Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Писма
Груевски не е стариот Црвенковски

Панде Колемишевски, поранешен генерален директор на НИП „Нова Македонија“

Во бројот на весникот од 8 октомври (петок) е објавен текст од Соња Крамарска под наслов „Дали Груевски е новиот Црвенковски‘‘. Без да се мешам или да ги оценувам нејзините изразени мислења и споредбени согледувања за двајцата претседатели на партии и на влади, сакам да укажам на два неточни квалификатива изречени во текстот. Тоа не го правам со намера да ја демантирам колешката Крамарска. Во својство на посреден свидетел, а во некои настани во периодот од 1988 до 1999 и непосреден учесник, чувствувам одговорност да направам обид да доближам до вистината некои од изнесените констатации. Не заради себе, туку многу повеќе за оние кои денес или во иднина ќе ја пишуваат политичката историја на Македонија за тој период, со повеќе знаење, чесно и без манипулации.

Моите забелешки се однесуваат на два сосема кратки извадока од подолгиот текст, да не речам на два збора. Првата е поврзана со НИП „Нова Македонија‘‘, а втората со името (кариерата) на Бранко Црвенковски.

Првата, како што посочив, е за „Нова Македонија‘‘. Во текстот Крамарска го пишува следново: „Во златната ера на Црвенковски постоеја само државните медиуми ’Нова Македонија‘, ’Вечер‘ и Македонската радио-телевизија“.

Без да навлегувам во долгата и блескава историја на НИП „Нова Македонија‘‘, почнувајќи од АСНОМ, категорички тврдам дека во наведената - златна ера на Црвенковски - „Нова Македонија‘‘ и „Вечер‘‘ не беа државни медиуми. Ниту формално-правно, ниту статутарно, ниту финансиски-материјално. Од есента 1990 година, кога на сопствено барање, весникот „Нова Македонија‘‘ се издвои од Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија (кој се преобрази во Социјалистичка партија на Македонија), НИП „Нова Македонија‘‘ и нејзините делови и изданија се здружија во едно единствено претпријатие со целосна одговорност. Во годините што следуваа претпријатието организационо работеше по новите закони низ кои се престројуваа (трансформираа) сите претпријатија со општествен капитал во Македонија.

Во прилог на ова додавам уште еден факт: од 1990 до 1998 година, време кога бев генерален директор, никој од партиите или од власта не можеше да се меша или да одредува и да наредува каква да биде уредувачката политика на весниците, иако, рака на срце, имаше одвреме-навреме инцидентни обиди. Уште помалку во кадровскиот распоред каде што сите решенија биле донесувани со мнозинство гласови од работните единици и Управниот одбор или биле мој личен предлог и избор. Мојот избор (на три пати), изборот на главните уредници и на раководителите на единиците беше исклучително наше (или мое) статутарно право.

За крајот на овој дел и еден финансиски податок: кога стапив на должноста генерален директор, финансиското учество на државата во вкупниот приход на НИП „Нова Македонија‘‘ изнесуваше околу 40 отсто. Од година на година тоа учество драстично се намалуваше и во годината кога си одев (1999) тоа беше сведено на 4,2 отсто, главно, како кофинансирање на изданијата на албански и на турски јазик.

Сега нешто за втората моја забелешка. Крамарска, споредувајќи ги Груевски и Црвенковски, констатира дека (цитирам): „Можеби најголема сличност меѓу нив е што обајцата дојдоа во политиката, што се вели, одникаде. Црвенковски, по серијата колебања на Петар Гошев да го преземе кормилото на Владата во 1992 година, беше само случајна личност што беше набрзина лансирана во орбитата. Имаше само 27 години‘‘.

Лично не знам од каде и како дојде Груевски во политиката, иако е јасно дека пред да стане претседател на партијата и на Владата, имаше силна министерска промоција на надарен, инвентивен и успешен државно-административен кадар. Што се однесува до Црвенковски, Крамарска прави неколку грешки во низа. Црвенковски уште од средношколски и студентски денови поминал низ младинските социјалистички и комунистички организации. На последниот конгрес на ЦК СКМ беше избран за член на Централниот комитет, меѓу најмладите, ако не и најмлад во тој состав. Во 1990 година на првите парламентарни избори беше избран за пратеник во Собранието. Неговата вистинска кариера не почна случајно во 1992 кога беше избран за претседател на Владата, како што тврди Крамарска, туку организирано и осмислено во 1991 година кога е избран за претседател на партијата, која од СКМ-ПДП се преименува во Социјалдемократски сојуз на Македонија. Тоа беше волја и одлука на мнозинството од раководството. За тој период и за тие прилики, Црвенковски никако не може да се подведе под графата - случајната личност.

