Број 3177  среда, 06 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Јовица Угриновски

неврохирург

Денеска имам пријатни обврски како кум на прославата на Бадник. Утринава во 8.30 часот со одборот за прослава на Бадник ќе ги посетиме штитениците на Домот за стари лица во Злокуќани. Од 10.30 часот е прославата пред Соборниот храм во Скопје, а потоа одиме на ручек со сите поранешни кумови на Бадник. Вечерта, според народната, „кај да си, за Божик дома да си“, го дочекувам Божик дома, со семејството.

Тамара Тодевска

пејачка

Од денес, па цел месец пред нас, центар на мојот свет е внукот Вук, кој денеска ни доаѓа во Скопје. Немам обврски за настапи во овој божикен период, па со радост останувам дома на заедничка прослава и дружење со семејството. Всушност, Божик е празник за да се биде со најблиските.

Петар Нечовски

музичар

До крајот на месецов сум во САД, па Бадник и Божик ќе го минам со нашите сонародници во Коломбос, Охајо. Синоќа го прославивме Коледе, па деновиве со песна и дружење ќе се потрудам да го развеселам божикното празнување и со нашинците да ја зачуваме нашата традиција на далечниот американски континент.


#
Најди! во Утрински