Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Дејан Пројковски

режисер

Во Битола сум и најголемиот дел од денот го минувам во Народниот театар, со две проби дневно на „Браќа Карамазови“ од Достоевски. Бидејќи подолго време не сум бил на „престој“ во Битола, меѓувремето од паузите го користам за кафиња на Широк сокак и муабети со пријателите.

Владимир Крстевски-Франц

музичар

Денов ми има многу малку врска со музиката. Главно сум растрчан да завршам некои административни работи и да приберам документи. Ме очекува и состанок со спонзорите од „Адидас“, па, сепак, ќе поминам и во студио да завршам и некоја музичка работа. На крај на денот, морам да седнам и да напишам еден текст.

Зоран Љутков

актер

Речиси по цел ден сум во Драмски театар, со две проби дневно за претставата „Александар“ во режија на Љубиша Георгиевски, чија премиера ја подготвуваме за 11 април. Како што ни се ситнат деновите до премиерата, подготовките се се' поинтензивни.

Најди! во Утрински