Број 3624  четврток, 07 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Ребека

пејачка

Син ми од неодамна тргна во градинка, па денот ни почнува со подготовка за социјализација со децата. Во 11 ч. сум на прес-конференција за проектот на новата организација „Вомен анлимитед“. По пресот, продолжувам со средби и состаноци за подготовка на емисијата „Дајте ни крилја“, што се емитува на АБ канал. Во план имам и посета на фризер, па се надевам дека се' ќе постигнам.

Бајруш Мјаку

актер

Денес заминувам за Белград, каде што ќе работам на театарскиот проект „Патриотик хипермаркет“, во режија на Дино Мустафиќ, а според текст на Миња и Јетон. Ќе работиме до 25 јули, па правиме пауза до есен за да продолжиме со подготовките до премиерата на 3 октомври на БИТЕФ. Продуценти на проектот се „Култура нова“ од Нови Сад и „Мултимедија“ од Приштина.

Лада Петровска

виолинистка

Претпладнето ми е ангажирано со проба во Македонската филхармонија, каде што ја подготвуваме програмата за отворањето на „Охридско лето“. Неколку скапоцени часа во денот ги минувам во гушкање на моите деца. Попладне заминувам за Штип, каде што со квартетот „Марија“ ќе одржиме концерт во рамките на „Штипско културно лето“.


#
Најди! во Утрински

"""