За отпуштените новинари од Канал 5 се заинтересира и aмбасадата на САД, која вчера ги повика на средба
Билјана Јовановска
Случувањата со политичките притисоци кои резултираа со откази на деветмина новинари во телевизијата Канал 5 дојдоа и до Брисел, поточно до еврокомесарот за проширување во ЕУ, Штефан Филе. Како што неофицијално се дознава, отворените писма што отпуштената новинарка Весна Ковачевска-Трпчевска им ги испратила на премиерот Никола Груевски и на сопственикот на телевизијата, Емил Стојменов, а кои ги доставила и до амбасадорот Ерван Фуере, биле препратени и на повисоки инстанци во седиштето на ЕУ.
За отпуштените новинари од Канал 5 се заинтересира и амбасадата на САД, поточно амбасадорот Филип Рикер, кој е на пат, но, како што им било речено на средбата со Анџела Агелер, советничка за односи со јавноста, „амбасадорот со внимание ги следи последните случувања“.
Во разговорот присуствуваа само дел од новинарите кои добија откази, некои се на одмор, а еден колега се' уште не е информиран и дека останал без работа!?? Советничката на амбасадорот Рикер била изненадена од последните настани во оваа приватна телевизија, особено од начинот како им биле дадени отказите.
Една од новинарките, на пример, добила куса СМС-порака од главната уредничка Лидија Богатинова, во која пишувало „Јави се, ургентно е“... А, потоа, кога колешката се јавила од одморот во Грција да и' соопшти: „Те молам, дојди поскоро за да го потпишеш отказното решение!“
На средбата во амбасадата на САД, советничката Агелера се интересирала за какви се' прекршувања на законите станува збор во случајот на отпуштените новинари, особено на Законот за работни односи, но и како се заштитени новинарите од влијанијата на газдите и на политичарите. Воедно, била изразена скепса дека Здружението на новинари на Македонија нема начини за заштита на новинарската фела и оттаму било побарано што поскоро да се реформира. Агелера ги информирала новинарите дека обиди за политички притисоци има и во САД, но таму постојат силни новинарски здруженија и синдикати, а законите мора да се почитуваат.
Преписката меѓу отпуштената новинарка Весна Ковачевска-Трпчевска со премиерот Никола Груевски, кој вчера телефонски и' се јавил, со несмален интензитет продолжи и вчера. Во обраќањето таа тврди дека Редакцијата на Канал 5 на интерфон ги слушала директивите што на новинарите и на уредниците им ги давал Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на премиерот Груевски.
Во писмото-одговор на демантот на Владата и разговорот со премиерот Груевски, нагласувајќи дека не сака да ги доведе колегите во непријатна ситуација и да ги посочи имињата на оние врз кои е вршен директен притисок од Протоѓер, Ковачевска-Трпчевска пишува: „На уредници и на новинари кои работат во Канал 5, лично Вашиот шеф на Кабинет, Мартин Протоѓер, им диктира која тема да биде наметната во јавноста, како и кој да ја работи. Или што да не се работи. Не тврдете дека не било така, зашто прашање на време е кога и некој од тие колеги ќе се охрабри да проговори лично“. Натаму, во писмото таа открива како Протоѓер влијаел на уредувачката политика во Канал 5: „На Вашите изјави се испраќаат полуискусни новинари со кои се договара кое прашање да не биде поставено. Ако и некој новинар имал намера да Ви постави прашање за својата тема, директно од Вашиот Кабинет се интервенира до врвот на телевизијата, кој му наложува на репортерот да не го постави прашањето. Во последен момент се проценуваат за непотребни, веќе сработени прилози договорени на почетокот од работниот ден“.
Реплицирајќи му на Груевски на тоа дека нејзината реакција е паушална, отпуштената новинарка тврди дека дел од тие директиви ги почувствувала и лично. Во писмото, Ковачевска-Тренчевска уште вели: „Почитуван премиеру Груевски, го почитувам тоа што завчера ми се јавивте пред да го пуштите соопштението во јавноста. Тоа е доблесна реакција и Ви благодарам, најискрено. Ми рековте и јас сакам да верувам дека Вашиот Кабинет не стои зад десеткувањето на Редакцијата.