Напротив. Беше израз на новото време: млад, енергичен, харизматичен, амбициозен, комуникативен. Покрај подостарениот Киро Глигоров, политичкиот итроман Стојан Андов, колебливиот Петар Гошев и поттурнатиот Тито Петковски, беше најдобриот, ако не и единствениот кандидат, што можеше да ја води битката со тогаш пресилниот и неверојатно популарниот Љупчо Георгиевски, новосоздадената икона не само на ВМРО-ДПМНЕ. Беа без малку на исти години, и двајцата имаа бради, се одликуваа со силни ораторски способности, вешти во манипулацијата со зборови и факти, а особено со луѓе. Во околностите што владееја, Црвенковски беше најсоодветниот политичко-социолошки, па дури и физиогномски пандан за отпор на екстремно популарниот Георгиевски и на неговата политика. Плус, беше гарант дека СДСМ со него на чело ќе одржи некаков автентичен македонски историско-државотворен континуитет, ќе го разобличи силно изразениот новобугаризам во ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги спречи плановите на Георгиевски и неговата тогашна дружина за разнебитување на македонската држава и нација. Во тој политичко-историски контекст, Црвенковски не беше „лансиран‘‘, како што вели Крамарска, туку го создаваа, го градеа и помагаа неговите сопартијци (кои денес се надвор или далеку од СДСМ), неговите искрени пријатели (сега повеќето поранешни), неколкумина новинари (од кои дел подоцна се свртеа против него), како и пошироката партиска база.

Тоа дека Црвенковски, без разлика што мислиме за него како лидер и човек, не може да се прикажува или третира како политичар дојден одникаде или како случајна личност покажаа и наредните години, кога по поразот во 1998, убедливо победи на изборите во 2002 година, а стана и претседател на државата во 2004, круг што го имаше замислено од денот кога стана претседател на партијата, тринаесет години пред тоа. Црвенковски си ја заслужи кариерата, исто како што ги заслужува и жестоките критики денес.

#
Статијата е прочитана 1231 пати.

Испрати коментар

Од: mile kitic
Датум: 15.10.2010 12:09:43
Можеби државниот удел се намалувал, туку нека каже авторот по колку годишно НИП - от добиваше директна буџетска поддршка од страна на Владата на Црвенковски. Зошто на пример не се каже колкава беше доделена поддршка само во 1998 година пред СДСМ да ги изгуби изборите. Не не потценувајте авторе, оти не сме со кратко паметење!
Од: jovan
Датум: 15.10.2010 13:16:53
Ne e voopsto tesko da se proveri od kade "doaga" Gruevski. Pogledajte mu go CV-to ,kade i vo koj firmi rabotel, pa ke vidite deka megu prvite zaposluvana mu se vo firmi bliski, (ili na negoviot) denesen socialisticki koalicioner. Sto se odnesuva do "Bugarizmot" ,pa i tuak ne e nisto nepoznato.Poglednete gi samo "bankarskite vrski" i na Grujo i na negoviot "partner".
Од: Som
Датум: 15.10.2010 13:41:37
Sto ima vrska. Si igravme drzava 20 godini . Igrata prodolzuva.
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 15.10.2010 15:07:40
Абе Панде, девојчето претера во неинформираноста.Ама и не е крива до крај.Во Твое време “Нова Македонија“ и РТВ МКД имаа оделение на ДОКУМЕНТАЦИЈА која, со глава тврдам, беше побогата и од УНИВЕРЗИТСКИТЕ БИБЛИОТЕКИ на Штипскиот и Битолскиот универзитет... Се отиде, се разграби, уништи... И сега што може Соња (ако сака), во “Утрински...“ немат простор ни за новинарите.Секако, ова не ја оправдува. Сериозноста бара и одговорност,а одговорноста и референтни извори на информации...Добро е што се јави...
Од: MIKI
Датум: 15.10.2010 15:41:20
se izvinuvam, a sto bese toa "Nova Makedonija"??? isto ova sto e sega i Makedonska TV? toa li ???rastureno, pokradeno....
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.10.2010 18:43:53
Незнам дали со генезата на ликот лидерот на опозицијата не му се прави ,,мечкина услуга,,Описот да скоро од пионерски денови бил со напредни комунистички идеи,па набројување на сите негови должности во тоагашниот систем и т.нЗа да бидеш нешто во тогашниот систем треба да си ептен подобен структурите на власта.Инаку ако направиме парелели помеѓу тогашниот млад премиер и сегашнава власт испаѓа да тој бил вундеркинд,барем према опозициските коментатори.
Од: Трпе
Датум: 15.10.2010 18:56:42
Споредбата помеѓу Бранко и мистер Рејтинг е иста како споредба помеѓу Мерцедес и Тата(фичо).Односот на рејтингот е 1:2или 1:3 е поради тоа што обичниот народ ,познато е што може да си набави.Е сега и ова вози и ова вози но каков е квалитетот тоа е друга работа.Народот што си бараше тоа и си го најде.Наместо да возат квалитетни коли се радуват на половни.
Од: exorcist
Датум: 15.10.2010 21:28:01
Nema tuka nisto staro ili novo.. tie si se isti od sekogas i zatoa i se vo koalicija sdsm-dpmne. im se blizi krajot..
Од: Феличита
Датум: 16.10.2010 08:38:37
Околу комунистичкото минато,Феликсе,не мора да гледаш во опозицијата.Сети се на минатото на Џоле , Маневски, Ѕинго, Трајанов, Дулиќ, Никовски, Шкариќ, Велиновска, Латас и другите околу тебе.Инаку,со сите мани,Црвенковски е вундеркинд за Груевски,иако не студирал на вечерниот факултет во Прилеп,со просек нешто повеќе од 6!

Најди! во Утрински
Писма






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy