Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Мислења

Мислења

Погром на плоштадот

Владимир Милчин

„Богохуљ, ти си богохуљ“, хистерично го колнеше една „богољупка“ момчето кое се обидуваше да се одбрани од ударите на двајца хистерични јуришници

Уште две-три насилнички оргии во кои „униформите“ и „цивилките“ ги тепаат граѓаните (битолските фармери), глумат слепило (Струга) или ги советуваат тепаните студенти мирно да се разотидат (во саботата на плоштадот „Македонија“) и победата ќе биде нивна! За век и веков. А, потоа ќе завладее молкот на едноумието. Уште утре, наместо едноумието на левицата, како дожд врз нас ќе се истури едноумието на десницата. Надесно круг, напред марш и право во ново безумие! Така ќе се оствари „пророштвото“ на Влатко Ѓорчев и Ѓорге Иванов за крајот на транзицијата во Македонија. Далеку од демократијата, правната држава и пазарното стопанство. Девет планини и долини подалеку од НАТО и од ЕУ.

Во устоличувањето на лагата за ставањето крај на транзицијата главната улога ќе ја одиграат стаповите. Лопатите ќе им помогнат да освојат власт без граници, а дршките на црковните знамиња ќе им обезбедат гробна тишина во која никој нема да смее ни да праша зошто гладува и во „посттранзицискиот рај“. Зашто, како што видовме во саботата, и со рисјански реквизити (се прашувам, да не биле претходно и благословени?) можело да се тепаат студенти, а богами и жени. Исто како што Чаушеску ги употреби стаповите на рударите врз главите на студентите. Тој ги донесе рударите во Букурешт со возови, а дел од нашите саботни „богољупци“ го напуштија Скопје со гостиварски автобус. Утре, ако затреба, ќе заиграат и палките за безбол. Оние другите палки веќе заиграа кога во глува доба беа растурени блокадите н�� фармерите.



Залудно е да трошам хартија и да барам оставка од министерката Јанкуловска. Таа педантно го претвори МВР во партиска полиција. Во первертираниот концепт што го спроведува министерката, полицијата не е задолжена да ги брани уставните права и слободи на граѓаните, туку е задолжена да ги штити оние кои го газат Уставот. Затоа не ме зачуди цинизмот на МВР, кое не ги приведе веднаш насилниците (камерите имаат фатено на дело барем десетмина од нив), туку најави дека ќе ги гони организаторите на протестот зашто не си обезбедиле редарска служба!? За разлика од „спонтаниот протест“ кој, видовме сите, имаше доволно падари за чистење на плоштадот. Госпоѓо министерке, на плоштадот и околу него имаше доволно полицајци да се направи кордон кој ќе го спречеше насилството. Но, очигледно, наредбата беше да се спречи протестот, а не насилството. А, обидот да се нашминка грдата реалност со задоцнета осуда на насилството и со најава за приведување на виновните за насилството не може да залаже никого. Премногу личи на санкциите спрема оние кои ни ги приредија најсрамните избори во јуни 2008 година и премногу личи на прекршочните пријави за насилниците кои ја оневозможија трибината на Граѓаните за европска Македонија во Струга. Правдата се движи со брзина на желка. Право во заборав.

Наивно е да апелирам премиерот Груевски да престане да ги охрабрува своите јуришници кои „спонтано“ се одзвале на повикот на Јанко Јади Бурек „против збирштината од геј и атеисти кои ќе се обидат да шират гадости“. Го слушнавме премиерот како истата вечер го обвини Мирослав Грчев за организирање на протестот и како веднаш потоа изјави дека не е сигурен во своето тврдење. Е, па, господине премиер, време е некој да ви ја соопшти непријатната вистина дека не се сите граѓани на Македонија партиски војници и послушници. Се' уште има такви што не маршираат на звуците на „преродбата“. Се разбира, вашите мегафони ќе им ја лепат етикетата „соросоиди“ и ќе го злоупотребуваат моето присуство на плоштадот. Да, бев таму и бев сведок на изливот на бес на оние кои со стапови, тупаници и пцости го бранеа „проектот на Владата“, како што ја нарекувате изградбата на црквата на место кај што никогаш немало црква. Да, бев таму и ќе бидам секаде кај што во Македонија ќе се газат уставните права и слободи, господине Груевски. И немам намера да барам дозвола за тоа од оној Бичиклиски, партиската машина за мелење на вистината. Што си замислува тој, дека Македонија е Кралството Југославија во кое луѓето непријатни за режимот биле осудувани на внатрешна интернација и секој ден морале да се јавуваат во жандармериските станици?



Губење време би било да го прашам кандидатот Иванов каде испари неговиот „демократски капацитет“ кога може да не изусти ни збор осуда за дивеењето на клерофашистите на скопскиот плоштад. Како замислува да биде „татко на нацијата“ без да застане во одбрана на универзалните човекови права и слободи, ако веќе не сака да го брани Уставот? Кој е Ѓорге Иванов? Оној што го знаев кога беше член на Управниот одбор на фондацијата на „соросоидите“? Или оној што се надвиснал над нас од огромниот црвен билборд на „Ибни Пајко“, кој прилега на комунистичката иконографија со која беа создавани култовите на Сталин, Чаушеску, Мао и Ким Ил Сунг? Полоши од комунистите се само новокомпонираните антикомунисти, друже Иванов!

Првото што го слушнав кога дојдов на плоштадот беа извиците „Шиптари, Шиптари“. Тоа беше дочекот што им го приредија „рисјаните“ на стотината студенти кои беа собрани пред скулптурата „Заљубените“ лево од Камениот мост. А, кога студентите ги отворија транспарентите на кои пишуваше „Не силувајте го Скопје!“, јуришниците нападнаа. Ги уништуваа транспарентите и маваа со клоци и тупаници. Клетви, пцости и навреди се излеваа од устите на овие „богољупци“, крстоносци заталкани во 21 век. „Богохуљ, ти си богохуљ“, хистерично го колнеше една „богољупка“ момчето кое се обидуваше да се одбрани од ударите на двајца не помалку хистерични јуришници. Од кои ли темни длабочини исплива оваа карикатура од збор, украс на нејзиното родољубие и верољубие? Од кои ли темни длабочини исплива оваа „госпоѓа“ со коса во боја на циклама? „Предавници, платеници, педери, курви, курви милчински...“ - зошто го цитирам сиот тој „рисјански“ арсенал испукан како поткрепа на дивеењето? Зар се' уште се надевам дека тоа ќе допре до дебелите уши на нашата елита? Особено до оние кои пцалаат интелектуалистички мантри, мислејќи ��ека фашистичките демони ќе ги снема доколку на глас не се изговара нивното име?



А, пред Ристиќевата палата, еден разбеснет „богољубец“ со дршката од црковното знаме „покрстуваше“ една жена во години. И не еднаш, не два пати... Бесовите од романот на Достоевски го беа обзеле и беше готов и да ја сакати. Во чие име? Во името на верата или на партијата? Да верував дека се вистински христијани, ќе се прашав каде ќе им одат душите на црностотинашите.

„Силината со која овој помал дел на Македонија се противи на проектот за изградба на православниот храм, кој е во полн ек, говори за тежината на македонското демократско породување, кое исто како и човечкото не може да помине без бол. Меѓутоа, да му благодариме на Бог што ни допушта искушенија онолку колку што можеме да издржиме“, може да се прочита денес на „Фејсбук. Функционерчето што го начкртало ова има проблеми со мајчиниот јазик, но нема проблеми со пуштањето крв во името на она што тој го нарекува демократско породување. Колкава ли болка и' наменило ова фелдфебелче на Македонија? Бездруго голема, зашто тој може да ги издржи искушенијата што му ги испраќа Бог. А, ќе може ли Македонија да ги издржи искушенијата што и' ги испраќаат фелдфебелчето и неговите налогодавци?

П.С. Во понеделникот изутрина, на саботното поприште осамнаа две пораки. Првата е единаесеттата „божја“ заповед: „Сврти го другиот образ, и задави го неверникот“. Втората е закана со крстоносна апокалипса: „Ние сме ВМРО, отпорот е бескорисен, Вие ќе бидете асимилирани“. Сте го читале „Со оган и меч“?

(Авторот е режисер)


Статијата е прочитана 2887 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 31.03.2009 00:12:30
Pobedata na Ivanov znaci deka FYROM ne zasluzuva da postoi kako drzava. I nema da postoi. Tocka.
Од: Vane - Kavadarci
Датум: 31.03.2009 00:12:36
So se slucuva koga od edna strana imate spletkaros kako Branko, a od drugata nesposobno MVR (Vlada) - Skopski plostad !
Од: Traminec
Датум: 31.03.2009 00:31:45
Kako Milchin "slucajno" se najde na protestot protiv virtuelnata crkva, a nitu slucajno se najde nitu pomisli da organizira protest protiv realniot i divoizgraden spomenik na Skenderbeg na samo 300 metri preku Kameniot Most.? Mnogu chudno, za da bide objektivno !
Од: jovica
Датум: 31.03.2009 00:45:57
Ubav toj na majka. Te cekavme i te docekavme da se javis, pa uste i kolumna ti dale. Tvoite spekulantski pogromi i demakedonizacijata traat otkako zelenite suski na Soros pocnaa da ja ronat makedonskata drzava. Ta bila, ta ne bila edna crkva na plostadot, koj i taka nema nisto znamenito. No toa ne e glavniot . Koja vi e sega celta? Pod plastot na demokratijata godini na nazad ziveevme so brankokratijata, zad koja stoi NVO-milcinokratijata. iskreno zalam sto Frcko ke izgubi od glasovite na 'seljacanata' koja toku ja prezirate. No, gragjanite gi prepoznavaat manipulantite kako vas. Ne se sramis sto i ti bese megju demonstrantite i gi bodrese od zadnite redovi. Podmolno.
Од: MKD
Датум: 31.03.2009 00:59:59
Gragani ne dozvoluvajte da ve isprovociraat na nasilie ovie bedni i razgaleni milcinovi sutraci.Ostavete gi samite da izgorat vo svojot bes.Ne dozvoluvajte da im uspee planot da preku plukanje po najdlabokoto bitie na makedonskiot narod-crkvata, vi go pomatat umot i da zaigrate po muzikata na nivnite gavolski noti.Ostanete mirni i ne vrtete se kon niv.Ne vleguvajte naivno vo stapicata na organiziraniot i lucidno planiran haos zaradi nasilno urivanje na drzavata.Tie i nivnite deca koi so godini ziveat od pari drsko i bezobrazno vadeni od vasite dzepovi i pecaleni vrz vasiot strav,krotkost,blagorodnost,naivnost i dobrina,pari dobieni od pazar so drzavata,narodot,imeto i crkvata,se obiduvaat povtorno samo nivnite zelbi da gi stavat nad site nas,samo nivnoto da go nametnat kako ispravno,a se drugo nedemokratsko i fasisticko,zatskrieni zad prevezot na sloboda na govorot celta ime e uste ednas da gi zarijat zabite vo nasite veni i da cicaat do iznemostenost.Im snemuva pari za luksuz
Од: Crnokosuljaci
Датум: 31.03.2009 01:06:04
Ova e zastrasuvacko i apokalipticko scenario za demokratijata vo makedonija. Ako vece Despotot se resil za ti cekori redno e na svoite jurisnici da im sosie uniformi i crni kosuli. Taka ce znaeme navreme deka doadjat "crnokosuljacite" i ce mozeme da se sokrieme po podrumite.Dali e toa izgradenata strategija za koja zboruvase Ivanov , a so koja ce sme vlezele vo NATO i EU?Gospode Boze ! Sto ti zgresivme tolku mnogu sto ja kaznuvas Makedonija na vakov nacin?
Од: miki
Датум: 31.03.2009 01:43:00
e pa tocno e deka soros te plaka, sigurmo ne bese na protestot kako student, sojuzot na studentite javno se ogradi od ovoj protest, sakate da ja destabilizirate makedonija pred izbori vie ste tie sto vi odgovara makedonija da bide izolirana za da prodolzete da kradete zatoa sdsm go organizirase ovoj protest,drugata grupa na luge ne e tolpa i tie imaat pravo naprotest a za ednoumieto vie nemate pravo da zboruvate vie go izmislivte toj nacin na vladeenje,ako nekoj sumjase na koj nacin sakte da dojdete na vlast sga nema somnez na vlast sakate so nasilstvo i so manipulacii uste mi se vo sekavanje slikite koga bese mkd vo vojana,branko i sekerinska koga tajno se srekavaa so ahmeti i kroeja strategija da se vratat na vlast so sila,posledicit gi gledame na sekoj cekor.Kade bese ca kazes nesto koga Bule ja tepase struga da se pobunis koga se napravija 15 dzamii vo skopje,tie sigurno go zadusija poveke skopje otkolku edna crkva na plostadot.
Од: Izrod
Датум: 31.03.2009 03:09:48
Vlade!Nie se znaeme.Ti beshe odlichen reziser,avangarda.Ama sto e ova od tebe!?Da ne ti pishuvam i tebe, kako na Kolja,sozemetese,vashata pretsava zavrshi.Ke naminam do kajtebe vo ofisot i so jasna misla da razchlenime shto e patriotizam,demokratija,izrod,uchenost,istorija,filozofija,razuznavanje,sociologija,sport i shto sakash drugo.Doviduvanje,stavi kafe vo gezveto.
Од: Marx
Датум: 31.03.2009 04:48:55
Odlicna analiza na nastanite. Gospodine Milcin, kade se izgubija slobodoumnite luge vo Makedonija? Se pomalku i pomalku gi ima! Na prsti se brojat. Akademici, doktori , profesori, molcat dodeka Janko deli lekcii. Go doprevme dnoto, i toa me uzasuva.
Од: Православна Македонија
Датум: 31.03.2009 06:56:06
Речникот на омраза продолжува. Вашата вербална агресивност е сопката, искушението кое не можат да го надминат многумина што се случуваат настани како на плоштад, по трибини и сл. Доколку сметате дека браните правда и демократија зошто низ целиот текст иронично употребувате зборови „рисјани“, „богољупци“ „крстоносци“. Што би рекле Вашите предци, зарем Вашето потекло не е рисјанско? Зарем очекувате дека со такви зборови ќе ги убедите ХРИСТИЈАНСКИТЕ верници во исправноста на Вашите ставови.
Од: Трајко
Датум: 31.03.2009 07:13:59
Одличен текст...само колку души ке го прочитат и разберат.
Од: Игорче, Битола
Датум: 31.03.2009 07:51:07
Интересно.Токму Милчин ни кажа дека само ВМРО се тие кои се со чисто срце македонско, само ВМРО се тие кои ја негуваат христијанската вера. Многу сте интересни, но мило ми е што вашата политика е поразена и повеќе никогаш не повратна. Само прашање на време е кога, ние, младите генерации историски ќе се осудиме за велепредавство што го правите иминатите не само 18-19 год. туку и претходно во вашето едноумие.
Од: Eli
Датум: 31.03.2009 08:07:13
Cestitki na avtorot za hrabrosta javno da go kaze ona so koe sto mnogumina se soglasuvaat. Pozdravi
Од: eleni
Датум: 31.03.2009 08:08:29
I Makedonija si ima svoja Frttzel familija.Tie ja drzat vo podrum i siluvaat sopstvenata nacija mnogu podolgo od Avstriskata
Од: ljupco,bitola
Датум: 31.03.2009 08:13:41
Koj gubi ima pravo da se luti,ama nema pravo da go obvinuva protivnikot za sopstveniot totalen neuspeh na ovie izbori. Deka protestot protiv izgradba na crkva ne e vo funkcija na izborite ne vi veruva nikoj. Negativnata i plukacka kampanja koja Frle ja vodi od samiot pocetok kulminira na plostadot vo sabotata,sto samo moze da dovede do nemanje na cenzus vo vtoriot krug,sto mozebi i bese idejata na organizatorite na ovoj 'miren protest' koi se vide deka se edni te isti,od izborniot stab na Frckoski.
Од: Goran
Датум: 31.03.2009 08:56:31
Ti se narekuvas patriot.Patriotizam cuvstvuvas samo kon djebot.Ti si najobicen platenik (isto kako onie pred MTV).
Од: Atanasija
Датум: 31.03.2009 09:16:41
G.Milcin vo vistinsko vreme se nasol na vistinskoto mesto,kako sto,patem,se najde i vo odbranaa na neosnovano -so belezici na racete,bese priveden g.Zaev.. kako sreka mnogumina da se odvazat i da se najdat na vakvi nastani. A ne bil navremeno najaven protestot na studentite?PA nie sto sme osudeni doma da sedime,no sto imame moznost da gledame televizija-gledame deka i pred Belata kuka vo vasington desetici,duri i pomalku mladi lugje so transparenti mirno go iskazuvaat svojot protest protiv odreden stav na Belata Kuka-i nikoj ne se nafrluva so pcosti i stapovi ako ne go deli nivnoto mislenje.Tie samo izrazuvaat mislenje,i toa treba da go zeme vo znaenje vlasta. A MANU-isto kako jas-si gleda televizija,a Rektorot odbiva da se rasprava za nastanot,a kolegata-studenti pretsedatel na organizacijata na studentite od kancelarija izjavuva :nikoj ne me prasal,i sto sega ja baraa podrskata. Gospodi,vo Tvoe ime bea tepani studenti ,a ti ne se najde tamu da gi odbranis
Од: ЗСС - Скопје
Датум: 31.03.2009 09:23:26
Празник е.Палам свеќа во Владината Црква и го слушам свешетникот: - Нека Господ биде со сите Вас! - Да се помолиме за свештениците, помагателите, градителиете ... на овој Свети храм! - Да се помолиме за Нашиот Патријарх Неговата Светост Грујо!
Од: Zoran
Датум: 31.03.2009 09:31:47
Во време на СТРОГИ ВЕЛИКДЕНСКИ ПОСТИ таканаречените ‘православци‘ и ‘попови од МПЦ‘ дигнаа рака на некој кој има спротивно мислење од нивното. Залудноги носат крстовите и знамињата. Секој и малку паметен човек, во нив виде БЕЗБОЖНИЦИ, битанги, хулигани и простаци.
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ
Датум: 31.03.2009 09:35:14
Текстот е напишан во функција на подгревање на негативната предизборната атмосфера и оцрнување на власта да тепа народ една недела пред избори.Фактографското бележење на настаните е во функција на предходното кажано.Иритира изјавата дека се тепани жени и деца ,што бараат деца на протести треба да се замеша детската амбасада Меѓаши и да ја осуди злоупотребата на децата во политички интереси.Ако студентите се нарекуваат деца тогаш академските граѓани се потценети( зошто децата се незрели во донесување на битни одлуки) и нанесена им е тешка навреда што го девалвира протестот.
Од: dbreak
Датум: 31.03.2009 09:35:46
Citajki go tekstot, sakav da go kazam istoto shto go napishal eden komentator pogore. Mnogu malku vas ve razbiraat, zatoa shto ne mislat so svojata glava. ili vo opshto ne razmisluvaat. Tekstot e odlicen, i sekoja cest. Samo faktite vo nego govorat za edna strashna slika vo drzavava. Slika koja ja prodlabocuva bolkaa i patenjeto na makedonskiot narod i jazot pomegu etnikumite vo makedonija, vo prisustvo na policijata i vladinite jataci. So pocit