Но, не ми одговоривте – постојат две алтернативи за однесувањето на Вашиот шеф на Кабинетот Протоѓер. Едната Вие ја отфрлувате, дека Вие му наложувате на Протоѓер да биде главен и одговорен уредник на неколку медиуми. Тогаш, втората алтернатива е дека Протоѓер, најблискиот човек до Вас, самоиницијативно пишува од заднина, прима и отпушта луѓе. Затоа Ве прашав – ако толку непослушни има во Вашиот Кабинет, господине Груевски, зошто не преземете нешто?! Вие сте шеф“.
Со партиска реакција на последните настани се јави и Обединети за Македонија, кои бараат од двоецот Груевски-Протоѓер да ги тргнат рацете од медиумите.
Раководството на телевизијата возвраќа
Непосредно пред затворањето на весникот ја добивме и писмената реакција на писмото на Ковачевска-Трпчевска потпишана од раководството на Канал 5, во кое се вели: "За да не се продолжи со печатењето невистини и со девалвирањето на одредени личности и на една цела компанија, ја информираме јавноста дека во ниту еден момент немало формулација 'признал' или, пак, е изречен став за некакви 'апстрактни критериуми'. За волја на вистината, ТВ Канал 5 не и' врачи отказ на односната новинарка, туку и' предложи спогодбено раскинување на договорот. За појаснување и за прикажување на вистината пред јавноста, во телевизијата постои т.н. електронско евидентирање на присуството на работното место, како и датотека за бројот на сработени задачи... е тука лежи зајакот, кој во овој случај е поголем и од мечка".
Како што натаму се наведува "според евиденцијата, г-ѓицата не била на работа со месеци, а тоа било толерирано не поради други причини, туку само затоа што сме биле свесни дека е самохрана мајка". (Б.Ј.)
Predlagam za kako sto se veli "mir vo kukata"da se formira edna centralna redakcija za ureduvanje na novinarstvoto i na nejzino celo da bide Latas.
Taka ke imame najobjektivno novinarstvo i sekako Grujo ke bide prezadovolen.Samo0 taka ke mozeme nie -narodot da dobivame informacii ,pravovremeni i realni i se ke ni bide ok kako da ziveeme vo nekoja nordiska zemja.
Zarem nekoj misli deka ednoumieto e minato?
Srekna Nova 49
Dosega najgolemiot sram za ovaa vlast.No gi razbiram,koga kolata trga naudolu togas site cekori se vo ocaj.
Da zivee "nezavisna" i "slobodna"makedonija
Од: CICALCHE
Датум: 30.07.2010 00:51:54
Ha-ha-ha! Shto se treskaat od zemja, ne mi e jasno! Bakalska televizija, gi menuva prodavachkite kako saka, bidejki nema nikakva sindikalna i zakonska zashtita na vrabotenite ( ne samo na novinarite).
problemot e shto marketot Kanal 5 ne nastapi so profesionlna procenka na trudot na izbrkanite novinari i tehnichari. Pa da znaeme dali bile nesposobni, nerabotlivi, neredovni sl. Edno znam, Vesna Trpchevska bila redovna (spored javuvanjata so prilozi) i VTORO: NOVINARI, NE SE ZaNESUVAJTE DEKA KROITE POLITIKA, G*ZOT VI E POSTOJANO POD KIRIJA...( chest na malubrojnite iskluchoci). VO EDNOUMIETO VI BESHE POD CK, VO MRAKOBESIETO POD GAZDiTe NA BAKALNICITE ILI SINDJIRITE DUKJANI, pod GAZDITE NA MRACHNITE SINDZIRI NA RAZUZNAVANJETO. Pa sega vie mislete mu ja i nemojte da se odnesuvate deka ste nedopirlivi.
P.S. Mrazam sekakov teror i maltretiranje, no za novinarite( imajki predvid kakvi gi imame) morav da go napisham ova. Sekoj se bori za svojata egzistencija...ZNM kade ste?
Од: blaze
Датум: 30.07.2010 01:36:35
sramota za kanal 5, gestapovecot prouger ne znam do koga ke bide na taa funkcija zosto posle prestanokot na funkcijata tesko mu se pise,sramota za makedonija redno e da se osvestime
Од: ја
Датум: 30.07.2010 01:50:05
Стравот од губењето на власта е голем.Народот повеќе не ќути.Сите го креваат гласот.А зошто - па се знае преку глава му е на народот од оваа памперс влада која сака да продолжи да владее целосно во стилот на Сталин.Е нема да може, брзо ќе им дојде крајот.СИКТЕЕЕЕЕЕР !
Од: www
Датум: 30.07.2010 03:00:03
Bi postavil nekolku prasanja i ve molam objavete go mojot komentar:
1.. Dali Makedonskata Ambasada ke pobara objasnuvanje od Barak Obama ako da receme CNN ili New York Times otpustat novinari.....
2 Dali Brisel ke se zainteresira za toa sto Sarkozi ke istera Romi od Francija ili pak sto donesoa zakon na zabrana na nosenje BURKI
3 Zasto Brisel ima pricina za ova koga ova e privaten biznis i dali da receme ako Utrinski Vecnik napravi reorganizacija ili ima potreba od namaluvanje na kadrite ke intervenira povtorno....
4 Zasto U.S. Ambasada ne se zainteresira za da receme dali Velija Ramkovski gi vrati 2 milioni sto gi zema od niv..
5 Kako lokalni problemi od tipot Skopje 2014, Kanal 5 i slicno dopiraat do Brisel i dali ima nekoj koj ja kodosi Makedonija za sekoj "poteg"
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 30.07.2010 06:49:55
Па целата преродба им се засниова ва лаги и создавање на виртуелна срварност.За тоа им се потребни медиумите, затоа скоро сите ги ставија под своја капа, а најгледаната телевизија која не можат да ја стават, секидневно ја бомбардираат со секакви соопштенија и плукачку напади...Ова е начин на владеење на Пастирот и неговото Гебелсче бидејки не се способни да работат и сработат...но го работат народот.На овој начин градат ДИКТАТУРА...полна со привилегирани партиски војници и властитутки...ОПАСНОСТ народе...се може да се изроди.
Од: Makedonskli narodre
Датум: 30.07.2010 06:57:34
Ajde sega razberu koj ja zboruva vistinata.
Од: stojan
Датум: 30.07.2010 07:04:03
Mislam deka nitu so Tanzanija ne ke mozeme da se sporeduvame niti so senegal.Bravo,do kade ne odvedovte.rezil.
Од: ...
Датум: 30.07.2010 07:46:27
И по не знам кој пат ќе прашам до кога неписмениве ќе си играат со далеку поспособните од нив???
Од: Bojana
Датум: 30.07.2010 08:02:43
браво за весна ковачевска трпчевска. барем ја откри вистината на јавноста како некои медиуми си играат новинарство.македонскиот народ тоа и го знае, ова е само потврда на тоа дека е така, дека се однапред се сервира. срам да ви е канал 5 вие сте биле телевизија .
Од: Mile
Датум: 30.07.2010 08:14:10
Како што натаму се наведува "според евиденцијата, г-ѓицата не била на работа со месеци, а тоа било толерирано не поради други причини, туку само затоа што сме биле свесни дека е самохрана мајка".
A sega veke ne e samohrana majka ili sega veke toa ne e bitno?
Од: francuz
Датум: 30.07.2010 08:22:12
rezilana nevidena.............
Од: Cybersex® со бладина асистенција
Датум: 30.07.2010 08:38:30
Ако на интерфон ги слушале упатствата од Протуѓеров во Канал 5,како ли изгледа тоа во Сител и МРТВ?!Таму,повеќе од сигурно,имаме директен пренос од „Илинденска бб“!
Од: Латас од Дебармаало
Датум: 30.07.2010 08:57:55
„Сега, новинарите од Канал5, ја испеаја лебедовата песна, на кого му е редот?“
Од: Dejan
Датум: 30.07.2010 09:04:10
ako bea partiski chistki togas prv ke bese Vasko Eftov i onoj precedatel na novinarite sto se fati za gusha so Latas i togas kako mu kaza Milenko, vo na m.. centarot, dragan li se vikase neznam..
znaci sekoj sto gubi ima pravo da se luti, no niski udari se nedozvoleni A vo amerikanskata ambasada brzo gi prochitaa..
Од: Тошо
Датум: 30.07.2010 09:52:55
ЕУ, може со право да констатира дека на Европскиот континент постои втор Парагвај.
Од: meri
Датум: 30.07.2010 09:59:47
e zenata bila samohrana majka,pazete zeni koi ste sami,razvedeni i udovici,Gruju ima da vi isplete takva prikazna ,da na ulica ne ke izlezete,sramota i bruka sekade samite majki se gledaat so postuvanje,samo kaj naz se nesto nezdrravo i koj ke kaze Protugar koj nema deca,pa eve i jas sum sama so dve deca,da mu gi dadam na Protrugar da mi gi cuva,sega novinarkata ke iskoci uste nemoralna,e ama vlada kaj i odi pametot,cirkus drzava.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 30.07.2010 09:59:51
Uste kolku i ostana na ovaa portokalova mizerija?
Од: borce
Датум: 30.07.2010 10:02:01
Do koga ovie politicki partii koga se na vlast ce lazat i ce se zanimavaat so zaposluvane na nivni posluchnici.mesto da si e vrchat i teraat politikata za koja se izbrani tie se pretvorija vo biro za zaposluvane.
Од: Оливера
Датум: 30.07.2010 10:02:44
Како не им е срам на дописничката на Утрински и на новинарката Ковачевска да лажат и да ја замајуваат јавноста со невистини. Па дотичната Ковачевска со недели не се појавува на работното место и не си ги сработува сопствените работни обврски, па сега некој друг и е крив за отказот. А и зошто новинарите би биле посебно заштитени од општата состојба, кога сите ние другите обични смртници добиваме отказни решенија поради намален обем на работа и превработеност?! Само затоа што биле привилегирани од СДСМ некој минат период? А и тоа дека за отпуштените новинари се заинтересирал дури и американскиот амбасадор е сосема неточно, туку Ковачевска се јавила и од немајкаде канцеларијата за односи со јавност и нејзината шефица ја примила, иако едвај неколку дена е на функцијата, тукушто дојдена директно од САД. Жално е што се злоупотребуваат странските претставништва во земјјава, чија основна задача е да и помагаат на Македонија, а не да се занимаваат со жалопојки на партиски инструирани новинари.
Од: mene
Датум: 30.07.2010 10:13:11
A sto bide so otkazite vo A1 pred 2 godini koga gazdata Velija ramkovski javno kaza deka ne mu trebaat stari novinari (koi ne se licni za na TV) i drugi sto d,tkaat , mucaat itn. Dali togas reakciite stignaa do Brisel ili pomina bez nikakva reakcija , bidejki se rabotelo za privaten medium , vo koj gazdata si ja vodi celokupnata politika na mediumot i samiot si e odgovoren za sopstveniot rejting na gledanost
Од: viki
Датум: 30.07.2010 10:17:20
od ovie moze da uci i gebels,koj barem drzel govori vo javnosta,a ovoj protuger bez zbor da izusti vo javnosta sprovrduva diktatura-sto bi rekol narodot so pamuk cica krv. kakva gadost,kakvo licemerie-ja tolerirare novinarkata zosto bila samohrana majka,a i sega i nudat:"pomos"da go cuvaat deteto ako taa ne bila vo moznost,kolku se humani ,kolku se covecni,pa ova ne se opisuva so zborovi,vaka se grizat za sekoj gragjanin na r.m.i zatoa site sme so noz vo grbot,no spored niv toa se reformi.SRAMOTA
Од: забеган.
Датум: 30.07.2010 10:20:23
Златен СОЦИЈАЛИЗАМ барем имаше некој да те заштити.Имаше и богаташи но тие беа 5% сега е обратно 95%се робови и сиромашни.Кај одеш МАКЕДОНИЈО???????????????.Во амбис има ли некој да повлече рачна кочница?.Додека се уште има време.
