закон за плаќање данок за верските заедници. Била формирана и работна група со задача да подготви пропис токму за оданочувањето на религиозните институции. Меѓутоа, уште во зародиш идејата била осудена на пропаст, тврдат во Министерството. На архиепископот Стефан воопшто не му се бендисала намерата на премиерот и не дал благослов за новиот законски проект. Од Финансии велат дека поглаварот на МПЦ го сфатил ова како директен упад на државата во црковниот финансиски систем, кој функционира според принципи познати само за нив. Така, многу брзо, уште во самиот старт била расформирана комисијата задолжена за изготвување закон за црковен данок.

Свештениците и оџите се пријавени на минимални примања за што плаќаат персонален данок, велат во МПЦ и во ИВЗ. Но, за темата дали плаќаат ДДВ, од верските заедници стигнуваат само нејасни и контроверзни одговори. Јавна тајна е дека религиозните институции влечат големи пари од Буџетот, а не прават ништо за да учествуваат во неговото полнење. Се шпекулира дека само од оставање монети на икони во црквите и од дарови се собираат милионски суми.

Привилегиите за Македонската православна црква и за Исламската верска заедница и натаму остануваат, а одговорните избегнуваат да кажат зошто е тоа така. На тој начин на МПЦ и на ИВЗ им се овозможува неказнето и удобно да пливаат во сивата економија против која државата се бори со сите сили, но прилично селективно. Власта, практично, се откажува од многу пари кои се слеваат на некои други конта. Каде - може само да се претпостави.

Главниот финансиски советник на архиепископот Стефан, проф. Димитар Белчовски (чие име се врзува за аферите со струшките хотели „Изгрев“ и „Бисер“), во изјавата за „Утрински весник“ тврди дека „Црквата се вклопува во финансискиот систем на државата“, ама и дообјаснува дека „кога државата ќе донесе закон, МПЦ ќе го почитува“.

Иако важи за човек кој в глава ги има сите цифри за финансиското работење, за поконкретно објаснување не' упати на портпаролот на Синодот, г. Тимотеј, „зашто тој е задолжен за контакти со УЈП во однос на даноците, фискалните сметки и за се' друго“.

Овој митрополит, пак, не се чувствува повикан да говори за работи поврзани со финансиите, „бидејќи тие се од материјална природа, а Синодот не расправа за нив“. Тој потврди дека контактира со Управата за јавни приходи, меѓутоа, тврди дека „Црквата е ослободена од овие давачки и тие се однесуваат единствено на свештениците кои работат на терен и за црковните продавници кои имаат третман како и сите други“.

Пред две години во медиумите се крена голема врева околу фискализацијата во верските заедници. Уште тогаш беше кажано дека се' уште се разговара за начинот на кој ќе се реализира оваа обврска, а во изнаоѓање на најдоброто решение ќе се имаат предвид искуствата од другите земји. Од УЈП тогаш тврдеа дека „тоа би се направило низ партнерски однос“, но не беа споменати рокови.

Во време на бурните реакции, довчерашниот министер за финансии, Трајко Славески, говорејќи дека законот е јасен, изјави: „И верските заедници имаат некои дополнителни дејности и остваруваат приходи на чиста комерцијална основа, па не е спорно дека еден ден тие делови ќе се фискализираат“.


Статијата е прочитана 983 пати.

Испрати коментар

Од: mitko dava predlog
Датум: 11.07.2009 03:11:01
Da, da, tie ke im predavaat ETIKA na verite na nasite deca. Uste edna rabota, predlagam granicata na RM da se postavi pred Gostivar za da na toj nacin gi otkacime Gostivarcanite koi se tepaat po ulici za gradenje na crkva. Neka se tepaat za crkvi vo nekoja druga zemja.
Од: Ljubotan
Датум: 11.07.2009 03:28:32
Samo parohiskite svestenici se ;Poreski obveznici i tuka prestanuva rakata na drzavata. Svestenikot odi da sece slavski Kolaci i sekoj Slavar mu dava druga suma.,ako Slavarot nema pari il pak ne znae ,deka treba na Svestenikot da mu plati, Svestenikot ce ja odraboti bez pari! Prakticno Svestenikot, raboti za dobrovolen prilog! Toa vece pomionuva vo razmena, na usluga!, i drzavata sto trazi tuka? Jas Ti Kosam treva,Ti mi Susis seno!
Од: Dragan
Датум: 11.07.2009 06:29:04
nema pravda vo ovaa drzava , nema siromashen pop, glavushite vozat naj skapi koli , pari sobiraat od site strani. Crkvata i sveshtenite lica nemaat nikakov sram za biznis. Tie go kradat narodot na sekoj nacin.
Од: Пинг
Датум: 11.07.2009 08:34:32
Што коментар да дадам? Сите граѓани во Македонија знаат дека свештенството се богати на грбот на верниците, и тоа турбо. Мене ми е несватливо како е инсталирана оваа шема на делување на црквата врз граѓаните-верници. Најголемиот дел од граѓаните не знае ниту да се крсти, ама прифаќањето на христијанството го изедначува со лична идентификација, припадност кон “нешто“. Дел пак чувствуваат некој страв од бога. А јас, иако не сум верник, силно извикнувам: Свештенството во Македонија има најмала врска со бога. Тоа е чист бизнис и тоа тежок. Инаку, зошто се противат на “отворање приватни попари?“ Ај, поздрав до сите Ваши и наши, а овој пат и до Нивните. А Вие драги коментатоти, барем оние кои сте верници, ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА.
Од: Cande
Датум: 11.07.2009 08:50:59
Sekoja cest na sekoja religija i na site vernici, no pod poimot vernici jas svacam nesto podrugo od moite komsii Crkvata,Se raboti za edno mnogu prosta rabota mene MOC me imat tuzeno samo zatoa sto sum ja kupil bafcata na eden pravoslaven i sakaf da si ja zagradam no crkovniot odbor me dade na sud zatoa sto sum Musliman i sto granicam so crkvata. I sega prasuvam dali se tie vernici ili se popovi sto rabotaat na kriminalen nacin kako da izvlecat pari samo zatoa sto sum jas komsija so crkvata .A sigurno ke izvlecat bidejki crkvata i Grueski se edakvii ke me buvnat na sud tie siguno ke najdat razlog posto celata vlast ja ima Grueski i oatrijarhot, jas vo ovoj slucaj nemam komu da mu se obratam ,Kazetemi sega dali e ova pravedno od strana na MOC??
Од: РР-Скопје
Датум: 11.07.2009 09:31:27
Предлагам пишувањето на оваа тема да продолжи со: - како е тоа уредено со Уставот на МПЦ и со другите акти, со кои е уредено финансискот работење на МПЦ, - како е тоа уредено со уставите и актите на другите цркви, верски заедници и религиозни групи во РМ, - Комисијата за односи со црквите , верските заедници и религиозните групи е исто значајна по ова прашање, а посебно околу распределбата на средставата: трансфери до невладините организации, за што секоја година добиваат пари од Буџетот на РМ.
Од: Do ovcite
Датум: 11.07.2009 10:20:32
Svestete se.
Од: dedo dimo
Датум: 11.07.2009 10:35:05
Toa nishto ne e chudno .Vo site zapadni zemji,crkvite i drugite verski institucii se oslobodeni od danok.Ne skokajte mnogu vie novinarkite isti se kako srachkite ."sakam da kazam ali neznam kako",.Abe za srametese i razberete "kumunizmot propadna a vie ushte se drzite kako pijan za plot.Sve shto vladata pravi vi smeta ,za sve Gruevski vi e kriv .Zaboravate deka narodot mu dade poverenje so golema doverba .Za vas znachi narodot e budala .
Од: spica
Датум: 11.07.2009 11:55:28
дедо Димо, морам да ти дадам одговор на твојот коментар дека народот му ја дал довербата и дека народот не е будала...вистина не е будала,ама е однесен со виорот... да му веруваш на Портокаловите лади во 100 чекори, дополнети и надградени, без никаква економска логика (така се учело воПрилеп), така да како се гледа на виделина МАТНАТА ЌЕ НЕ ЗЕМЕ... Поздрав дедо Димо,наесен пак ќе правиме муабет да сме живи и здрави...
Од: ateist
Датум: 11.07.2009 15:07:50
samo da imate potreba da kupite svekji od crkva ke bidete izlozeni na temelno isprashuvanje nebare ke pravite drzaven udar.. od koja opshtina e pochinatiot, a vie kade ziveete a vo kakvo srodstvo ste, a dali vi se krivi prstite na nozete a dali koga stanuvate od krevet na pod ja stavate levata ili desnata noga... demek seto toa e vo nasoka da se zashtitat od divite preprodavachi na svekji.. pih
Од: mitre
Датум: 11.07.2009 16:00:18
Neka im e cest na gospogjite novinarki koi se pretstavuvaat kako golemi vernicki, a so drva i kamenja ne prestanaa da frlaat po crkvata. Ce bide najdobro da gi sedneme popovite i vladicite na magarinja, za da se cuvstvuvame podobro vo tugjite bedi... zaboravajci taka na sopstvenite...
Од: vm
Датум: 11.07.2009 17:46:10
A zosto e toa taka, ? Zatoa sto MPC bese 'finansier' na izbornata kampanja na vladeackata partija. A na eden Sobir pred izborite, vo Fevruari 2009 godina, vladikata Kiril javno od bina ni poraca da glasame za DPMNE i za Gjorgje.
Од: University Professor from USA
Датум: 11.07.2009 18:41:03
Ami najgolemata apasana e vo MPC i IVZ. Crkavata ne plaka nikavi danoci i seta ekonomija kaj se odviva na crno. Ami ovie gangsteri baraat veronauka da se vovedi vo ucilistata? Sto sakaat da go vratat covestvoto vo mrak i vo 10-tiot vek! Toa baraat tie apasi!
Од: realen Amerika
Датум: 11.07.2009 23:50:20
Ziveam vo Amerika i znam deka ovde crkvata ne plaka taksi. Zosto bi bilo poinaku vo Makedonija, osven na ateistite (komunjarite) da im se ispolni kefot. Ako ste makedonci ostavete ja religijata na strana. Nikoj ne vi bara na sila da se vencate vo crkva, krstite dete i sl. Koj saka neka veruva, koj ne, neka si tera po svoe.
Од: laze-prilep
Датум: 12.07.2009 10:02:36
se soglasuvam so komentarot na dedo dimo i do spica -ne drapaj madinja oti vo prilep ne pasime treva i ekonomskiot fakultet ne nie na najnisko nivo vo Makedonija,naprotiv! Ako ti smeta toa sto G-n Gruevski zavrsil ekonomski fak.vo prilep toa si e tvoj problem.iza vo idnina do site sto go plukaat Ek .Fa.vo Prilep da vnimavaat !

Најди! во Утрински
Насловна
Грабежите, алкохолот и полицијата
Солана ќе добие признание од Македонија
Две момчиња се удавија во водите на Охридското Езеро
Судијата кај премиерот
Повторно ќе има бесплатни лекови во аптеките
Обама одби да се ракува со Берлускони
Хеклер
Иднината на Рамковниот