Од: zabegan.
Датум: 31.03.2009 09:49:09
ТРАБИНЕЦ-А зошто не би требало дотичниот господин да биде на плоштад???Зашто вашиот пастир се наоѓа кај сите ископани ДУПКИ со лопата??? Што се однесува до СКЕНДЕР БЕГ па што е тој по ВЕРА??? Албанците прости а ти ГЛУП.
Од: Спасе
Датум: 31.03.2009 09:55:16
Браво за г.Владимир Милчин,за тоа што така убаво и точно ги искажа мислите на сите правдољубиви Македонци!Вистински син на Илија Милчин,големиот македонски патриот!
Од: Nina
Датум: 31.03.2009 10:02:04
Znaete li sto najmnogu me plasi i najavuva losi vreminja? Argumentite na branitelite na crkvata na plostad deka nikoj nisto ne rekol protiv dzamiite! Kombinirano so izvicite "siptari, siptari", strav mi e da pomislam sto ke se rodi od prerodbata! Navistina, dali sme zasluzile da imame drzava?
Од: nezavisen
Датум: 31.03.2009 10:04:17
Gospodine Milcin, odlicen sostav, ke ti stavam petka, Brane tvoj ke te pogali po kosiceto bushavo a Soros ke ti dade poveke zeleni shushki. Bravos, mi go izgubi vremeto!
Од: Ana
Датум: 31.03.2009 10:05:54
Srekna okolnost za protestot na studentite e sto bea napadnati. Nasilnicite samo im pomognaa da ja razbranuvaat makedonskata i evropskata javnost. A da pominea mirno nikoj nemase ni da se seti sledniot den deka se slucil nekakov studentski protest.
Од: b
Датум: 31.03.2009 10:06:20
Nenormalni. Milcin bil na protest, kerkata na Ismail bila na protest. Tie nemaat pravo na priotest i svoe mislenje. Zar samo fasioidni ulicari imaat pravo na protest?
Од: Petar
Датум: 31.03.2009 10:18:21
Aman od tebe! Do koga kje se mesas vo sekoja somnitelna aktivnost vo Makedonija!? da doagja od necija drugo pero napisanovo, da poveruvam, ama od tebe!???
Од: Silvana
Датум: 31.03.2009 10:19:47
Citajki gi komentarive jasno stanuva kakva populacija zivee vo nasava drzava. Sakam da se iselam od Makedonija sto poskoro!!!
Од: Миле
Датум: 31.03.2009 10:40:03
Време е вечниот студент по антимакедонски студии и белосветска спонзоруша да оди во пензија или да се прогласи за технолошки вишок. Треба да престане да финансира, поддржува и поттикнува проекти за рушење на основите на државата на македонскиот народ со цел таа да се распадне од внатре. На плоштадот во Скопје направивте провокација. Оние кои наседнаа на провокацијата и реагираа насилнички се наивни и глупи и заслужуваат соодветни казни. Се би било во ред ако Владимир Милчин не „јаде леб“ од надворешен спонзор кој нема референца за слични активности во соседни земји кои се веќе членови на НАТО и ЕУ.
Од: Tomi
Датум: 31.03.2009 10:44:00
Ova sto se sluci na plostadot e scenario na pisucacot na statijata i na SDSM , vo toa e ubeden narodot. Inaku so koj UM studentite ke izlegoa na protest vo vreme na izbori.Kade vo svetot vidovte protesti vo vreme na izbori neka navede reziserot na protestite.Sekoj pameten ke kaze deka protest ne se pravi za vreme na izbori.
Од: Jovan
Датум: 31.03.2009 10:50:27
Drugar Milchin, ako sakas veke da solis pamet,bidi malku postrucen, vo Romanija rudarite koi gi tepaa studentite ne gi donese Causescu (odamna mrtov koga se slucuvase spomenatoto tepanje) tuku negov naslednik Iliescu (tipot koj sto moze da se opise kako nekoja kombinacija na tvoite Kire i Bane) Znam deka idol ti e Michnik, ama za zal (ili za srekja) svetlosni godini si od toa da ja postignes negovata umetnost vo manipuliranje i proviciranje