Од: sneska
Датум: 30.07.2010 10:25:22
Што да кажеме ние, на кои газдите ни даваат отказно решение кое не е правно издржано, а на сето згора ни го врачуваат со 10 дена задоцнување откако ќе не одјават од АВРМ. Со неплатени плати и придонеси со месеци!!! На кого ние да пишуваме, каде да се жалиме, каде да ја бараме правдата, кога од АВРМ велат дека тие се само сервис кој работи по налог на работодавецот, што да правиме ние???? А за вообичаената пракса на спогодбен отказ и да не зборувам. Треба да се измени Законот за работни односи, вака станавме робови.
Од: do olivera
Датум: 30.07.2010 11:04:04
I tebe, koga ke te iscedat ko limon i nema da im trenas na ovie na koi im se upikuvas, ke te otfrlat ko trinaesto prase. Podlizuvanjeto ne e zanaet!
Од: ivana
Датум: 30.07.2010 11:05:19
nasata mala makedonija ovie nepismeni decista ja vratija vo feudalizam so se, samo da gi ispolnuvaat sviote bolni hirovi,ne pocituvajki gi zakonite, a samo izmisluvaat i nosat novi globi za narodot,a od kade ke gi plati koga site na eden ili drug nacin sekojdnevno ostanuvame bez rabota,ama ke docekaat i tie eden den ke gi izbrkame od udobnite fotelji i toa treba poskoro osvesti se narode samo za nivnite nepismeni partijci so po tri plati mesecno raboti ovoj narod i zar treba pak da gi glasa niv,sikterodma
Од: 3G
Датум: 30.07.2010 11:10:49
Евроамбасадорот вели-неубаво било новинарите да бидат третирани како државни непријатели и да не се цени нивната работа. Полошо од тоа е што тие се навистина такви и што рецка не и удираат на македонската влада, по што се уникатни во светот. Македонските новинари(со многу малку исклучоци со кои не знам како опстанува оваа држава) се уште признаваат само една партија и од неа се раководат а другото е пропратна појава.Нападот врз премиерот е во стилот на битолскиот млекар-типично македонски-скандалозен, примитивен(за стандардите во некои земји со други односи помеѓу новинарството и власта) и далеку од реалноста за услови на приватна сопственос. Таквото тоталитаристичко гледање на власта-само како партија, не остава ниту минимален простор за перцепција на минимум општа општествена функција на власта. Евроамбасадорот и американскиот амбасадор не можат да кажат друго освен дека во принцип имаат интерес за независно новинарство(овде поимано-од националните интереси).
Од: Lidija
Датум: 30.07.2010 11:38:43
Do site vas sto prasuvate ,, sto da pravite,ste dobile otkaz,novinarite ne se zastiteni itn.,,. Pa imajte malku hrabrost kako novinarkata pa izlezete javno,sobere te se,povikajte mediumi a ne samo vaka na nevideno pisuvate. Problemot vo ovoj narod na koj i jas pripagam e toa sto site znaeme da komentirame,nie sme najpametni, najdobri,najubavi itn. site necinat,se jademe edni so drugi no seto toa vo zatvoren krug AMA NIE STRAV TOA JAVNO DA GO ISKAZEME. Barem novinarkata ima doblest javno da gi kaze rabotite.Ajde site sto pisuvame ovde,site sto ne se zadovolni od bilo koja pricina javno toa da go izkazeme,MASKI, a ne so dopisuvanje po novini. Pusti strav da ne ne vidi nekoj ,neli?
Од: milan, veles
Датум: 30.07.2010 11:40:02
Ajde, ve molam da se pozabavite malku poveke i vie novinari od Utrinski so mediumite na Velija Ramkovski, i so materijalna i psihicka sostojba na novinarite vo negovite vesnici i televizii. Toa tamu se zboruva e horor, sho se fativte samo za Kanal 5??? pozdrav do Utrinski, najdobri ste za citanje!
Од: istok
Датум: 30.07.2010 15:00:43
samo mozam da recam..fala ti gospode sto ne ziveam veke vo taa supa tamu...neka vi e gospod na pomos makedonci...
Од: Глувонем
Датум: 30.07.2010 15:11:49
Не верувам дека Мартин Протугеров вршел притисок и се јавувал.Па,човекот е глувонем,го чул некој да збори некогаш!