Овен
Тешко ви оди од рака да се смирите. Склоноста кон расправии и драматични ситации е евидентна, а оние кои не ве познаваат добро ќе бидат шокирани. Партнерот е рамнодушен бидејќи таа ваша особина ја прифатил и не ве сфаќа сериозно. Обидете се да се релаксирате на сонце или во близина на вода.
Бик
Некои работи се кристално јасни. Подобро се чувствувавте кога не знаевте на што сте. Можевте барем да се надевавте и да фантазирате. Вака треба од нешто да се одречите, а некои луѓе да ги ставете на вистинското место. Болно е се што денес доживувате, но и корисно. Обидете се од случувањата да извлечите поука за иднината.
Близнаци
Моментално знаете што сакате. Иако сте нестабилни во своите ставови тоа не мора да значи дека е лоша особина. Од честите промени на мислењата може да профитирате било да се работи за партнерство, брак или работа. Самотијата ќе ви годи. Можна е кожна алергија, но не е ништо алармантно.
Рак
Пријателите и околината ве презираат. Тие сфатија дека вие сте користољубиви. Сепак не е до другите да донесуваат заклучоци за вашето однесување. Треба да ве прифатат какви што сте. Веројатно сте биле нивна жртва за разни нешта, па ви се смачило.
Лав
Лавовите функционираат по системот топло-ладно. На моменти се ви изгледа едноставно, проблемот и не постои, за повторно да почнете да паничите. Се палшите и си поставувате хипотетички прашања. Ви се советува смиреност, бидејќи најпосле ќе ви се оствари нешто за што долго време сте мечтаеле.
Девица
Многу Девици ќе се интересираат за книжевност и поголемиот дел од слободното време ќе го поминат во читање на добра литература. Исклучително здрав интелект, мноштво идеи и планови ви се вртат денес низ главата. Обидете се да се дистанцирате од се и во самотија да најдете одговор на некои прашања.
Терезија
Под услов да не сте банкротирани ќе се чувствувате фантастично. Во секоја работа ќе ја гледате убавата страна, ќе бидете склони да уживате во ситниците и максимално да се посветите на околината. Доколку останете без пари, размислете на тоа дека може премногу трошите.
Скорпија
Нервниот систем ви е многу напнат. Може причина за тоа е што се работите на брзина. Затоа обидете се да ја потсинете состојбата на хронично незадоволство. Обидете се да ја согледате вашата одговорност, поради што и вашата емотивна врска не функционира.
Стрелец
Од другите го очекувате невозможното, па се разочарувате. Сметате дека во љубовната врска или партнерство сте оштетената страна, па планирате да се повлечите од играта. Ставот е погрешен. Издржите до крај, но во иднина добро размислите од кој што треба да очекувате.
Јарец
Изразена е смислата за убавите нешта, а уште поголема желбата во нив да уживате. Не си скратувајте ништо. Дружењето со Лавовите и Вагите влијае позитвино на вашето расположение. Тоа е барем лесно. Посветете им максимално внимание, но не ги занемарувајте и Стрелците.
Водолија
Не сте во топ форма. Треаба извесно време да се стрпите и да бидете помалку невротични. Не претерувајте со конзумирањето на храна, пијалок, секс и останатите работи бидејќи не е вистинскиот момент за тоа. Контролирајте се. Одморајте се со некоја добра книга или филм.
Риби
Често ве обзема чувство на инфериорност, проследен со несигурност, па се повлекувате во својот свет. Ја ставате главата во песок и се препуштате на пасивниот животен стил. Бидејќи сте Риба песокот очигледно нема да ви годи. Повќе ќе ви одговара истражување на несвесните феномени и промена на животните ставови. |