Од: Стојан Трајковски
Датум: 31.03.2009 10:54:11
Милчин: „Особено до оние кои пцалаат интелектуалистички мантри, мислејќи дека фашистичките демони ќе ги снема доколку на глас не се изговара нивното име?“....... Господине, добро е да се препрочиташ! Тешко кеВи биде да поминувате покрај црквата или поточно ке бегате од неа. Но впрочем црквата затоа се гради!
Од: Св. Петар
Датум: 31.03.2009 11:15:03
Под текстот стои:“(Авторот е режисер)“. Сега се е јасно кој го режирал сето тоа.
Од: perica
Датум: 31.03.2009 11:46:09
Zastrasuva faktot kolku se organizirani.Poglednete gi prvite komentari vo rok od pola saat, eden duri i priznava "deka go cekal Milcin da se javi".Neverojatno. Sreken sum sto izbegav , a na doblesnite ludje kako Milcin -jaka im dusa, da im davam podrska bi bilo licemerno
Од: sime
Датум: 31.03.2009 12:10:46
Kolku sme neuk narod pokazuvat nastanite od sabotnite protesti a i nekoi od komentrarite.Jasno e deka zad nasilstvoto zastana vlasta ii crkvata.Tesko za ovoj narod.
Од: bobi
Датум: 31.03.2009 12:21:52
So eden zbor so nas upravuva primitivna bagra
Од: zelezara
Датум: 31.03.2009 12:55:46
Do jovica.Abe seljaciste edno nedokvakano sto ima veze i da bil na miting.Demokratsko pravo e na sekoj da protestira.Aj soberi stokata i sikter u planina ne si ti za u grad
Од: drw
Датум: 31.03.2009 13:13:32
Drag reziseru, tvojata kolumna e podatliva za tvoeto veke skovano antigrujovsko scenario za filmot “Bogomilcinie”, reziran od tebe vo produkcija na Soros. Tamu bednite “crkvenjaci” koi sakaat da gradat crkva, se ubeduvani so guskanja i baknezi od mirnite i nestimulirani so nisto arhitektonosaci na plakati: „Не силувајте го Скопје!“ Tie, navodno ne bile dobro razbrani pa namesto so baknezi im bilo vrateno so slakanici. Togas od pozadina ke se pojavi Bogomilcin i ke gi iskara “crkvenjacite” so besedata: “Ke dojde mrak, i se ke stane crno desnicarsko, i ke platite za ovie slakanici koga Frcko ke gi izvadi spisocinjata so vasite vmrovski iminja, i posle povtorno ke gree sonceto nad Makedonija”. I zamislete, Bogomilcin na zemjata Makedonija ke go isprati Brankomirec hrabar, da ja spreci zelbata na “crkvenjacite”. Brankomirec ke odi mlitavo napred, a Bogomilcin ke go turka so dvete race, kako Siziv kamenot po ugornicata. E reziseru, sto ne si ostana vo teatarot, dosta ja razvivas demokratij
Од: boban.b
Датум: 31.03.2009 13:25:06
ne zasluzuvas komentar komunjaru.
Од: Vasil
Датум: 31.03.2009 14:49:08
A be Vlade Milcin! Kako samo ubavo se izvrtuva se i sesto kako sto ti cini. Samo edno prasanje. Kaj bese Vlade na vremeto koga Kiro Gligorov bese pretsedatel, Branko premier a VMRO 6 meseci nadvor od sobranie. Togas nikako ne se pojavi da ni objasni sto e toa ednoumie. Za cudo i megunarodnata ja nemase da reagira. A drzavnicite si vladeeja epten demokratski... Ova sto sega se pravi (tivok bojkot na izborite) moze samo od predavnicka kujna da izleze. Makedonski narode izlezi i glasaj. Ne glasas za Milcin, glasas za sebe
Од: struzanec 1
Датум: 31.03.2009 15:17:36
Извинете колеги интернетовци , што Ве прозивам ,но мислам дека сите Вие што користите интернет сте понапред интелектуално и материјално од останатите.Затоа ме чудат Вашите негативни коментари на текстот на Милчин.Само ги потврдувате саботните изданија на тепачите.Сега само во текстуална смисла.Ако ви се при рака стаповите и нив ќе ги употребите.Ако Вие имате свои мислења зошто другите да ги немаат.Или не треба да ги имаат зошто се против Вас.
Од: tesko na onie vo sredinata
Датум: 31.03.2009 15:31:58
Mi se smaci da ziveam vo cistilisteto, vo sredina, opsednat od vladiniot sektor kontroliran od Grujo i nevladiniot od Milcin. I dvajcata treba da se povlecat od javniot zivot i da im ja ostavat Makedonija na tie sto stavrno sakkat taa da odi napred. Ako ima takvi.
Од: Стојко
Датум: 31.03.2009 15:35:12
Господине Милчин, се надевав дека нема да прочитам реприза на предходните две писанија (Гелевски и Јовановска), посебно затоа што од Вас се надевав дека сте интелектуалец кој е над нивното ниво. Грозно сум разочаран од ваквиот пристап. Ако ги подржувате тезите на ВМРО - историчарите за окупираноста на Македонија, не сте многу подалеку од нив. Какви тоа џандари на Кралството Југославија ве попречувале Вас во остварувањето на некоја идеја? Иако сте „татин син“ мислев дека одамна сте ги надминале бугарските теории за настаните од минатото. Она што е одбојно е медиумскиот мрак пред настанот. Никаквиот одзив на студентскиот бунт (50-тина) е последица и на новинарскиот молк. Жално е што немаше повеќе граѓани од постарата генерација. Ова е единствениот начин да им се придружам (postfestum) во нивниот протест.
Од: MIL-CIN
Датум: 31.03.2009 15:45:17
Pojma nemas gospodine kolku mi e mil,- cinot sto site od vasata "sorosoidna" sorta sve vo metastaza i vi nema spas .Amin!
Од: Данко
Датум: 31.03.2009 16:14:56
Црна се чума зададе над Македонија!
Од: k
Датум: 31.03.2009 16:23:57
Prodolzete samo taka G-dine Milcin mora nekoj da bide predvodnik na ovaa zaslepena nacija koja negleda nisto podaleku od svojot nos,a za zal istata zaslepenost ja zafati i MPC koja javno so ovaa postapka ja potvrdi bliskosta so VMRO koja se znaese uste poodamna
Од: Nenad
Датум: 31.03.2009 16:24:27
More, more se razrabotila fasistickata masinerija. Sigurno imalo nekoj apel od centralata na rajhot vo stilot: "Sekoj sto znae da pisuva treba da napise nesto protiv tekstot na Milcin". p.s. Ova ne e ona VMRO za koe imam glasano i vo koe dedo mi se krsti sekoj den. Ova e VMRO-FASISTICKA
Од: sladj
Датум: 31.03.2009 17:14:22
i da se dadese predlog ringispil da se napravi , kade sto za zal ke se izgradi crkavata ke bev protiv od edna i edinstvena pricina . NEMA MESTO! Arno ama, jadacite na burek nemaat oset za estetika. Zalno e sto Makedonja ama bas nikogas nemala kapacitet za podobro, sekogas kaskame..i zatoa se naogame onamu kade sto se naogame. Znaeme samo da kukumjavcime, se nekoj drug ni e kriv, se nekoj drug se dogovoral vo nase ime..ocigledno so pravo! Zatoa sto sme BEZGLASNI! Adios Macedonia.
Од: gordana
Датум: 31.03.2009 17:21:49
pozdrav do cenetiot reziser...i hrabrosta da ja odslika vistinata na nastanot...gi citam komentarive i ne mi se verue kolku mnogu ustvari im e ispran mozokot na mnogumina,sto duri i nemaat so sto poveke da mislat....mnogu zalno pozzdrav do site tie i poraka, bataleto go stadoto i mislete so svoja glava...

Најди! во Утрински
Мислења
Мегафоните од фиреровиот сокак